Форумџика на годината

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    1.246
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај никој да те убеди дека е нормално да те понижуваат, а понижување немој да трпиш во никој случај.

    Мислам дека подсвесно и самата си го знаеш одговорот, само сакаш некој да ти потврди дека не грешиш.

    Еве јас ти кажувам дека не грешиш и не, во никој случај не е шала маж ти да ти се обраќа на ваков начин.
    Децата ќе пораснат и ќе сфатат дека секогаш е подобра опција добар развод од лош брак.
     
    На Iva:), nana7, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    9.901
    Пол:
    Машки
    @nana7
    Ова што ти го прави е срамно бе. Маж што ја сака и почитува својата девојка/сопруга никогаш ама баш никогаш нема да си дозволи да ја нарече со погрдни зборови, ниту ќе и посакува лошо. Ова не е машкост, ова е чиста слабост и комплекс шо му се врти во глава и нема да исчезни. Понижувањето пред други и криењето зад шеги е кукавичлук. Никој нема право да те гази, ама баш никој.

    Ти не си виновна ниту пак си должна да правиш нешто што е против чувствата твои. Не си должна да трпиш навреди за да му удоволиш него. Постави му јасни граници, ако одбие и продолжи уште да те понижува, размисли сериозно за дистанца, оти подобро е децата да гледаат мајка што се почитува со почит, отколку мајка што трпи понижување.

    Ова е немање ко прво и основно општа култура, а не пак почит и разбирање за другиот особено партнер. Па душман да беше немаше вака да постапува бе. А верувам, сигурно пред другите е "мед и млеко" а тебе сила ти покажува.

    Не си дозволувај никој да те вреѓа !!! Сечи во корен, со "извини и нема да се повтори" не се решава.
     
    На AlmaOculta, Biljarkata, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    5.717
    Пол:
    Женски
    @nana7 сега ти ги читав погоре мислењата и се запрепастив. Те молам почитувај се и сакај се себеси доволно за да си отидеш од таков човек, иако имаш две деца. Таквиот начин на комуникација ниту е природен за двајца во брак со две деца, ниту пак некој треба да трпи таква форма на психичко насилство. Човекот има проблем којшто ти секако не го решаваш ако останеш, а за децата ќе биде многу подобро да си заминеш и да не трпиш такви коментари, а сето тоа они да го гледаат и сметаат дека е нормално па утре и они да се однесуваат кон тебе а и кон другите луѓе така, бидејќи ќе мислат дека е во ред.

    Оди си што побрзо од таков човек, сакај се и цени се себеси, еден е животот, заслужуваш само убави зборови, сакање и гушкање од некого. Праќам сила :f::hug:
     
    На nana7, Panda00, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Машки
    Вреѓа кај стигне, и се жали немал доволно секс. По тоа што го прави човек губи волја за живот, не да има секс. Тој што треба да ти биде најголема поддршка, тој ти го згорчува животот и на крај, тоа манипулаторско клише, не е до тебе, до мене е. Почекај, сега не може да си го контролира јазикот, утре нема да може рацете и нозете, па ќе се криеш дома модра или недај Боже ќе те дадат на вести. И тоа ќе се смени, sorry to break it out to you but: старо куче не учи нови финти.
     
    На AlmaOculta, Panda00, Mr.Limonko и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.167
    Допаѓања:
    42.892
    Какви копилиња од мажи постојат значи, ми се гади. Да бев машко и роднина на женава, би го згазила скотот без пардон.
     
    На Mishela, Biljarkata, Polyincognito и 4 други им се допаѓа ова.
  6. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    820
    Пол:
    Женски
    Ова е буквално газење и бришење на подот со твојата личност.
    @nana7 отсекогаш ли вака се однесувал и во врска ли?
    И ако не, зар не примети ти црвени знаменца воопшто ?
    Искрено некои мажи заслужуваат доживотно сами да останат !
     
    На Biljarkata и Mr.Limonko им се допаѓа ова.