Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам искрено мислење.
    Во брак сум неколку години и во последно време открив дека сопругот ме лажел за многу основни работи – високо образование кое го нема се викаше дека го има, па дури и дека има возачка дозвола, што испадна дека не е точно, цели време викаше дека има мака со очите и избегнуваше да вози.
    Ова не е една лага, туку повеќе низ годините.
    Дополнително, не сака да работи со осигурување и преферира „на рака“, а во исто време има извршител за долг за кој вели дека не знаел и дека тоа нема врска со тоа што не сака да биде осигуран.
    Се прашувам дали претерувам што ова го доживувам како сериозен проблем, или ваквото однесување е доволна причина за сериозно преиспитување на бракот?
    Би ми значело туѓо мислење.
     
  2. dorota

    dorota Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2025
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Искрено според мене не претеруваш. И мислам дека не те излажал за нешто мало...туку континуитано си лажел. Плус и ова со работата „на рака“ и долгот, делува како неодговорност од нехова страна.
    За мене ова би било сериозен проблем. Дали си пробала отворено да разговараш со него за ова? Имате деца?
     
    На tambelina, Mumoftwo30, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.115
    Допаѓања:
    17.338
    Пол:
    Женски
    Човекот си има проблем со идентитет, најверојатно лагата му е појдовна точка за сè во животот. Кој еднаш те излаже (за најбанално), му даваш простор да те лаже и за битни работи. Јас пример ако мразам нешто најмногу кај некого тоа е лагата. Да ме гледа и лаже. Во ваква ситуација не би имала воопшто разбирање. Ама тоа сум само јас.
     
    На Joanna28, Panda00, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    @Splendor. , не знам колку сте биле во врска, ама викаш неколку години во брак. Толку за сите овие години, никој негов близок нема споменато вакви факти дека нема факултет или возачка или било што?
    Не викам дека е лага, мене ми изгледа како огромен проблем фактот вашиот живот да се заснова на толку прикриени работи.
    И искрено би ми било тешко да продолжам заедно после се.
     
    На JasBee11 и Splendor. им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    12.078
    @Splendor. Не само доволна, туку огромна причина.

    Довербата, финансиите, стабилноста, иднината итн, сето тоа практично е темелот на бракот.

    Како без тоа истиот да опстане?

    I mean, колку од реалноста што ја живееш со оваа личност е вистинска? :tmi:

    Дали разговараше со него, кое е неговото објаснувње за сето ова? :*:
     
    На Nausicaa, Panda00, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  6. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    3.386
    Прекудоволна прична за преиспитување на бракот и на човекот со кого си, ми се чини дека има многу длабок проблем.
     
    На Mumoftwo30, JasBee11, Splendor. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.762
    Допаѓања:
    138.573
    Пол:
    Женски
    Јас одма би се развела. Извини ама ти живееш со патологија.
     
    На Aschenputtel, Panda00, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски

    Заедно сме 4 ипол години, имаме дете од 3. Многу брзо се случи сѐ и никогаш не посомневав дека некој е способен да лаже за вакви работи. Никако не ми отиде паметот дека еј не вози, можда нема возачка?! Возеше понекогаш моја кола и секогаш велеше мака му е на очите, тоа и го прифатив. Откако останав бремена сѐ Вртев околу детето и занемарував ситуации и избегнував конфликти.
    Ужасната сум и скршена.
     
    На Joanna28, Mumoftwo30, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Нема објаснување. Молчи.
    Овие работи ги научив изминатиот период и тоа многу случајно. Не можам да се помирам, не ми се верува дека ми се случува ова. Како нетфликс документарец...

    Изминатите години нон стоп повторуваше како возачката му е на старото работно место заборавена, дека ќе ја пријави па ќе ја продолжи. Исто и дипломата, почнав да се сомневам кога му барав работа и избегнуваше и стануваше нервозен. За 1 извршител ми кажа пријателка, тоа некако го негираше и као го објасни, за 2 извршител велеше дека имал долг ама не знаел дека е на извршител. Сметка во банка нема, не оди на регуларна работа веќе 4 години, цело време бара нешто од дома, као поголем приход.
    Вака кога пишувам сама не можам да си поверувам со каков човек си имам работа....
     
    Последна измена: 4 април 2026 во 22:53
    На Mumoftwo30, JasBee11 и BubamaraM им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.516
    Допаѓања:
    69.294
    Пол:
    Женски
    Искрено... :worried:
    Не се многу години за нешто да ги жалиш, евакуирај се додека можеш и не ти донел поголеми неволји.
     
    На Biljarkata, MiloMalo, tambelina и 9 други им се допаѓа ова.
  11. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    3.386
    @Splendor. Воопшто не е сеедно да разбереш таква работа.
    Не е лесно да прифатиш ни тој што правел, ама голема тежина носи и сознанието дека, како што и сама велиш, си занемарувала и си се штитела од нешто - што си знаела дека нема да ти се допадне избегнувајќи конфликти, па кога идеализираш, кога ќе турнеш под тепих во друга ситуација.

