Форумџика на годината

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    8.355
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека маж ти е искомплексиран, можеби поради тоа што имаш поуспешна кариера од него, тоа многу дразни одреден тип на мажиња, не ме прашувај како знам. Се надевам дека на ниедно ниво не успеал да те убеди дека глупостиве што ги тресе се вистина, во смисла ти да се осеќаш помалку вредна. Си пробала да му кажеш како се осеќаш за се ова што ти збори и прави, дека ти паѓа на памет да го оставиш? Некогаш треба да им нацрташ на мажите, ако си премолчила еднаш, забегува, толку е. Маж ти е дефиниција за сељачиште инаку, многу веројатно е дека ќе проба да си ги минимизира постапките и ќе те прави будала и дека претеруваш, па ќе има потреба порадикално да постапиш ако сакаш да пробаш да го опаметиш. Ама немање елементарна почит кон сопруга не знам дали има поправка, мамичка сигурно си ја велича :puke:.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Прво да не бидам погрешно сфатена, не го одобрувам неговото однесување!
    Друго, тоа дали едни се гушкаат од љубов а вие од нељубов тоа не треба пред други да објаснувате.

    Што се однесува до тоа дека тебе не ти е јасно зошто така се однесува а сте дооолго време во брак, тоа ми е чудно. После ваков негов однос јас би го чекала да олади глава, деца да не се дома и да го седнам на саглам муабет. Разговарате ли вие воопшто за проблемите. Да го прашаш зошто така се однесува, дека тоа те повредува, да не си носи тој некој товар што ете така го искажува. Значи му фали повеќе секс со тебе, и тоа е проблем кој изгледа не сте го збореле, па собирате па ти си трпиш овој пука. Ако овие проблеми и сите останати на маса ги ставите и ги решите супер во спротивно кажи му дека решението ќе биде разделба па види каде ќе ве однесе сето ова.
     
  3. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.312
    Допаѓања:
    11.040
    Да, маж кој вели дека требало да те силуваат, прво нешто што треба да направиш е да го гушнеш, да го разбереш, да видиш да нема некоја траума од трето одделение.

    После сите Фројдови анализи, глумење негов терапевт и мајка, треба да му пружиш и прва помош.

    Односно, му купиш Милка, да го задоволиш, а и да почнеш пред пријателите да кажуваш како тој е Кал Дрого во кревет, плус дека има поголема плата од тебе :bow:

    Значи мажите се толку лесни да бидат среќни, до вас е што мрчите in the first place (zilmer)

    Back to the actual reality,
    @nana7 Најдобро е веќе да започнеш со безбедно планирање за развод и сè околу тоа, како и по тоа :*:
     
    На Mumoftwo30, Dentina и Lavender4 им се допаѓа ова.
  4. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Пак ќе кажам никој не го оправдува неговото однесување, ама па и овде секој совет е развод, мислам толку ли ние капацитетот?!
    Љубовта патем значи и трпение и прошка. Лесно е кога некој од страна се разведува и не оди тоа преку ноќ, додека се среди, проблемите дома остануваат.
    Со партнерот треба да се има разбирање а не имаш 11 годишно дете не знам зошто вака се однесува, значи ново е, прашај, разговарај, седни, размисли, стани, преиспитај се. Вака растеме и созреваме а не земам плата поголема од него па ми љубомори, пак претпоставка а не разговор. Патем шо да ти љубомори парите се заеднички или и тоа не е така.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.451
    Допаѓања:
    68.740
    Пол:
    Женски
    Му фали повеќе секс нему со нејзе, затоа така и збори. Членката е крива, не си ги извршува брачните обврски и затоа тој така и збори. И одма развод, бог да чува, и рекол курва што требало да ја силуваат, голема работа, ја понижувал цело време пред пријатели, голема работа, одма развод, цццц. Па уште не била среќна, кај има маж, ја земал, место да седи и да ќути таму еееее, збеснале жеништава.
    (facepalm)