Маж ми ќе биде домазет ниту јас ниту тој не се срами од тоа. Кај него нема место, таму живее чичко му исто така со фамилијата, неговите на долниот спрат, брат му горе и тој има само една соба, нема простор да изградиш уште една соба. Не би можела да издржам со толку луѓе, а кај мене куќата е многу голема, моите се на долниот спрат ние горе, имаме вц, ходник, 2 детски соби, спална, кујна, дневна и шпајз, двор голем. Се си го ние средивме спратот како што сакаме, сега за сега тука планираме да живееме додека да отидеме во странство.
Не. Ниту би живеела со неговите, ниту би сакала он со моите. Не од срам или било што, туку заради мир и слобода.
Јас имам другарка, што имаат куќа на два спрата, со одвоени скали. Кога се омажи сестра и она со маж и си го средија горниот спрат и таму си живееа, додека другаркава со мајка и и татко и си беа на долниот. Е сега се омажи и другарка ми, пред свадбата мајка и и татко и си направија една мала куќарка, колку за нив, нешто како гарсоњера, во дворот и им го отстапија долниот спрат на другарка ми. Сега за сега супер си живеат, сите си се одвоени, едни кај други си одат како на гости, со најавување, со договор. Алал да им е. Ама и родителите нејзини не се со затупени сваќања, сеуште се млади, и знаат многу убаво како им било нив, кога се туткале во заедница зошто немале услови. И зетовциве сами на смеење си кажуваат "не прибраа дома". алал да им е, јас живеам со свекор и свекрва, на сличен принцип, они доле на два спрата, ние горе на трет, ама ни сличен не ни е односот.
Да сум маж ја ова би го доживеала ко понижење и ко пораз. Као неспособност да створиш било какви услови за живот. Бруки. Самата помисла ме ужаснува. Не знам што има за гордеење со ова, бламажа е. Истово го мислам и за тие маженца што живеат у станот на жена им
Зашто? Ако жената има празен стан, а мажот нема - под кирија ќе се иде или треба да и плаќа кирија мажот на жената?
Мажот ќе вложува ли или на готово ќе седи? Зборам за тие шо си се местат у наместено де. Наместен стан од тате опремен, си има женската, и мажов само стварите си ги носи. Не реков кирија да плаќа, ама више коа дошол не може така да си го прчи, ќе се учествува, заедно ќе придонесуваат
Подобро домазет, ако е човек на место!! Не сакам ни јас легач и дадено се на готово тоа не доаѓа в предвид, ама има случаеви работи и не заработува доволно, не гледам лошо и понижувачки ако има услови да живее кај жената или со нејзините. Јас лично познавам такви и топ им е среќни се сите дури кога одиме на гости со мм да ти е мерак да си поседиш преубаво функционираат
Нема ништо понижувачко да бидеш домазет и да живееш на имот кој што е во сопственост на жената.. Со задоволство би живеел и во нејзин имот ако има подобри услови од она што јас го имам/можам да го обезбедам, без разлика дали и е наследство/поклон од семејството или сама го обезбедила.. И не не живеам во туѓо туку во свое, исто како што ако таа живее на имот кој што е во моја сопственост не е во туѓо туку во свое.
Понижувачко е во заедница и кога жената е дојденка и кога мажот е дојденец во дом кој припаѓа на родителите на едното лице. Мирот ќе се наруши кога тогаш. И најфини луѓе имаат крај на трпение. Заради тоа најдобро е сите да се под свој покрив. Живеење во имот на родители е прифатливо само доколку тие не живеат таму.
Маж е бе, какви такви услови би требало да си обезбеди, иначе не треба да се жени, нека дреме у детската соба шо вика една членка. Крајно глупо е така пакуј стварите и тупни се у имот на девојката/жената. Без динар да вложуваш, на готово све. Иначе и за жените ова важи, нешто мора да се вложи, не иде така само од едниот све да се чека.
Домазет никогаш не би прифатил да бидам. Ако жена ми има подобар стан/куќа нејзин во кој живее сама, зошто да не би идел да живеам кај неа, не дека мојот стан ќе се изгуби ако отидам. Ама да живеам со нејзините родители никогаш на би прифатил.