Форумџика на годината

Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.562
    Допаѓања:
    8.309
    Пол:
    Машки
    Може често да биде непредвидливо. Во врска да си се понаша нормално, а кога ќе влезе во брак, по некој период, да стане многу насилен и сл.

    Како почеста причина за ова е прељуба и љубомора.

    Познавам еден ваков случај со еден познаник, но не можат да се разведат од една Х причина.

    Ако врската не била добра, таа прекинува, а не продолжува. Така да, значи во 95% од случаевите, врската била добра или со некои помали несогласувања, а подоцна бракот во некои случаеви станува токсичен.

    Понекогаш и се предвидува, но поради љубов, партнерите сеуште остануваат во врска, а потоа продолжуваат во брак.
     
  2. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Познавам, мојата најдобра другарка. Си живеат среќно и имаат брак со мани како сите останати луѓе, или се лажам вашите бракови се совршени?!
     
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.891
    Допаѓања:
    14.110
    Пол:
    Женски
    Можеби не се до толку во однесувањето ама дека имаат скриени сигнали имаат. Само во врска заљубен човек не гледа ништо и толку длабоко не размислува. После и деца и се на куп е многу тешко.
    Јас не верувам дека некој ,, светец" преку ноќ се претворил во психопат. Отсекогаш бил психопат само некои сигнали вешто се прикриваат а жените и обратно не сакаме да си признаеме.
     
    На TrueToMyself, Adidas888 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Женски
    Децата еден ден ќе пораснат и ќе заминат, таа ќе остане со него и ќе трпи малтретирање прашувајќи се како не заминала порано.
    Никое дете не сака разделени родители но уште е полошо да растат во токсична средина.
    Каков речник од " мажот " мајко мила, па и уште да се потрудам да разговарам, како да не.
     
    На TrueToMyself, Panda00, Wh@tev3r и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    17.947
    Пол:
    Женски
    И за насилство и неверство на исто мислење си?

    Трпите ненормални нешта.

    Значи ало бе, читајјјјјј :puke:
     
    На Panda00, Milkiway, Polyincognito и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    46.607
    Пол:
    Женски
    Добро е, ако имаат комплементарни гледишта за тоа што е среќа.
    Брак со маани и брак со психичко насилство не е исто
     
    На Mumoftwo30, Frida-, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    А тоа ли е сега темата?!

    Жената кажа дека не е ваков пред децата и дека едно од децата претпоставувам поголемото ја молело да не се разделат, ако е така токсичен нивниот брак, дете ќе моли за обратно.

    Ај не читајте селективно!
     
  8. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Членката кажа дека не знае зошто вака се однесува, значи е скорешно и треба разговор, ако вака се однесувал изминатите 15 години пошо имаат 11г дете нели, значи женава таков си го засакала.

    Шо сеа ќе седиме со денови ќе ја мутиме водата да не е бистра.
     
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Женски
    Ако твоја ќерка, внука или блиска роднина трпи исто шо ќе и речеш?
    Или пошо не е твое нема да боли?

    Никој значи никој не треба да трпи насилство дали пред деца или на само или пред пријатели.
     
    На Mumoftwo30, Wh@tev3r, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    4.008
    Допаѓања:
    11.083
    Пол:
    Машки
    Сигурно имало период кога типов добро се однесувал со девојкава. Затоа и таа се согласила да се омажи за него. Како што се сменил на полошо, веројатно има шанси да се смени и на подобро.
    Јас предлагам @nana7 доколку не ја отворила темата за развод со него, да ја отвори. Но не како закана, туку како можна непосакувана последица. Брачен советник или психолог секако дека е најдобро да се вклучи, ама балкански мажи обично испод чест им е таква работа. Не се они болни па да им треба стручно лице нели.

    Разговорот би го водел во следнава насока.
    1. Што се смени? Едно време бевме заљубени, се почитувавме и вреднувавме еден со друг, сонуваме за свој дом, за семејство. Го добивме сетоа тоа. А сега се караме, се мразиме, не се почитуваме, кажуваш гнасни работи за мене пред другарите, ме нарече курва, да ме силувале итн. Дали уште ги мислиш овие работи за мене? Дали се каеш за истите?

    2. Јас во ваква состојба не можам да коегзистирам со тебе. Но за да го оправиме бракот мора и двајцата да сакаме и да имаме воља да го направиме тоа. Дали сакаш да го оправиме бракот?

    3. (не) Ако каже не, нема што тука повеќе муабет. Тогаш почнете разговор за развод.

    3. (да) Ако каже да, му даваш лист хартија да ги запише сите работи што му пречат кај тебе и ти на лист хартија го правиш истото. И потоа дискутирате точка по точка.

    На друг лист хартија, напиши предлози со кои мислиш дека би се оправил нашиот брак. И ти истото. И потоа точка по точка ги дискутирате дали се реалистични, дали се изводливи, дали се ок за двајцата.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.284
    Допаѓања:
    17.947
    Пол:
    Женски
    Ааааааа да да така е, совршениот татко од соништата :inlove:

    Убаво ти кажа @bicycle, дали лично ТИ не дај Боже да беше засегната, или твој близок, исто вака лабава би била? :)

    У таква ненормална средина деца НЕ се растат.
    Шо ќе научат тие деца од битангава?

