Вицови

Дискусија во 'Насмевка' започната од Mimi, 22 ноември 2009.

  1. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Дечко како тебе не се раѓа..........се абортира. :lol:
    --------------------------------------------------------------------
    Што е разликата меѓу сладолед, женска и газ?Сладоледот се лиже од сласт, жената од страст, а газот за власт!
    ---------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Jас не сум лош и затоa, на непријателите им посакувам по 3 коли да имаат пред својот дом. Полициска..Пожарна и Брза помош.
     
    На phoenix4235, Ruby.rose, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.301
    Двајца полицајци на работа решават крстозбор:
    - Зеленчук со три букви?
    - Зелка!
    - Не ја собира.
    - Епа земи помала
     
    На Sara123 и srcesrce им се допаѓа ова.
  3. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Умираат четири жени. На оној свет Свети Петар ги прашува:
    - Имаш ли свекрва?
    - Да.
    - Одиш во рајот.

    Ја прашува втората:
    - Имаш ли свекрва?

    - Да.
    - Одиш во рајот.

    Ја прашува третата:
    - Имаш ли свекрва?
    - Не.
    - Одиш во пеколот.

    Дошол ред на четвртата:
    - Имаш ли свекрва?
    - Да, имам две! Една од првиот, една од вториот маж.
    - Веднаш во пеколот.
    - Зошто во пеколот? Тие што имаа по една свекрва во рајот а јас со две во пеколот?
    - После две свекрви и пеколот ќе ти се стори рај!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Мајката ја советува ќерката на 18-тиот роденден:
    - Отсега ќе може да излегуваш, но мора да пазиш на некои работи. Кога ќе најдеш дечко, како прво тој мора да биде штедлив, како второ мора да биде глуп и како трето мора да биде невин.
    Излегува ќерката ја нема 3 дена.Се враќа и вели
    -Мајче,го најдов.Отидов во диско,помина еден дечко ме фати за рака и ме однесе во хотел.Наместо двокреветна соба,зеде еднокреветна-значи штедлив е.Наместо да ми ја стави перницата под глава,тој ми ја стави под задникот,-значи глупав е.а за невиноста знам бидејќи пред мене го извади нов во целофан,неотпакуван....сватиф зосто така ме советуваше!
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Одат Трпе и Цветко во војска и командирот го прашува Трпе:
    - Трпе што е татковината?
    - Не знам!
    - Ти си глуп! Цветко што е татковината?
    - Татковината е моја мајка!
    - Точно! Трпе што е таковината?
    - Татковината е на Цветко мајка му.
    - Ти идиоте! Тактовината е и твоја мајка исто така. Разбра?
    - Разбрав!
    - Што разбра?
    - Јас сум на Цветко брат!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Влегува човек во продавница за инсектициди, избира една кутија и го прашува продавачот:
    - Добар ли е прашоков за бубашваби?
    - Не..... ги убива! :D :D :D
     
    На love93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Соседи

    Го немало Господ цела недела во рајот. Се појавува тој конечно па Свети Петар го прашува:

    - Господе драги, каде беше цели седум дена?

    - Е Свети Петре, да видиш каква креација сум направил, совршенство. Направив една планета, ја наполнив со мориња, но, за рамнотежа, ставив и планини. Направив луѓе, мажи... за рамнотежа, направив и жени. Ги направив да бидат добри, но, за рамнотежа направив да има и лоши. И на крајот, за мој мерак, сум направил едно мало парче земја, како рајот личи... поточиња жуборкаат, ливади се зеленеат, бистри езера и планински рекички, луѓе насмеани и весели, најубава храна им подарив, Македонија ја нареков... прекрасно, прекрасно...

    - Па добро, ама каде ти е тука рамнотежата?

    - Какви соседи сум им наместил да знаеш само..?!

    Богами :D :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Што е врв на машката верност?
    Три пати оженет, а има иста љубовница.
     
    На phoenix4235 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Професорката го прашува ученикот.
    -Кога по пат би сретнал пари и мозок, што ке земиш ??
    Ученикот: Пааа.. јас би ги зел парите.
    Професорката: Jас подобро би го зела мозокот.
    Ученикот: Па добро секој си зема тоа што му фали !
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    :!: еве го целиот виц :D
    Доаѓа студент на предавањe, бара слободно место и седнува до професорот.
    Професорот надмено вели:
    - Птиците и свињите не седат заедно.
    - Во ред, тогаш јас ќе одлетам. – се преместил студентот.
    Професорот се изнервирал и решил да го бутне на испит.
    Доаѓа време за полагање. Студентот оди и одговара за десетка. Професорот му поставува последно трик-прашање:
    - Одиш по улица и гледаш две торби, во едната има памет, а во другата пари. Која торба ќе ја земеш?
    - Со парите, професоре.
    - Јас, пак, би го зел паметот. – остро рекол професорот.
    - На кого што му фали, тоа ќе си земе. – му одговорил студентот.
    - Во просторијава има еден голем идиот! – свикал професорот.
    - Но, добро е што барем си признавате. – одговорил студентот полн со разбирање.
    Професорот нервозно го зел индексот и во него напишал само ГОВЕДО.
    Студентот го земал индексот и излегол. После една минута се вратил и мирно рекол:
    - Извинете професоре, овде само сте се потпишале ама не сте ми ставиле оцена.
     
