За оние кои имаат искуство со немири во заедници верувај дека не размислуваат ни 2 пати за да се делат и се заглавуваат со кредити. Верувај, мирот ни со пари не се плаќа. Познавам и луѓе кои одат во странство да си заработат за да си основаат фамилија и да живеат мирно, без стари, без немири во заедници. Во главно, се е до човекот.
Многу работи измешавте. И тој што работи за дневница исто така обезбедува. Видете, не секој ќе се роди под среќна ѕвезда и не секој ќе има вујко владика да го турка во животот. Многу луѓе немаат безбедносна мрежа и ќе работат што стигнат додека створат услови за подобро. Перспективата во животот не ја одредува моменталната ситуација, туку желбата, вољјата и амбицијата да создадеш подобри услови. Многу луѓе почнале од малку или ништо па се искачиле високо само оти имале воља и амбиција и преземале ризици. Многу пак што биле високо, паднале. Некои ќе се задоволни со некоја средина и преземање ризик никогаш нема да им е кап оф ти. Кој може да гарантира? Нема потреба од потценување, немаат сите иста стартна позиција во животот. Некои луѓе условите ќе ги создатат порано, пред да ги запознаеш, а со некои ќе ги создавате заедно. Некои никогаш нема да создадат услови. Реалноста е дека оние што секогаш чекаат на нешто/некого и никогаш не е вистинско време за ништо ги оддаваат црвените знаменца многу порано пред да почнеш да приметуваш. Ама обично поради надеж дека тоа ќе се промени, жените одлучуваат да ги игнорираат. Фино што мислите дека ако денеска финансиите сте ги наредиле тоа е тоа. Хах. Партнерот е многу повеќе од финансиски план. Иднината сешто носи. Може од високо да падне ниско, па да треба ти да ги преземеш финансиите некое време додека тој полека се качува пак. Здравјето исто може многу да ограничи. Фирми пропаѓаат преку ноќ. Затоа, поплукајте си во пазува. Иднината е многу неизвесна да мислиме дека баш денеска сме ја решиле загатката.
Зависи од мажот. Има такви на кои тоа им е мотивација уште попосветено да придонесуваат во семејниот буџет. Е сега ги имаш и онакви какви што си ги опишала и ако некоја си го трпи таков ок, нејзино право. Греота е кога ни децата таквиот не си ги погледнува а таа го трпи. Каква лекција ќе си го научат поколението? Како неандерталчено на членката... Искрено можам само да ги сожалувам...за греота детето/децата.
Cisto me Interesira, sto Ako mazot zarabotuva duplo povekje od zenata I se grizi za decats? Togash ok e Ili zenata e za shutudupe? Poso se iznacitav glupi komentari od nemazeni zeni Ili zeni so ziveat u delulu pa da prasam...
Јас не знам на овие што се запнаа за ситуацијата во Македонија и платите во Мк што уште не му е јасно што се мамини синови а што не се. Што се безрбетни мажи и паразити. Само нешто да се пишувало и контра да се оддело.
Знаеш колку „невидливи“ работи има една жена во домаќинството? Одржување на домот, кога ќе се испазарува сето тоа треба да се среди, да се зготви, да се мисли за детето, да се испере (посебно ако мажот треба да менува облека, море и пеглата ќе игра) и ред други работи. Жално е како жената секогаш се турка удолу, муабетите се бутни уште повеќе за да ојде под земја.
Објасни ми го поимот делулу во оваа ситуација? Еве да прашам, значи, јас како жена, мајка во иднина, за тебе е нормално ако се грижам за домот, правам ручек, перам, пеглам, се грижам за детето, купувам за детето, му давам пари на мажот кој не може да заработи доволно пари за да се грижи за фамилијата? Значи не сум делулу ако го прифатам сево ова и продолжам нормално со животот или делулу сум ако не го прифатам? Важно е да сме среќни и да се сакаме, пелени за детето ќе купам со љубов, ќе одам во продавница и ќе кажам ај едни пелени ве молам од љубов да ми дајте. Не знам зошто ве вреѓа фактот дека треба да се фатите за работа и да бидете мажи во куќата.
Уште еден маж си прави фиктивни сценарија да си се оправда пред себе. Не да се превземе одговорност за своите недостатоци туку ама знајш брат таму некаде постое жена ништо не работе по дома и ништо не заработува па така да мене ми е оправдано да си смрдкам по дома
Така се научени од дома и после не биле мамини синови, лесно е тато носе, мама месе, оди да те видам подвиткај се да работиш да носиш за цела фамилија дали е лесно. Само коментираат оние кои сакаат да се на нечиј грб.
Да заработува дупло повеќе + да се грижи за децата = комбинација која е скоро и невозможна. Како тоа ќе се грижи за децата и ќе заработува многу... кога ќе работи жити се И бизнис да има не може без него да функционира така сам од себе додека тој дома менува пелени, прави кашички, ги носи децата по разни термини и сл...
Оваа ми е една од најзабавните теми за читање Од време на време ќе дојде некој трол и ќе напише некој веројатен но сепак измислен проблем и сите ќе се потепате да дадете некаков совет кој вие не би го примениле ако се најдете во таква ситуација
отварајте очи за ова: - мамино синче ( од искуство не би да објаснувам имам трауми) - маж кој е работоспособен ама е лежи лебу да те јадам зашто тато и мама му обезбедиле се. Наследени пари лесно се трошат. - маж кој работи ама секој ден е во кладилница, кафана и троши пари како да нема семејство - маж кој дозволува жената да рќмба и по 2 работи ама он бира работа зашто му е се испод части, и се заглавува во долгови и тоне.
Патријархот многу чуден е, си ги дудлаат и си се поштоваат со рандом голтари, клошари, семејни насилници, силовачи, педофили само оти се знаеле сто години, другарчиња или роднини се, у заграда само оти имаат мандала па апропо мислат дека и феминизмот ќе е јаден ко патријархартот и жените ко мажите ќе си ги тапшаат без основа само оти имаат дунда ( што не дека не се дешава али увек им смета само коа е по нивен грб стапот).