1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Домазет

Дискусија во 'Брак' започната од Unfaithful18, 27 август 2010.

  1. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    malo umnite lugje seshto zboruvaat :)
     
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Маж ми ќе биде домазет ниту јас ниту тој не се срами од тоа.
    Кај него нема место, таму живее чичко му исто така со фамилијата, неговите на долниот спрат, брат му горе и тој има само една соба, нема простор да изградиш уште една соба.
    Не би можела да издржам со толку луѓе, а кај мене куќата е многу голема, моите се на долниот спрат ние горе, имаме вц, ходник, 2 детски соби, спална, кујна, дневна и шпајз, двор голем.
    Се си го ние средивме спратот како што сакаме, сега за сега тука планираме да живееме додека да отидеме во странство.
     
    На dunika, theowndemon, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Не.
    Ниту би живеела со неговите, ниту би сакала он со моите.
    Не од срам или било што, туку заради мир и слобода.
     
    На FreeToGo и T.G. им се допаѓа ова.
  4. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка, што имаат куќа на два спрата, со одвоени скали. Кога се омажи сестра и она со маж и си го средија горниот спрат и таму си живееа, додека другаркава со мајка и и татко и си беа на долниот. Е сега се омажи и другарка ми, пред свадбата мајка и и татко и си направија една мала куќарка, колку за нив, нешто како гарсоњера, во дворот и им го отстапија долниот спрат на другарка ми. Сега за сега супер си живеат, сите си се одвоени, едни кај други си одат како на гости, со најавување, со договор. Алал да им е. Ама и родителите нејзини не се со затупени сваќања, сеуште се млади, и знаат многу убаво како им било нив, кога се туткале во заедница зошто немале услови. И зетовциве сами на смеење си кажуваат "не прибраа дома". :P алал да им е, јас живеам со свекор и свекрва, на сличен принцип, они доле на два спрата, ние горе на трет, ама ни сличен не ни е односот.
     
    На Kolache na mama, Brpbrp, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.