Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Ова не е токсична мене ми личи на обострано хаотична средина.

    Зошто викаш дека се конфронтираш?! Тој ти е партнер не е непријател за да сте у бој. Се разговара за се со ладни избистрени глави. Притоа да наоѓате заедно решенија. Тоа значи и за дете, ти се уште не си дигнала глава од првото тој брка комшики и бара друго дете. Кажи си отворено дека за сега не сакаш, наведени си причини. Што е работава со комшиките, зошто така се понаша?

    Пицната не си била, па што, жената за мажот треба да е секако убава, и тој што те сака те сака секако. Дебела, тенка, висока, ниска, не средена итн.

    Порно коа гледал, нашалисе, еј виде некоја поза сакаш да ја пробаме. Заслади му го животот. И нема проблем во бременост да се има односи само ако не е поинаку од доктор кажано.

    Со тебе у брак, а на страна деца, тоа е сулудо.

    Дете не се расипува од разведени родители се расипува од несаглам родители. Има многу деца кои не не знаат кој им е татко ама мајката ги израснала во здрави, прави умни деца.
     
    На Ladyme, Ѕвездена, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    6.499
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде ден кога детето од дома ќе бега од што нема да може да гледа како мајка му има Стокхолм синдром, знам зошто истото и јас го правев.

    Дете не може да порасне здраво во средина што самата ја нарече токсична. Верувај, нема да ти каже фала за тоа што си останала во брак.
     
    На Ladyme, Ѕвездена, Mumoftwo30 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Машки
    Зошто барате, совети и мислења и решенија кога ниту едно не прифаќате и после неколку месеци ќе се јавите со дупло по лош проблем и иако знаете сами од почетокот што е решението и не си заминете?
    Или само сакате некој да ви каже "да продолжи трпи, нека патат децата и ти, така е секаде нема друго решение, седи ќути и трпи".
    Никој од тука не ве познава и не ни е целта вие да се разведете и да најлесно е да кажеш на некој разведи се ама во вашиот проблем од авион се гледа дека разговор не помогнал и друг излез нема, нема шанси да се спаси тој брак.
    Зошто седиш во таква средина, ако не е здрава за возрасен како ќе биде здрава за дете?
    Не е важно каков е таткото ама важно детето со двајцата родители заедно ќе живее, нема врска што ќе му се уништи психата и што едвај ќе чека да наполни 18 и да отиде што подалеку.
    Барво така треба тоа е прав "маж" така се однесува прав "маж" кон жената и децата, ги мачи, тепа, остава се на грб на жената, не му е важно мислењето на жената, врз неа ја истура сета нервоза, и да жената е должна и неговите да ги чува и него и децата и сите. :clap:
    Само за такви мажете се, само токсична средина е најдобра средина, и по никој случај не се разведувајте. :clap:
    :swear::swear::swear:
     
    На happygirl, SummerGirl, azelea и 10 други им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    127.511
    Пол:
    Женски
    Ама баш.. ќе трпат ненормални услови, понижување, ќотек, дома курва им ќе донесе пред неа да се ебе, ама никако развод!! Што ви е бе жени!! 2025 година сме!! Ало од која планина сте симнати?
     
    На Ecipecipec123, Ѕвездена, happygirl и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    И јас истото се прашувам… У каква планина живеат би сакала да знам, под кој камен?!
    Жената у денешно време може се и не и треба маж под обавезно за да го живее животот како шо треба. Аман освестете се!
     
    На SummerGirl, azelea, Aschenputtel и 6 други им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.926
    Допаѓања:
    127.511
    Пол:
    Женски
    Просто не ми се верува што читам.
     
    На SummerGirl и Nana1156 им се допаѓа ова.
  7. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    158
    Нешто најлошо што може да му се направи на едно дете е да се остане во брак само поради него и да гледа низ што поминува неговата мајка, и по некоја година да е свесно дека тоа било само поради него и да се обвинува самото себе... Не можам да разберам како жени во 21 век образовани, самостојни може да се доведат до положба да бидат со било кој, некој што ќе ги понижува, малтретира психички и физички и на тоа да речат дека они ќе си ја тргнат на страна нивната среќа и ќе останат со тој маж ( Уште па ќе му дозволат да има секс и деца на страна)..

    Како може некој да не се цени доволно и воопшто да помислува на такви работи, секој има право да е среќен и почитуван и нема ништо лошо во тоа да си самохран родител. Сите овие проблеми најверојатно ги имало и претходно само што некогаш жените бираат да го тргнат тоа на страна и да се прават дека не постои.. Членката изгубила две деца поради расправии со сопругот и несогласувања, зарем тоа не било доволен знак...

    Се надевам дека сите што се во иста ситуација ќе соберат храброст и ќе излезат од тие токсични врски и конечно ќе се стават себеси и своите деца на прво место..
     
    На Iv1vaa, Ѕвездена, H.VAGA и 10 други им се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    16.723
    Си пробала да разговараш со него, да му укажеш на неговото проблематично однесување?
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    5.866
    Пол:
    Женски
    Разговарала неколку пати ти вика, не помогнало.
     
  10. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Знаеш што би направила по сѐ што прочитав? Се пакувам, си го пакувам детето и му пуштам тужба за развод. Како што си го гледала детето сама досега, така и отсега. За почеток кај твоите, нека ти помогнат да си најдеш работа. Не си должна да трпиш некој кој не те цени и не ти помага околу домашните обврски а дополнително те навредува и потценува. Не се надевај деќа ќе се смени - нема, може само на полошо.
    Зошто цел живот да бидеш незадоволна на секое поле? Тоа дете нели заслужува љубов внимание, а и ти исто?
     
    На azelea, Os8m, Aschenputtel и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Milena992

    Milena992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки! Имам голем проблем. Со сопругот живееме сами во странство и имаме 2 годишен син. Тој е многу добар и сопруг и татко. Иако речиси сама сум по цели денови колку може ми помага. Заедно сме 10 години. После 2 години од врска го фатив во неубава ситуација и дознав дека тој не исплаќа кредит туку рата на извршител. Тоа се случи на една свадба и не сакав да биде голема драма моментално и пројде време се помирив и останавме заедно. Му дадпв до знаење дека се може да прави што сака само не смее за нешто да ме излаже. Денес после тооолку години се случи нешто слично. Добро заработуваме и тој почна да инвестира во акции. Вкупно не се работи за голема сума максимум 2000 евра. Тој ветуваше дека нема шанси за загуба и дека после години е сигурна дпбра заработка. Цитирам "оставаш пари забораваш и за х години ти се враќаат 10 кратно". Денес нешто на шала стана збор за "заштедата" до кај е. Прво се вадеше не не ги чепкаме тие за синот се. Јас веднаш сфтив викам ги намали вика да. Реков на 0. Тој пак проба ама за детето се. Му рекпв се работи за брак или развод и призна дека нема пари.
    Како да поминам низ ова. За сите сме идеален пар. Душата ми плаче колку само не е така. Како би постапиле вие?
     
  12. flawless.

    flawless. Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2020
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Еден добар разговор за тоа што и како се случило со парите, ама ако се коцка и нешто слично и продолжува се знае решението.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.062
    Допаѓања:
    13.406
    Пол:
    Женски
    Нема ништо страшно во купување акции, баш е инвестиција. Што точно направил тој, ги изгубил акциите? Ако само купил акции и сеуште ја имаат вредноста можете да ги продадете и да ги вратите парите. Ама пари од акции не се губат туку така, повеќе ми личи муабетот на коцкање или дневно тргување што е пак коцкање.
     
    На Stark, JasBee11, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.