    И не е она дужна да му ги трпи гомнариите, да и' се иживљава.

    Тој нема да се смени, биди сигурна, карактерот му е таков гаден.
     
    На Mumoftwo30, Panda00, Wh@tev3r и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Имам блиска роднина се жали исто вака а најпрво таа треба многу да поработи на себе!

    За останатите дилеми кои што не знам што толку вас лично ве засегаат за мојот живот ви ги подобјасни исто @EvAngelos.

    Па ако нешто разбирате, прочитајте али не селективно!
     
  13. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.108
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Женски
    Така така, седи и трпи додека не читаме црна хроника па да кукаме по социјални мрежи: Оти мУри Јуле не кажа порано ќе ти помогневме.
    Свашта.
    Да работела на себе, шо има тука да се работи, со насилник не можеш да се разбереш не пак да се нагодиш.
    БоУже, 19 век.
     
    На Mumoftwo30 и Wh@tev3r им се допаѓа ова.
  14. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.613
    Допаѓања:
    46.607
    Пол:
    Женски
    Ако бирате да се заслепувате, не јас туку ни Господ Бог не може да ви помогне ^_^

    П.С Не е насилство само ако има "публика" и децата ако молат да се заедно, не значи дека Е ДОБРО да се заедно

    WTF :headbang:
     
    На Panda00, bicycle, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.830
    Допаѓања:
    201.482
    Сигурно се однесувал добро. Можеби кога се преправал, ако и тоа воопшто некогаш.
    Значи, кажи ми дека не си толку глуп колку што се преправаш, пошто со мислењата психичко насилство ми вршиш(lalala)
    Абе згаден и е, човече, нејќе ништо да поправа и нема што да поправа. Она треба секој ден нозе да му шири, пошто иначе дечкото се фрустрира и не знае што збори, не може да се контролира. Нека си купи диња.
    Не сте со сите, мајке ми :headbang:
     
    На bicycle и Panda00 им се допаѓа ова.
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    5.998
    За тоа што сте се фатиле децата дека рекле дека не сакаат да се разделуваат: немам искуство, ама искрено, не сум слушнала/прочитала мало дете во вакви ситуации да рече сакам да се разделите, до толку да има размислено pros/cons како возрасен човек, па уште и да знае да расуди дека навистина е подобро родителите да му се разделени, за да го „бара“ тоа. Тинејџер над 14 години може и би рекол, ама помало дете не верувам :?:. Не се разбирам, еве вие постари/поначитани на темата објаснете, ама мене повеќе ми има смисла помало дете да мисли дека ако родителите му се разделат, ќе го изгубат едниот родител, па соодветно на тоа, и би „барало“ да не се разделат.. Така што, не го разбирам тоа како аргумент жената да се труди да го спаси браков :).
     
    На _Vera_, Annath, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Често се случува со средношколски долги врски, прв партнер и доколку жената е со ниска самодоверба се врзува за него, се изолира од другарки и влегував брак - мрак.

    Од ова што прочитав типот носи тешка фрустрација во себе која сега ја искажува вербално но лесно може да премине и во физичко насилство ( ништо чудно да веќе имале таква ситуација).

    Еден конечен разговор со сите факти на маса или како што некој член погоре пиша - брачен психолог за да се види што и од каде влече. Сите поминуваме низ животни фази и промени, па под претпоставка дека се работи за луѓе што некогаш се сакале и имаат капацитет да се разберат, можеби тоа ќе им помогне. Но ако тој разговор заврши со висок тон и навреди, толку, ставајте точка колку и да се тешки тие одлуки.
     
    Последна измена: 19 февруари 2026 во 19:50
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.320
    Допаѓања:
    11.112
    А и кое дете со нормално безгрижно детство, на родителот вели "не сакам да се разделите со тато"?

    Зошто воопшто би рекло така in the first place? Поттикнато од што?

    Значи децата чувствуваат, свесни се дека ситуацијата не е добра. Но, дете како дете, страшна му е помислата дека и оној мал климав концепт за дом што го имаат, да го снема. Што е разбирливо.

    Останатото, да си игра на pro и cons со некој што ја малтретира психички? Are you for real people? :drunk:

    Што е со размислувањата дека ова е нормален брак, само во моментална криза :bug:
     
    На Biljarkata, Mumoftwo30, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Имам блиска пријателка пред малку дојде на кафе,мажот често и исклучува интернет кога е љут или нешто не му е по ќеф,некогаш исклучува и сијалици и парно во станот.Не знам што да и кажам со 3 деца е дома.Совет некој?
     
  20. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Машки
    Децата секогаш страдаат во ваква ситуација. Посебно кога ќе почнат да ги влечат по судови, па ако има некои баби и тетки дома да им ги полнат главите, топ.

    Но во ред ли е, и таа, и тие, да бидат заложници во ситуацијава?

    Не си татко или мајка само ако го направиш/родиш детето, после е работата, а ликов и баш не е некој добар пример за децата.
     
    На Biljarkata и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.