Б6 витамини

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од OlgicaSK, 24 септември 2014.

  1. OlgicaSK

    OlgicaSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    ЗА ШТО СЕ Б6 , ТИЕ ВИТАМИНИТЕ, АПЧИЊА, МАЛЕЦКИ ТАКА И БЕЛИ ПО БОЈА? КАЖЕТЕ МИ ДЕТАЛНО ВАКА ЗА ШТО СЕ И ПО КОЛКУ НА ДЕН СЕ ПИЈАТ? ДАЛИ СЕ ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА, ЗА НЕРВОЗА, СМИРУВАЊЕ? ЗА ШТО ДРУГО?
     
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.800
    Допаѓања:
    61.612
    OlgicaSK - Информации за витамин Б6 можеш да најдеш со пребарување на интернет...
    Инаку помага и против опаѓање на косата, и за смирување... Но, доколку сметаш дека ти е потребен најдобро е првенствено да го внесуваш преку исхраната со продукти кои се богати со него, а втора опција да ти бидат таблетите!!!
    Витамин Б6
    Од Википедија — слободната енциклопедија
    За витаминот Б6 може да се каже дека е еден од најважните витамини во организмот. Тој е важен за формирањето на аминокиселините, а со тоа и на протеините. Витамин Б6 е потребен за следните функции: работата на мозокот и централниот нервен систем, производство на одредени невротрансмитери (пример серотонинот), правилно работење на мускулите, производство на некои хормони (адреналин и допамин), производство на хемоглобинот во црвените крвни зрнца, електролитна рамнотежа во телото, развој и раст на фетусот и новороденчето итн.

    1 Каде го има витаминот Б6?
    2 Како делува витаминот Б6?
    3 Дозирање и токсичност
    4 Хиповитаминоза
    Каде го има витаминот Б6?
    Во поголеми количини се наоѓа во лебниот квасец,во житните растенија,во гравот,сојата и други градинарски растенија.Во продуктите од животинско потекло се наоѓа во црниот дроб,бубрезите,месото,млекото и жолчката од јајце.
    Како делува витаминот Б6?
    Без витамин Б6 нема протеини, без протеини нема хормони, а без хормони сите функции во организмот се доведени во прашање. Да ги спомнеме само серотонинот, допаминот и мелатонинот, кои заедно го регулираат биолошкиот часовник, спиењето, когнитивната функција, чувствата и однесувањето. Витаминот Б6 учествува во изградбата на неколку невротрансмитери (материи кои овозможуваат пренос на нервните импулси). Недостатокот на витаминот Б6 доведува до невролошки и психолошки пореметувања.
    Дозирање и токсичност
    Препорачаната дневна количина (RDA) на витаминот Б6 изнесува 2 mg, а максималниот дневен сигурносен внес (upper safe level) е 200 mg. Најчеста доза за витаминот Б6 како суплемент е 10 до 25 mg дневно. Но, при некои посебни состојби се препишуваат и „мега“ дози од 200 до 500 mg дневно. Иако за возрасните т.н. сигурна доза е 200 mg витамин Б6 дневно, трудниците не би смееле да користат повеќе од 100 mg дневно. Дури и во тие дози, во некои случаи, се јавуваат главоболки и мачнина. Секое земање на витамин Б6 над 200 mg дневно подолго од 2 месеци би трбало да биде во консултација со лекар.
    Витаминот Б6 е токсичен во големи дози, па можни се многу непријатни оштетувања на сензорните центри. Како последица на тоа оштетување се јавуваат пореметувања во движењето и во допирот.
    Pyridoxal-phosphate.svg
    Хиповитаминоза
    Иако витаминот Б6 е важна компонента во исхраната, клиничките симптоми на негов недостаток се многу ретки. Недостатокот се јавува при примена на некои лекови или е поврзан со недостаток на другите витамини од Б групата. Симптомите на недостаток од витамин Б6 се воочуваат на кожата, централниот нервен систем и хематопоетскиот систем и вклучуваат: губење на косата, задржување на течности во организмот за време на бременоста, вкочанетост и грчеви во рацете и нозете, често мокрење, анемија и друго. Концентрацијата на витамин Б6 е намалена кај алкохоличарите, трудниците и кај жените кои земаат орални контрацептиви кои содржат естрогени. Витамиот Б6 се користи и како антидот кај пациенти кои користат големи дози на антитуберкулостатици (лекови кои ја намалуваат количиниата на витаминот во организмот). Препорачана дневна доза за возрасен маж изнесува 2.0мг/ден, додека за жени изнесува 1.6мг/ден, при нормална прехрана. Не се препорачува во лечење на акни и слични дерматози, при интоксикација со алкохол, астма, хемороиди, мигрени,= ниту како препарат за подобрување на апетитот или стимулација на лактацијата.
     
  3. Enko1

    Enko1 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    38
    Дa ве прaшaм мисленјa дaли имa рaзликa пoмеѓу бедoксин и витaмин б6 и кaкo делувa нa притисoкпт гo згoлемувa или нaмaлувa?Мисленјa
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.962
    Допаѓања:
    327.309
    Пол:
    Женски
    Исто е
    Бедоксин е лек т.с синтетички витамин б е

    Не сум слушнала да влијае било како на притисокот.Влијае на нервниот систем,кожата,косата,ноктите,метаболитички процеси
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.