Не дозволувај никој да те убеди дека е нормално да те понижуваат, а понижување немој да трпиш во никој случај. Мислам дека подсвесно и самата си го знаеш одговорот, само сакаш некој да ти потврди дека не грешиш. Еве јас ти кажувам дека не грешиш и не, во никој случај не е шала маж ти да ти се обраќа на ваков начин. Децата ќе пораснат и ќе сфатат дека секогаш е подобра опција добар развод од лош брак.
@nana7 Ова што ти го прави е срамно бе. Маж што ја сака и почитува својата девојка/сопруга никогаш ама баш никогаш нема да си дозволи да ја нарече со погрдни зборови, ниту ќе и посакува лошо. Ова не е машкост, ова е чиста слабост и комплекс шо му се врти во глава и нема да исчезни. Понижувањето пред други и криењето зад шеги е кукавичлук. Никој нема право да те гази, ама баш никој. Ти не си виновна ниту пак си должна да правиш нешто што е против чувствата твои. Не си должна да трпиш навреди за да му удоволиш него. Постави му јасни граници, ако одбие и продолжи уште да те понижува, размисли сериозно за дистанца, оти подобро е децата да гледаат мајка што се почитува со почит, отколку мајка што трпи понижување. Ова е немање ко прво и основно општа култура, а не пак почит и разбирање за другиот особено партнер. Па душман да беше немаше вака да постапува бе. А верувам, сигурно пред другите е "мед и млеко" а тебе сила ти покажува. Не си дозволувај никој да те вреѓа !!! Сечи во корен, со "извини и нема да се повтори" не се решава.
@nana7 сега ти ги читав погоре мислењата и се запрепастив. Те молам почитувај се и сакај се себеси доволно за да си отидеш од таков човек, иако имаш две деца. Таквиот начин на комуникација ниту е природен за двајца во брак со две деца, ниту пак некој треба да трпи таква форма на психичко насилство. Човекот има проблем којшто ти секако не го решаваш ако останеш, а за децата ќе биде многу подобро да си заминеш и да не трпиш такви коментари, а сето тоа они да го гледаат и сметаат дека е нормално па утре и они да се однесуваат кон тебе а и кон другите луѓе така, бидејќи ќе мислат дека е во ред. Оди си што побрзо од таков човек, сакај се и цени се себеси, еден е животот, заслужуваш само убави зборови, сакање и гушкање од некого. Праќам сила
Вреѓа кај стигне, и се жали немал доволно секс. По тоа што го прави човек губи волја за живот, не да има секс. Тој што треба да ти биде најголема поддршка, тој ти го згорчува животот и на крај, тоа манипулаторско клише, не е до тебе, до мене е. Почекај, сега не може да си го контролира јазикот, утре нема да може рацете и нозете, па ќе се криеш дома модра или недај Боже ќе те дадат на вести. И тоа ќе се смени, sorry to break it out to you but: старо куче не учи нови финти.
Какви копилиња од мажи постојат значи, ми се гади. Да бев машко и роднина на женава, би го згазила скотот без пардон.
Ова е буквално газење и бришење на подот со твојата личност. @nana7 отсекогаш ли вака се однесувал и во врска ли? И ако не, зар не примети ти црвени знаменца воопшто ? Искрено некои мажи заслужуваат доживотно сами да останат !
Не го ни дочитав до крај секое мислење поврзано со проблемов, ама морам да коментирам: овде скоро секој совет е развод, зошто овде скоро секое барање на совет е веќе очајно нездрава ситуација во која личноста веќе се нашла. Сигурно нема да пишам тука на пример ако имаме различен вкус за серии, па не можеме да се договориме што да гледаме. Многу ми е тешко да сфатам како може да се оправда вакво однесување. Не сме светци, ама никогаш не сме се вреѓале еден со друг. Не би знаела ккао да живеам со некој ако ме омаловажува колку што опиша членката, и не, не е само зборот, страшен е контекстот и освен во светло на алкохолизам или психичка болест, не знам како да го објаснам дека некој е таков, освен ако е тежок сеЉак, кој не заслужува никаква жена. Мој совет е дека со таков не се живее, и се друго е подобра опција. За разговор, откако некој ќе ме нарече курва, во мојот свет нема простор.
