Може често да биде непредвидливо. Во врска да си се понаша нормално, а кога ќе влезе во брак, по некој период, да стане многу насилен и сл. Како почеста причина за ова е прељуба и љубомора. Познавам еден ваков случај со еден познаник, но не можат да се разведат од една Х причина. Ако врската не била добра, таа прекинува, а не продолжува. Така да, значи во 95% од случаевите, врската била добра или со некои помали несогласувања, а подоцна бракот во некои случаеви станува токсичен. Понекогаш и се предвидува, но поради љубов, партнерите сеуште остануваат во врска, а потоа продолжуваат во брак.
Познавам, мојата најдобра другарка. Си живеат среќно и имаат брак со мани како сите останати луѓе, или се лажам вашите бракови се совршени?!
Можеби не се до толку во однесувањето ама дека имаат скриени сигнали имаат. Само во врска заљубен човек не гледа ништо и толку длабоко не размислува. После и деца и се на куп е многу тешко. Јас не верувам дека некој ,, светец" преку ноќ се претворил во психопат. Отсекогаш бил психопат само некои сигнали вешто се прикриваат а жените и обратно не сакаме да си признаеме.
Децата еден ден ќе пораснат и ќе заминат, таа ќе остане со него и ќе трпи малтретирање прашувајќи се како не заминала порано. Никое дете не сака разделени родители но уште е полошо да растат во токсична средина. Каков речник од " мажот " мајко мила, па и уште да се потрудам да разговарам, како да не.
Добро е, ако имаат комплементарни гледишта за тоа што е среќа. Брак со маани и брак со психичко насилство не е исто
А тоа ли е сега темата?! Жената кажа дека не е ваков пред децата и дека едно од децата претпоставувам поголемото ја молело да не се разделат, ако е така токсичен нивниот брак, дете ќе моли за обратно. Ај не читајте селективно!
Членката кажа дека не знае зошто вака се однесува, значи е скорешно и треба разговор, ако вака се однесувал изминатите 15 години пошо имаат 11г дете нели, значи женава таков си го засакала. Шо сеа ќе седиме со денови ќе ја мутиме водата да не е бистра.
Ако твоја ќерка, внука или блиска роднина трпи исто шо ќе и речеш? Или пошо не е твое нема да боли? Никој значи никој не треба да трпи насилство дали пред деца или на само или пред пријатели.