Мигрена

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од RedRose97, 30 август 2010.

  1. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    575
    Дали се се уште две апчиња 80 евра?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Danka Smotanka

    Danka Smotanka Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    На колку време ги пиете и од каде ги набавувате?
     
  3. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    1.179
    Луѓе помош, дали ова е мигрена?
    Имено од мала патам кога се менува времето ме болат коските на раце нозе, а и глава.
    Со главата како знам за себе, ме водеа кај една баба ми баеше како мала и мислам ме враќаше од мртви…
    Сега 3 дена главата ме боли ненормално многу во тилот и напред кај очите како позади да осеќам болка кај очите и кај слепочниците.
    Пијам вентор по 3 мислам на ден и не поминува, ставам ладни облоги на тилот и додека е ладно мислам ми е подобро.
    После 3-4 часа пример ќе поднамали во тилот ама напред уште си имам болка, за ништо не сум способна ни децата да си гледам ниту сама да се дејанам.
    Ако одам на брза помош што би ми дале?
    Дали ќе помогне?
     
  4. Danka Smotanka

    Danka Smotanka Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2025
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Можеби е мигренозна болка а можеби само јака главоболка. Мигрената како состојба и дијагноза е тешко да се воспостави одеднаш. Треба многу испитувања да се направат за да се отфрлат други причини за болката , да се води дневник кога се појавува таквата болка, дали ја предизвикал некој посебен фактор( стрес, пмс, храна, промена на време итн.) и да се води евиденција од кој вид на терапија се осеќа подобрување ( обичен аналгетик , апче за мигрена) .
    Мене најмногу ме дефинираше дека имам мигрена тоа што било какво апче за болка не помагаше, туку реагирам само на триптани. А воедно од 2023 па навака откако ја добив мигрената направив многу ама многу испитувања, кои дадоа одговор дека не е во прашање друг проблем кој предизвикува болка, туку во прашање е мигрена.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. dromka

    dromka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2014
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    На брза помош би ти дале инекција диазепам со кетонал.
    Ако не ти поминува со никаков аналгетик (кафетин, блокмакс, кетонал, аналгин, налгесин....) најверојатно е мигрена. Но, неможеш од една "епизода" да разреши. Како што ти спомнала и членката горе, мора да исклучиш и други состојби, дневник да водиш и да си откриеш каков вид или од што е главоболката.
     
    На eliesaab и Danka Smotanka им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.712
    Допаѓања:
    43.958
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам дека номигрен има веќе во аптеките
     
    На eliesaab, blueeparadise, Skorpija25 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    6.779
    Во кои аптеки го има? Јас побарав денес во три различни, ми рекоа дека немало и уште немале информација кога ќе има. А за Трекар во некои аптеки почнаа да ми бараат и рецепт, ми спомнаа дека ако го вратат Номигренот, и за него ќе се бара..
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.712
    Допаѓања:
    43.958
    Пол:
    Женски
    Не знам во кои. Јас вчера го нарачав од веледрогерија сабајлево стаса кај мене. Пак прашај овие денови
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.