На крај памет не го ставам. Иако повеќе сум мислела дека е љубов од што вистина било, ама нејсе. Ми се случува многу ретко да ми дојде на сон и го бркам Не ги мислам првите љубови, секоја следна била сто пати подобра.
Првата љубов не ми беше кој знае што незнам ни дали може да се каже дека и било врска (повеќе си бевме и двајцата симпатии) и двајцата бевме 9то одд во ист клас. Со неколку неуспешни обиди за бакнеж во уста, секогаш ќе свртеше образ и како брат и сестра. После од кога завршивме основно брзо се преселија со нејзините во странство и од кога заминаа си имавме 1-2 пати пишано и толку никогаш повеќе не се ни сретнавме. Втората ми беше повеќе како прва, со прв бакнеж, и повеќе личеше на врска, 2г беше помала од мене. Убаво било додека траело, ама не се пронајдовме еден во друг.. Си немаме ништо лошо оставено и ден денес на улица ако се сретнеме си правиме муабет и баш ми е мило што сме останал во добри односи.
Беше долгогодишна (5-6 години), многу бурна и невозвратена. Жал ми е за себе што уште првата љубов ми беше болна и невозвратена, но тоа е… одамна беше, остана само споменот од болката.
Првата љубов ми беше и прв дечко и прва врска која траеше 3 ипол години. Се фативме кога имав неполни 16, тој имаше 17. Деца бевме. Многу солзи исплакав за него. Сега не сме во никаков контакт. Цела негова фамилија се' уште ја имам на фб и инста.