    Не се обвинувај, ете сега си била спремна да го износиш ова и свесно да бираш што понатаму. Нена погоре најдиректно кажа, веројатно е некој патолошки проблем. И најдобар начин би било да сториш се што можеш да се заштитите ти и малечкото покрај тебе. Само внимателно да не ги повториш пак истите избегнувања на дополнителни конфликти, ова баш ќе бара конфликти, отпор и менување од твоја страна.
     
    На Biljarkata, Mumoftwo30, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    12.078
    @Splendor. Бидејќи имате дете, ситуацијата треба да ти биде дополнително загрижувачка.

    Пред сè, поради неговата финансиска неодговорност, долговите и одбивањето сериозно да работи.

    Тоа директно веќе влијае и на иднината.

    Да било само лагата околу немањето диплома, да речам ете се срамел можеби. Но, неговото изгледа на нешто сосема трето.

    Особено бидејќи молчи. Значи не се ни обидел да вети дека ќе работи на тоа да се промени.

    Тоа отприлика треба да ти биде и јасен сигнал дека не треба да си го трошиш времето да исправаш нешто кое не си го ти искривила in the first place :*:
     
    На Panda00, Biljarkata, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    3.763
    Пол:
    Женски
    Реално не се ситници лагиве туку се од егзистенцијален карактер така да апсолутно не би замижала....
    А со молкот па мислам дека на некој начин јас го гледам барем така има и уште и никогаш не би имала доверба за понатаму...
     
    На Joanna28, MiloMalo, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Машки
    Да не испадне дека те излажал и кој е и како се вика. :worried:
    Според мене ова е сериозно, поготово во брак кога сте. Мора да разговараш со него и да видиш како ќе се извади од ситуацијава, бидејќи ова не е нешто мало.
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30, JasBee11 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.115
    Допаѓања:
    17.338
    Пол:
    Женски
    Најискрено, човекот е и повеќе од матен. Седнете, отворено нека ти каже како што всушност е т.е вистината и гледај во меѓувреме да се спремиш психички. Промени место на два дена да се средиш, побарај психолог за ова. Може е добро да не избрзуваш со споделување по пријателки и роднини. Дај си време и простор да испроцесираш.
     
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    14.515
    Пол:
    Женски
    За мене ова е преголем проблем.
    Многу мразам лаги а ова не се баш ситни.
    Јас не би можела за ништо да му верувам. Колку време бевте во брак а колку во врска?
    Ептен се занел со лагите :worried:
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.927
    Допаѓања:
    10.334
    Пол:
    Женски
    Да,имаш право да си загрижена.Од кога лагите се нешто корисно и тоа не било какви лаги и кажани на сопствената сопруга?Подобро држи го на око, внимание обрни и отвори четири очи,не знаеш на што се е способен.Какво семејство има?И колку време бевте заедно пред да стапите во брак,и забележи се што си приметила додека сте биле уште во врска .Дали прибрзувал за бракот?Каков родител е ?Историја на семејни болести исто јас би испитала,тој има патолошко лажење.
     
    На JasBee11, Splendor. и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    22.154
    Допаѓања:
    204.342
    Ова звучи премногу сериозно.
    Дури ми се чини дека и ваков брак може да се смета за ништовен пошто искрено ти си влегла во брак со лажна личност, која од почеток те држела во заблуда. Плус избегнуваш конфликти... ваљда и конфликтен лик е, што го спомна тоа. Двајца извршители за кои знаеш и којзнае што уште за кое не знаеш и којзнае колкав долг. Спасувај се дури можеш.

    Искрено, би проверила со адвокат веднаш, дали овој брак може да се смета за ништовен.
     
    Последна измена: 5 април 2026 во 02:02
    На eliesaab, Unknown_7, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Година ипол во врска, три години во брак. Останав бремена во првата година. Тој живее кај мене, не јас кај него. Муабетот беше дека имам стан, се тој не, па да не сме под кирија. Во почетокот работеше на државна работа од каде го избркаа од политички причини (тој така ми кажа). Во почетокот немав многу причини да се сомневам во било што. После губењето на работата одреден период не работеше и велеше дека е депресивен, а јас работец две работи. Веќе беше доцна да мислам било што, бев бремена и среќна дека ќе станам мајка. Понатака сѐ се вртеше околу тоа да работи на рака, така као му е подобро. Кавги милион, ама никогаш не ми отиде паметот толку далеку, cause wtf ?! За дипломата и возачката повторуваше дека ги има и се заборавени на работата, а јас почнав да се сомневам пред неколку месеци. За извршител ми кажа другарка, за друг проверив сама бидејќи зеде телефон кој не го плаќаше.
     
    На eliesaab и JasBee11 им се допаѓа ова.
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    14.515
    Пол:
    Женски
    Не би да делам совети ти најдобро си знаеш, можеби совет со психолог, да не си ја раздрмаш твојата психа и да се одлучиш дали и како со таква личност.
    Мене ова би ме скршило. Јас секогаш велам и да нема љубов, да не ме сака нека каже отворено на почеток ќе боли ама ќе помине. Ама нешто зад грб и лаги не, не..
    Ама ова сум јас.
    Ти знаеш најдобро.
    А кога разговарате што вели на ова? Зарем не се срами, колку е години за вакво однесување?
     
    На eliesaab, Трагедијаупмм, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.