Ц ц ц а мене на некоја фотомонтажа и терање мајтап како и обично со насловните на "ФОКУС" ми изгледаше
многу ме интересира дали на сител кажаа нешто за ова??? пошто по другите канали збореа, само да знам дали и латас кажал нешто?
Пратенички нарачки сабота, 26 ноември 2011, 18:42 Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски не ја коментира фотографијата во весникот „Фокус“ на која се гледа како ливче со нарачани прашања циркулира меѓу премиерот, координаторката на пратеничката група Силвана Бонева и него. Во телефонски разговор за Алфа, Димовски не сакаше да каже дали навистина го прашувал премиерот што да го праша. Рече дека ништо нема да коментира. Фотографијата не ја видел. „ Дали да праша за странските инвестиции или за задолжувањето,,. ,,Ако сакаш и за двете, можеш во едно да ги ставиш “-пишува во ливчето. Пратеникот постапи според инструкцијата и реши двете прашања да ги спакува во едно. Ваквиот чин го става во потчинета позиција Собранието, наспроти владата која е главниот играч во политиката-коментираат универзитетски професори за Алфа. Се поставува прашањето колку пратеничките прашања имаат суштина или колку се про-форма и се користат за политички маркетинг.Тоа ја поткопува демократијата.Се истакнува сопствената позиција,а не она што ги интересира граѓаните-вели Здравко Савевски од факултетот за политички науки Професорот на правниот факултет Денко Малески толкува дека нарачаното прашање не е страшна работа. Според него „Смислата на прашањата од страна на позицијата е да се пофали работата на власта и да се одземе повеќе време за позитивна критика на владеењето“ На крај, кој и да го пишувал прашањето направил граматичка грешка- зборот ставиш го напишал со „з“ во ек на кампањата за заштита на македонскиот јазик. извор - алфа.
Го видов на вестите на алфа во 17 и 30 и се запрепастив!!! Вакви режисери и глумци се грижат за просперитетот наш??? Само еден збор го опишува прилогот кој одеше денес на вестите- С Р А М О Т А ! Не сум чула за дрскост до овој степен на премиер на една самостојна држава, дефинитивно се ке видиш и чуеш само кај нас со овие Гвуевци! Еее народе, се жалиш се нема за живеачка, едвај за најосновното да се стигне, ама ако, малку ти е, гласај го овој пингвин, манипулатор и диктатор, и слушај како раскажуваат приказни за инвестициите (ко Божем и на тоа поле постигнале нешто за подобрување на стандардот) и за кредитите ( со кои ке си купат по некој ново станче, викендичка и количка, а истите со се каматите, ке останат понатака ние да ги отплаќаме). Пред вистината и фактите и Боговите молчат! Само верувајте во манипулацииве и понатака! Барем да се преместеа со целава претстава во театар за деца и младинци и да дадеа слободен влез за пензионери и деца!