Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Збориме за мажите. Знаеш какви се примерите во општеството и ги читаш темиве. Се уште постои тоа дали помага или не помага по дома.
     
  2. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    Во ред, едноставно не генерализирам. Секој е прича за себе. Како возрасни ние бираме какви луѓе ќе бидеме.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Здраво женски,
    Не знаев каде да го пишам проблемов па решив овде се надевам дека ќе добијам некој совет од вас што да правам.
    Се работи за следново значи одкако ни се роди дете сопругот целосно се смени не е тој што беше предходно.
    Јас во нашава ситуација сум самохрана мајка во брак (баш како што кажа предходно една членка).
    Се е на мене околу обврските за детето и домот.
    Нештото пример ќе го направи ако му речам јас.
    Дури детето плачи од него кога ќе го види, кога ќе ја крени, почнува да пишти од него.
    Дома е растурено јас не можам да стасам детево си бара цело време внимание и со неа сум цело време.
    Тој е до 16ч. на работа, но и кога ќе си дојди или во гаража се занимава со глупости или си се договара за на кафе.
    Цело лето викендите така ги помина т.е. одеше во село со татко му и куќата што е таму работеа на неа значи секој можен викенд и тоа се уште трај.
    Кога ќе му речам за дома нешто да суредиме ми вели ете остај го детето кај мајка ми суреди ти, јас имам работа, јас не сакам да ја оставам кај мајка му макар било и на сат, оти тој е тој што треба да ја почува а не мајка му, за цена на тоа домот што е растурено.
    И така животов ни стана како на двајца цимери што делат стан.

    Да напишам малку и за социјализацијава...
    Значи не дека многу по природа зборувам ама до пред да се породам знаев да зборнам по нешто со луѓе, но откако се породив ме фати депресија на најјако, многу е лошо кога немаш никој покрај тебе во тоа време, да му спомниш на мм за ова ќе ти речи е како не јас бев тука за се што треба хаха да секако негова работа беше да стопли термофор за бебе кога имаше грчеви, да појди до аптека да земи тоа што треба ама главо "татково" тука беше.
    Сама со беба се поминавме фала му на Господ, меѓутоа сега па ич не знам со луѓе што и како да зборнам...
    Се едно исто правам секој ден станување, да се средиме и јадиме, излегуваме си идиме ја заспивам спие 30 мин максимум за тие 30 мин гледам да направам нешто за јадење станува пак излегуваме или јадеме си иди од раб татко е и одма или вгаража оди или пак си легнува и пак се занимавам со неа и така иди време за спиење и се вака во круг едно добри 18месеци...
    Ако се згреши да излезиме некогаш негде 3цата тој си се спрема и си седнува на телефон, а јас се спремам и плус детето и ако задоцниме уште вика што правеше досега а ако му речам барем памперс смени и одговорот е не знам како треба до сега само 3 пати има сменето само на почетокот и толку беше.
    И кога да му речам колку ми беше денес тешко истиот одговор назат го добивам и мене ми е тешко, да твоето тешко е 8часа а моето е 24/7 ама кој да разбери...
    Лошо е верувајте, многу е лошо кога нема на кого да му кажиш како си, како се чувствуваш...
     
  4. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Се понаша ко слободен дечко господинов очигледно не се замара за бебето. Не знаел памперс да смени??? Ма има памперс у фаца да добие ако се осуди така да ми рече. Ццц овае крајно идиотски не ми се верува, зошто се однесува како да не е родител на тоа дете ?
    Договори се со другарки на кафе остави му го него да го чува детето па може ќе сфати некои работи.