Здраво, сакам искрено мислење. Во брак сум неколку години и во последно време открив дека сопругот ме лажел за многу основни работи – високо образование кое го нема се викаше дека го има, па дури и дека има возачка дозвола, што испадна дека не е точно, цели време викаше дека има мака со очите и избегнуваше да вози. Ова не е една лага, туку повеќе низ годините. Дополнително, не сака да работи со осигурување и преферира „на рака“, а во исто време има извршител за долг за кој вели дека не знаел и дека тоа нема врска со тоа што не сака да биде осигуран. Се прашувам дали претерувам што ова го доживувам како сериозен проблем, или ваквото однесување е доволна причина за сериозно преиспитување на бракот? Би ми значело туѓо мислење.
Искрено според мене не претеруваш. И мислам дека не те излажал за нешто мало...туку континуитано си лажел. Плус и ова со работата „на рака“ и долгот, делува како неодговорност од нехова страна. За мене ова би било сериозен проблем. Дали си пробала отворено да разговараш со него за ова? Имате деца?
Човекот си има проблем со идентитет, најверојатно лагата му е појдовна точка за сè во животот. Кој еднаш те излаже (за најбанално), му даваш простор да те лаже и за битни работи. Јас пример ако мразам нешто најмногу кај некого тоа е лагата. Да ме гледа и лаже. Во ваква ситуација не би имала воопшто разбирање. Ама тоа сум само јас.
@Splendor. , не знам колку сте биле во врска, ама викаш неколку години во брак. Толку за сите овие години, никој негов близок нема споменато вакви факти дека нема факултет или возачка или било што? Не викам дека е лага, мене ми изгледа како огромен проблем фактот вашиот живот да се заснова на толку прикриени работи. И искрено би ми било тешко да продолжам заедно после се.
@Splendor. Не само доволна, туку огромна причина. Довербата, финансиите, стабилноста, иднината итн, сето тоа практично е темелот на бракот. Како без тоа истиот да опстане? I mean, колку од реалноста што ја живееш со оваа личност е вистинска? Дали разговараше со него, кое е неговото објаснувње за сето ова?
Прекудоволна прична за преиспитување на бракот и на човекот со кого си, ми се чини дека има многу длабок проблем.
Заедно сме 4 ипол години, имаме дете од 3. Многу брзо се случи сѐ и никогаш не посомневав дека некој е способен да лаже за вакви работи. Никако не ми отиде паметот дека еј не вози, можда нема возачка?! Возеше понекогаш моја кола и секогаш велеше мака му е на очите, тоа и го прифатив. Откако останав бремена сѐ Вртев околу детето и занемарував ситуации и избегнував конфликти. Ужасната сум и скршена.
Нема објаснување. Молчи. Овие работи ги научив изминатиот период и тоа многу случајно. Не можам да се помирам, не ми се верува дека ми се случува ова. Како нетфликс документарец... Изминатите години нон стоп повторуваше како возачката му е на старото работно место заборавена, дека ќе ја пријави па ќе ја продолжи. Исто и дипломата, почнав да се сомневам кога му барав работа и избегнуваше и стануваше нервозен. За 1 извршител ми кажа пријателка, тоа некако го негираше и као го објасни, за 2 извршител велеше дека имал долг ама не знаел дека е на извршител. Сметка во банка нема, не оди на регуларна работа веќе 4 години, цело време бара нешто од дома, као поголем приход. Вака кога пишувам сама не можам да си поверувам со каков човек си имам работа....
Искрено... Не се многу години за нешто да ги жалиш, евакуирај се додека можеш и не ти донел поголеми неволји.
@Splendor. Воопшто не е сеедно да разбереш таква работа. Не е лесно да прифатиш ни тој што правел, ама голема тежина носи и сознанието дека, како што и сама велиш, си занемарувала и си се штитела од нешто - што си знаела дека нема да ти се допадне избегнувајќи конфликти, па кога идеализираш, кога ќе турнеш под тепих во друга ситуација. Не се обвинувај, ете сега си била спремна да го износиш ова и свесно да бираш што понатаму. Нена погоре најдиректно кажа, веројатно е некој патолошки проблем. И најдобар начин би било да сториш се што можеш да се заштитите ти и малечкото покрај тебе. Само внимателно да не ги повториш пак истите избегнувања на дополнителни конфликти, ова баш ќе бара конфликти, отпор и менување од твоја страна.
@Splendor. Бидејќи имате дете, ситуацијата треба да ти биде дополнително загрижувачка. Пред сè, поради неговата финансиска неодговорност, долговите и одбивањето сериозно да работи. Тоа директно веќе влијае и на иднината. Да било само лагата околу немањето диплома, да речам ете се срамел можеби. Но, неговото изгледа на нешто сосема трето. Особено бидејќи молчи. Значи не се ни обидел да вети дека ќе работи на тоа да се промени. Тоа отприлика треба да ти биде и јасен сигнал дека не треба да си го трошиш времето да исправаш нешто кое не си го ти искривила in the first place
Реално не се ситници лагиве туку се од егзистенцијален карактер така да апсолутно не би замижала.... А со молкот па мислам дека на некој начин јас го гледам барем така има и уште и никогаш не би имала доверба за понатаму...
Да не испадне дека те излажал и кој е и како се вика. Според мене ова е сериозно, поготово во брак кога сте. Мора да разговараш со него и да видиш како ќе се извади од ситуацијава, бидејќи ова не е нешто мало.
Најискрено, човекот е и повеќе од матен. Седнете, отворено нека ти каже како што всушност е т.е вистината и гледај во меѓувреме да се спремиш психички. Промени место на два дена да се средиш, побарај психолог за ова. Може е добро да не избрзуваш со споделување по пријателки и роднини. Дај си време и простор да испроцесираш.
За мене ова е преголем проблем. Многу мразам лаги а ова не се баш ситни. Јас не би можела за ништо да му верувам. Колку време бевте во брак а колку во врска? Ептен се занел со лагите
Да,имаш право да си загрижена.Од кога лагите се нешто корисно и тоа не било какви лаги и кажани на сопствената сопруга?Подобро држи го на око, внимание обрни и отвори четири очи,не знаеш на што се е способен.Какво семејство има?И колку време бевте заедно пред да стапите во брак,и забележи се што си приметила додека сте биле уште во врска .Дали прибрзувал за бракот?Каков родител е ?Историја на семејни болести исто јас би испитала,тој има патолошко лажење.
Ова звучи премногу сериозно. Дури ми се чини дека и ваков брак може да се смета за ништовен пошто искрено ти си влегла во брак со лажна личност, која од почеток те држела во заблуда. Плус избегнуваш конфликти... ваљда и конфликтен лик е, што го спомна тоа. Двајца извршители за кои знаеш и којзнае што уште за кое не знаеш и којзнае колкав долг. Спасувај се дури можеш. Искрено, би проверила со адвокат веднаш, дали овој брак може да се смета за ништовен.