Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    За оние кои имаат искуство со немири во заедници верувај дека не размислуваат ни 2 пати за да се делат и се заглавуваат со кредити. Верувај, мирот ни со пари не се плаќа.

    Познавам и луѓе кои одат во странство да си заработат за да си основаат фамилија и да живеат мирно, без стари, без немири во заедници.
    Во главно, се е до човекот.
     
    На dasd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    193.220
    Пол:
    Женски
    Многу работи измешавте.
    И тој што работи за дневница исто така обезбедува.
    Видете, не секој ќе се роди под среќна ѕвезда и не секој ќе има вујко владика да го турка во животот. Многу луѓе немаат безбедносна мрежа и ќе работат што стигнат додека створат услови за подобро. Перспективата во животот не ја одредува моменталната ситуација, туку желбата, вољјата и амбицијата да создадеш подобри услови. Многу луѓе почнале од малку или ништо па се искачиле високо само оти имале воља и амбиција и преземале ризици. Многу пак што биле високо, паднале. Некои ќе се задоволни со некоја средина и преземање ризик никогаш нема да им е кап оф ти. Кој може да гарантира? Нема потреба од потценување, немаат сите иста стартна позиција во животот. Некои луѓе условите ќе ги создатат порано, пред да ги запознаеш, а со некои ќе ги создавате заедно. Некои никогаш нема да создадат услови. Реалноста е дека оние што секогаш чекаат на нешто/некого и никогаш не е вистинско време за ништо ги оддаваат црвените знаменца многу порано пред да почнеш да приметуваш. Ама обично поради надеж дека тоа ќе се промени, жените одлучуваат да ги игнорираат.
    Фино што мислите дека ако денеска финансиите сте ги наредиле тоа е тоа. Хах. Партнерот е многу повеќе од финансиски план. Иднината сешто носи. Може од високо да падне ниско, па да треба ти да ги преземеш финансиите некое време додека тој полека се качува пак. Здравјето исто може многу да ограничи. Фирми пропаѓаат преку ноќ. Затоа, поплукајте си во пазува. Иднината е многу неизвесна да мислиме дека баш денеска сме ја решиле загатката.
     
    На M&M, dasd, Mazegin и 13 други им се допаѓа ова.
  3. E.Day

    E.Day Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2026
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    92
    Зависи од мажот.
    Има такви на кои тоа им е мотивација уште попосветено да придонесуваат во семејниот буџет.
    Е сега ги имаш и онакви какви што си ги опишала и ако некоја си го трпи таков ок, нејзино право.
    Греота е кога ни децата таквиот не си ги погледнува а таа го трпи.
    Каква лекција ќе си го научат поколението?
    Како неандерталчено на членката...
    Искрено можам само да ги сожалувам...за греота детето/децата.