Пази - те слика!!!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 26 ноември 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.888
    На zhap4e, Cacy, tinkerbelll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.887
    Најбитен момент - писменоста.

    ( Можеш во едно да ги зтавиш

    :x
     
    На AIT, julie77, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    601
    Ц ц ц а мене на некоја фотомонтажа и терање мајтап како и обично со насловните на "ФОКУС" ми изгледаше :tmi: :lol:
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    многу ме интересира дали на сител кажаа нешто за ова??? :rofl: пошто по другите канали збореа, само да знам дали и латас кажал нешто? :wasntme:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    124.239
    Што е работава со сликава? Сум го прпоуштила настанот, не сум во тек, нека ми објасни некој :) .
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.888
    Пратенички нарачки
    сабота, 26 ноември 2011, 18:42
    Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски не ја коментира фотографијата во весникот „Фокус“ на која се гледа како ливче со нарачани прашања циркулира меѓу премиерот, координаторката на пратеничката група Силвана Бонева и него. Во телефонски разговор за Алфа, Димовски не сакаше да каже дали навистина го прашувал премиерот што да го праша. Рече дека ништо нема да коментира. Фотографијата не ја видел.
    „ Дали да праша за странските инвестиции или за задолжувањето,,. ,,Ако сакаш и за двете, можеш во едно да ги ставиш “-пишува во ливчето. Пратеникот постапи според инструкцијата и реши двете прашања да ги спакува во едно.

    Ваквиот чин го става во потчинета позиција Собранието, наспроти владата која е главниот играч во политиката-коментираат универзитетски професори за Алфа.
    Се поставува прашањето колку пратеничките прашања имаат суштина или колку се про-форма и се користат за политички маркетинг.Тоа ја поткопува демократијата.Се истакнува сопствената позиција,а не она што ги интересира граѓаните-вели Здравко Савевски од факултетот за политички науки
    Професорот на правниот факултет Денко Малески толкува дека нарачаното прашање не е страшна работа. Според него „Смислата на прашањата од страна на позицијата е да се пофали работата на власта и да се одземе повеќе време за позитивна критика на владеењето“

    На крај, кој и да го пишувал прашањето направил граматичка грешка- зборот ставиш го напишал со „з“ во ек на кампањата за заштита на македонскиот јазик.

    извор - алфа.
     
    На JuLleE и Meggy им се допаѓа ова.
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    4.073
    Пол:
    Женски
    Го видов на вестите на алфа во 17 и 30 и се запрепастив!!!
    Вакви режисери и глумци се грижат за просперитетот наш???
    Само еден збор го опишува прилогот кој одеше денес на вестите- С Р А М О Т А !
    Не сум чула за дрскост до овој степен на премиер на една самостојна држава, дефинитивно се ке видиш и чуеш само кај нас со овие Гвуевци!
    Еее народе, се жалиш се нема за живеачка, едвај за најосновното да се стигне, ама ако, малку ти е, гласај го овој пингвин, манипулатор и диктатор, и слушај како раскажуваат приказни за инвестициите (ко Божем и на тоа поле постигнале нешто за подобрување на стандардот) и за кредитите ( со кои ке си купат по некој ново станче, викендичка и количка, а истите со се каматите, ке останат понатака ние да ги отплаќаме).
    Пред вистината и фактите и Боговите молчат! Само верувајте во манипулацииве и понатака!
    Барем да се преместеа со целава претстава во театар за деца и младинци и да дадеа слободен влез за пензионери и деца!
     
    На CoverGirl10, julie77, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    8.577
  9. elcezelce

    elcezelce Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    15.599
    Пол:
    Женски
    Кај смее Латас да каже нешто за ова бе Лудо :D