Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Ова не е токсична мене ми личи на обострано хаотична средина.

    Зошто викаш дека се конфронтираш?! Тој ти е партнер не е непријател за да сте у бој. Се разговара за се со ладни избистрени глави. Притоа да наоѓате заедно решенија. Тоа значи и за дете, ти се уште не си дигнала глава од првото тој брка комшики и бара друго дете. Кажи си отворено дека за сега не сакаш, наведени си причини. Што е работава со комшиките, зошто така се понаша?

    Пицната не си била, па што, жената за мажот треба да е секако убава, и тој што те сака те сака секако. Дебела, тенка, висока, ниска, не средена итн.

    Порно коа гледал, нашалисе, еј виде некоја поза сакаш да ја пробаме. Заслади му го животот. И нема проблем во бременост да се има односи само ако не е поинаку од доктор кажано.

    Со тебе у брак, а на страна деца, тоа е сулудо.

    Дете не се расипува од разведени родители се расипува од несаглам родители. Има многу деца кои не не знаат кој им е татко ама мајката ги израснала во здрави, прави умни деца.
     
    На Mumoftwo30, M&M, nena2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    6.285
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде ден кога детето од дома ќе бега од што нема да може да гледа како мајка му има Стокхолм синдром, знам зошто истото и јас го правев.

    Дете не може да порасне здраво во средина што самата ја нарече токсична. Верувај, нема да ти каже фала за тоа што си останала во брак.
     
    На Mumoftwo30, neno0o, ItsmeH и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Машки
    Зошто барате, совети и мислења и решенија кога ниту едно не прифаќате и после неколку месеци ќе се јавите со дупло по лош проблем и иако знаете сами од почетокот што е решението и не си заминете?
    Или само сакате некој да ви каже "да продолжи трпи, нека патат децата и ти, така е секаде нема друго решение, седи ќути и трпи".
    Никој од тука не ве познава и не ни е целта вие да се разведете и да најлесно е да кажеш на некој разведи се ама во вашиот проблем од авион се гледа дека разговор не помогнал и друг излез нема, нема шанси да се спаси тој брак.
    Зошто седиш во таква средина, ако не е здрава за возрасен како ќе биде здрава за дете?
    Не е важно каков е таткото ама важно детето со двајцата родители заедно ќе живее, нема врска што ќе му се уништи психата и што едвај ќе чека да наполни 18 и да отиде што подалеку.
    Барво така треба тоа е прав "маж" така се однесува прав "маж" кон жената и децата, ги мачи, тепа, остава се на грб на жената, не му е важно мислењето на жената, врз неа ја истура сета нервоза, и да жената е должна и неговите да ги чува и него и децата и сите. :clap:
    Само за такви мажете се, само токсична средина е најдобра средина, и по никој случај не се разведувајте. :clap:
    :swear::swear::swear:
     
    На azelea, Mumoftwo30, ItsmeH и 8 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    126.755
    Пол:
    Женски
    Ама баш.. ќе трпат ненормални услови, понижување, ќотек, дома курва им ќе донесе пред неа да се ебе, ама никако развод!! Што ви е бе жени!! 2025 година сме!! Ало од која планина сте симнати?
     
    На azelea, Mumoftwo30, ItsmeH и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    И јас истото се прашувам… У каква планина живеат би сакала да знам, под кој камен?!
    Жената у денешно време може се и не и треба маж под обавезно за да го живее животот како шо треба. Аман освестете се!
     
    На azelea, Aschenputtel, nena2010 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    126.755
    Пол:
    Женски
    Просто не ми се верува што читам.
     
    На Nana1156 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    156
    Нешто најлошо што може да му се направи на едно дете е да се остане во брак само поради него и да гледа низ што поминува неговата мајка, и по некоја година да е свесно дека тоа било само поради него и да се обвинува самото себе... Не можам да разберам како жени во 21 век образовани, самостојни може да се доведат до положба да бидат со било кој, некој што ќе ги понижува, малтретира психички и физички и на тоа да речат дека они ќе си ја тргнат на страна нивната среќа и ќе останат со тој маж ( Уште па ќе му дозволат да има секс и деца на страна)..

    Како може некој да не се цени доволно и воопшто да помислува на такви работи, секој има право да е среќен и почитуван и нема ништо лошо во тоа да си самохран родител. Сите овие проблеми најверојатно ги имало и претходно само што некогаш жените бираат да го тргнат тоа на страна и да се прават дека не постои.. Членката изгубила две деца поради расправии со сопругот и несогласувања, зарем тоа не било доволен знак...

    Се надевам дека сите што се во иста ситуација ќе соберат храброст и ќе излезат од тие токсични врски и конечно ќе се стават себеси и своите деца на прво место..
     
    На H.VAGA, azelea, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    16.579
    Си пробала да разговараш со него, да му укажеш на неговото проблематично однесување?
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    5.848
    Пол:
    Женски
    Разговарала неколку пати ти вика, не помогнало.
     
  10. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    1.249
    Пол:
    Женски
    Знаеш што би направила по сѐ што прочитав? Се пакувам, си го пакувам детето и му пуштам тужба за развод. Како што си го гледала детето сама досега, така и отсега. За почеток кај твоите, нека ти помогнат да си најдеш работа. Не си должна да трпиш некој кој не те цени и не ти помага околу домашните обврски а дополнително те навредува и потценува. Не се надевај деќа ќе се смени - нема, може само на полошо.
    Зошто цел живот да бидеш незадоволна на секое поле? Тоа дете нели заслужува љубов внимание, а и ти исто?
     
    На Os8m, Aschenputtel, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.