Прва љубов...

Дискусија во 'Врски' започната од Winter.Girl, 27 март 2010.

  1. Крикн€¥

    Крикн€¥ Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Со првата љубов пораснавме оваа тема ми треба утре правам писмена работа!!
     
  2. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    ај со среќа
     
    На Mumoftwo30 и Ѕвездена им се допаѓа ова.
  3. Ѕвездена

    Ѕвездена Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2025
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    На крај памет не го ставам. Иако повеќе сум мислела дека е љубов од што вистина било, ама нејсе.
    Ми се случува многу ретко да ми дојде на сон и го бркам :D
    Не ги мислам првите љубови, секоја следна била сто пати подобра.
     
    На LoneWolfGuy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. -♡-

    -♡- Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    150
    wtf
    Заборавен со виорот.
     
    На Ѕвездена му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Машки
    Првата љубов не ми беше кој знае што незнам ни дали може да се каже дека и било врска (повеќе си бевме и двајцата симпатии) и двајцата бевме 9то одд во ист клас. Со неколку неуспешни обиди за бакнеж во уста, секогаш ќе свртеше образ и како брат и сестра. :tmi:
    После од кога завршивме основно брзо се преселија со нејзините во странство и од кога заминаа си имавме 1-2 пати пишано и толку никогаш повеќе не се ни сретнавме. :rofl:
    Втората ми беше повеќе како прва, со прв бакнеж, и повеќе личеше на врска, 2г беше помала од мене. Убаво било додека траело, ама не се пронајдовме еден во друг.. Си немаме ништо лошо оставено и ден денес на улица ако се сретнеме си правиме муабет и баш ми е мило што сме останал во добри односи.
     
  6. Maelina

    Maelina Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2025
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Беше долгогодишна (5-6 години), многу бурна и невозвратена. :D Жал ми е за себе што уште првата љубов ми беше болна и невозвратена, но тоа е… одамна беше, остана само споменот од болката. :)
     
  7. brunettefairyxo

    brunettefairyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2020
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    284
    Пол:
    Женски
    Првата љубов ми беше и прв дечко и прва врска која траеше 3 ипол години. Се фативме кога имав неполни 16, тој имаше 17. Деца бевме. Многу солзи исплакав за него. Сега не сме во никаков контакт. Цела негова фамилија се' уште ја имам на фб и инста.
     
  8. Felix Anima

    Felix Anima Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2025
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Прва љубов ми е Французинот што имаше тетка кај мене во маало и секоја година доаѓаше и седеше со месеци.
    Ми береше цвеќиња по комшии ова беше константо од некое си 3то одделение до 7мо после го немаше долги години да доаѓа па во средно дојде се собравме друштво, после тоа пак го немаше и пред неколку години беше со девојка му се собравме и и кажуваше дека сме си биле први детски љубови. Апсолутно никогаш се немаме ни бацено едноставно така си се сакавме..боже колку се смеам....
     
    На Milobebence, hermosa и Gosh им се допаѓа ова.