    На whistle и Sara123 им се допаѓа ова.
  11. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    Трпе и Трпана на првата брачна ноќ лежат во кревет, и Трпана му вика на Трпе:
    - Трпе мене ми е ладно на грбот, може да ми го стоплиш?
    - Може.
    И се врти Трпе со грбот кон грбот на Трпана и и го протриува и пак си продолжува да спие. И потоа Трпана пак му вика на Трпе, ама сега дека и е ладно на градите и Трпе пак се врти и и ги протриува и пак се врти да спие. И така и здодеало на Трпана и му вика изнервирано на Трпе:
    – Абе ти знаеш ли дека јас меѓу нозете имам една дупка!!!?
    И Трпе ладен и вика:
    - Ааа, значи тебе од таму цело време ти дувало.
     
    На teddygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    Google е толку интелигентен што веќе ништо не можеш да сокриеш од него. Вчера на пример пишувам: Барам работа во Македонија за 2000 евра плата.
    Google ми враќа:
    Did you mean: 150 евра! :D :D :D
     
  13. fernandez

    fernandez Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    51
    Што рекол господ кога ги правел црнците!?
    -Ова тура ми загоре малце!

    Сообраќаен полицаец го вади својот бележник и вели:
    - Значи така, кажете име, средно име и презиме?
    - Ѓерасимчо Софрониев Попхаџихристомановски...
    Полицаецот си го прибира тефтерот и одмавнува со раката:
    - Добро, добро, ајде вози и гледај друг пат да не те фатам!
     
  14. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Постар господин во трафика бара весник:
    - Ве молам еден Дневник.
    Продавачката:
    - Нема.
    - Вест?
    - Нема.
    - Нова Македонија?
    - Нема.
    Господинот се свртува и заминува. Продавчката му подвикнува:
    - Да ви дадам Вечер.
    Без д се сврти господинот враќа:
    - Вечер бабичката ќе ми даде

    ...................................................


    Си стоеле двајца полицајци пред гинеколошка клиника и читале плакат на кој пишувало:
    „Најзагрозени професии од сифилис се: 1. Актери 2. Шофери 3. Полицајци.“
    Откако го прочитале, едниот полицаец го прашал другиот:
    - Абе колега, што е тоа сифилис?
    А овој му мавнал еден шамар и му рекол:
    - Е од такви како тебе сме на трето место.
     
  15. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Дедо мраз отишол на психијатар и му вели:
    докторе ,имам проблем, не верувам во себе.
    ---------------------------------------------------------
    Маж влегува во аптека и вели:
    - Еден презерватив!
    Аптекарката му одговара:
    - Господине почекајте на ред и измислете некој по цензуриран начин за да ми објасните што точно сакате. Дошол редот на мажот. Тој ги откопчал панталоните, го извадил и рекол:
    - Извини госпоѓо, може ли да ми дадете еден костум за овој џентлмен
    --------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Оди дечко во дискотека, зема коцка мраз, ја фрла пред девојката и и вика: Срце јас го скршив мразот,сега ти си на ред. :*
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Зошто во Македонија е укината смртната казна за затворениците ?
    - Струјата е премногу скапа!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Кој е врвот во комшиска расправија?
    - Слушај комши, да не бев јас немаше да имаш деца!
     
  18. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Еден пријател прашува друг: - Како живеш.
    - Луксузно.
    - Тоа мора да е добро.
    - Да, јадам лук и леам солзи.
     
    На something.nice, Name, phoenix4235 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Разговараат двајца роми:
    - Ееее, абе, знаеш дека јас му сум баџанак на Господ?
    - Аман бе, како тоа?
    - Да бе... Сафет го знаеш
    - Го знам
    - Е Сафет имаше 2 ќерки?
    - Е имаше!
    - Е едната јас ја зедов, другата Господ ја зеде!
     
    На ocila и Sara123 им се допаѓа ова.
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Тато шо е разлика меѓу бесплатно и џабе?
    Види сине основно школо ти е бесплатно, али џабе!