@nana7 Ај вака ке дадам мислење како некоја која поминала низ скоро па слични животни ситуации со бившиот ми маж. Дур ти ги читам мислењата добив флешбекови, иста крвна група се. Види тоа се неиживеани мажиња, со тешки комплекси, за мојот сум сигурна дека и психички нестабилен. Има една гадна уста и одвратен речник што во икс наврати сум се извинувала во негово име. За неговиот гаден карактер да не зборувам, за дома нула човек, за луѓе од улица се ке направи. Исто понижувања пред неговото друштво, моето, што ме доведе до степен да избегнувам дружби и каде год да бевме викани заедно, подобро ми беше сама да одам и одев. Така си супер поминував, со него бев цело време на штрек што ли ке истресе следно. Дома исто навреди, омаловажувања, а секако очекувањата за секс од негова страна беа доста високи. Али немавме, либидото покрај него ми беше нула. И ред други проблеми си имавме. Во моментот кога го оставив имавме бебе дома, ама искрено после некое време веке не ми беше гајле. Прво нели, нормално се жртвуваш ради детето само тоа ме задржуваше во брак, но еден ден седнав и си размислив дека и јас треба да си го проживеам животот убаво и нормално, а тоа нема да се случи никогаш се додека сум со психопатов. Собрав сили, тешко ми беше само ради притисокот и неразбирањето од моите и неговите, ама и за тоа ми беше гајле, си се ставив на прво место себе си. Им кажав ако сакаат нека ми помогнат, ако не нека се тргнат од мене затоа што сум сигурна во мојата одлука. И преблагодарна сум на самата себе си. Разводот ми е најисправната одлука во животот. Нормално осудувања од околината колку сакаш, зошто нели кај нас се очекува жената во брак да издржи се. Ама среќа па сум оперирана од сите надворешни влијанија. Живото ми е убав, после разводот коначно пак се почуствував своја, опуштена, слободна, пак станав личноста што сум некогаш била. Со такви душовадници само ке доживуваш психички тортури, ке живееш во стеги и немир секојдневно. Запрети му со развод, ако и тоа не вроди со плод, разведи се. Децата еден ден ке си фатат свој пат и ке си го живеат животот, а ти како си го поминала својот?
Мене ме интересира дали во врска беа вакви? Ова е нешто што не се трпи и издржува, едноставно не може човек да најде добра причина да се остане во брак.
Тоа ги читам и јас, ако веќе си го трпиш цело време и во врска ваков па раѓаш и дете и оп тогаш решаваш дека овој не чини. Па полесно е БРАК отколку врска да се раскине. Познавам парови што и потешки работи преминале и поправиле, ама бара труд и работа. Ваш живот, ваши избори.
Убаво прашање. Може и да се тагне девојката за да каже како било во врска. Ама се си мислам дека во брак се сменил.
Мора да престанете да го поставувате тоа прашање. Не сте свесни колку од мажите се преправаат во врска, и после во брак, обично после доаѓањето на детето, им паѓа маската и си го откриваат вистинскиот карактер. Си викаат дека готово, ја заробиле жената и сега нема кај да бега и ајде ќе и правиме шо сакаме сега, ќе мора да трпи. Ама за жал, кој не искусил, не знае.
Апсолутно дека е ова можно, секој човек постапува, се менува и според околностите, вклучувајќи маж и жена, секако. Не секој исто ги решава, манифестира проблемите, токму поради овој аспект, мој предлог не беше развод, што овде а си зинал одма тоа ќе се пише. Само да напаѓаме. Абе мажот не знае да се понаша пред друштво тоа го утврдивме сите. Совет, прв момент кога ќе почне да збори нека му каже, прекини или ова е наше последно излегување со пријатели, и нека остане вака. Нека го остави секој следен пат да оди сам и таа нека почне сама со пријателки да излегува. Малку последици за зборовите, ама со цврст став без попуштање, па нека се одмотува клопчето, на крај ќе излезе правото лице на бракот.
Јас не гледам причина да остани во таков брак, а уште помалку да води инат и војна со човек шо и кажал дека заслужува да биде силувана.
Не треба да престануваат со прашањето, туку напротив, да се прашува, за некои идни девојки кои ќе стапат во брак, да знаат што може да очекуваат. Ова е голем проблем. Низ народот често знае да се каже на шала, ,,после брак не си ист човек", но за жал кај некои мажи тоа прераснува во понасилно однесување, а причините може да се различни.
Немаат допирна точка брак со врска. Во брак живееш со него и цело време си до него што не му дава простор да глуми плус многу мажи кога ќе си ги земат дома жените престануваат да се трудат еве гледам со мојов не му се излага да шета сака дома само да седи а во врска додека бевме цело време негде шетавме не се прибиравме. Второ со дете пак друго е го гледаш колку е посветен на детето, дали ве одбегнува и т.н….. А за вреѓањето ако сега вреѓал сигурно и тогаш вреѓал за тоа нема менување
Навистина ли веруваш дека ваков скот ќе се смени со разговор? Еве немам лично искуство, па замолувам ако некој имал искуство да се смени нивниот сопруг од моронско однесување од истото ниво како опишаното од членката до некое здраво однесување што подразбира почит и комуникација, нека пише. Да знаат другите членки како да разговараат за да вроди со плод !
Треба да им се кажува на девојките шо да очекуваат, а не после брак да ги прашуваат такви работи. Никоја девојка нема да влезе во брак со таков човек ако бил таков во врската, па затоа ми нема смисла тоа прашање и е многу глупо.