Луѓе помош, дали ова е мигрена? Имено од мала патам кога се менува времето ме болат коските на раце нозе, а и глава. Со главата како знам за себе, ме водеа кај една баба ми баеше како мала и мислам ме враќаше од мртви… Сега 3 дена главата ме боли ненормално многу во тилот и напред кај очите како позади да осеќам болка кај очите и кај слепочниците. Пијам вентор по 3 мислам на ден и не поминува, ставам ладни облоги на тилот и додека е ладно мислам ми е подобро. После 3-4 часа пример ќе поднамали во тилот ама напред уште си имам болка, за ништо не сум способна ни децата да си гледам ниту сама да се дејанам. Ако одам на брза помош што би ми дале? Дали ќе помогне?
Можеби е мигренозна болка а можеби само јака главоболка. Мигрената како состојба и дијагноза е тешко да се воспостави одеднаш. Треба многу испитувања да се направат за да се отфрлат други причини за болката , да се води дневник кога се појавува таквата болка, дали ја предизвикал некој посебен фактор( стрес, пмс, храна, промена на време итн.) и да се води евиденција од кој вид на терапија се осеќа подобрување ( обичен аналгетик , апче за мигрена) . Мене најмногу ме дефинираше дека имам мигрена тоа што било какво апче за болка не помагаше, туку реагирам само на триптани. А воедно од 2023 па навака откако ја добив мигрената направив многу ама многу испитувања, кои дадоа одговор дека не е во прашање друг проблем кој предизвикува болка, туку во прашање е мигрена.
На брза помош би ти дале инекција диазепам со кетонал. Ако не ти поминува со никаков аналгетик (кафетин, блокмакс, кетонал, аналгин, налгесин....) најверојатно е мигрена. Но, неможеш од една "епизода" да разреши. Како што ти спомнала и членката горе, мора да исклучиш и други состојби, дневник да водиш и да си откриеш каков вид или од што е главоболката.
Во кои аптеки го има? Јас побарав денес во три различни, ми рекоа дека немало и уште немале информација кога ќе има. А за Трекар во некои аптеки почнаа да ми бараат и рецепт, ми спомнаа дека ако го вратат Номигренот, и за него ќе се бара..
Не знам во кои. Јас вчера го нарачав од веледрогерија сабајлево стаса кај мене. Пак прашај овие денови