Простување

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 11 септември 2010.

  1. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Простувам дури и тогаш кога не би требало да простам. Некои луѓе тоа го користеле и се повеќе ме повредувале. Ама ако еднаш се помине границата, нема втора шанса. Тоа што ќе го простам не го заборавам, но не сум злопамтило. Никогаш не сум вратила во иста мера. Некако животот го прави тоа место мене. :)
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Човечки е да се простува...затоа што кога простувате тоа не го правите поради другиот туку поради себе.Простувањето ви дава мир, а со тоа нема место за негативна енергија која може само лично вас да ве уништи.Тој на кој ќе му простите ќе си го добие заслуженото порано или подоцна.
     
  3. sexybaby22

    sexybaby22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    22
    Простувам, но на крај пак се разочарувам затоа што сум простила, но после пак ке простам.Наивна сум што да правам. Да кажав дека простувам но никогаш не заборавм ;)
     
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Простувам, секогаш простувам.
    Секогаш многу брзо ми поминува лутината, и брзо заборавам доколку е некоја банална работа.
    Но доколку се работи за некоја посериозна работа, да ќе простам, но дали ќе заборавам?
    Тоа е малку потешко, не дека ќе враќам, и ќе се правам злопамтило, ама тоа ќе ме прогонува, и не ќе можам да го заборавам. Колку и да сакам, немам erase или delete опција во паметот. :wasntme:
     
  5. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Понекогаш им простуваме на луѓето бидејќи се' уште ги сакаме во нашиот живот. Јас во принцип не простувам, буквално речено, туку заборавам и автоматски тоа е простено, бидејќи е заборавено. Лоша навика, ама што да се прави! На тие што ми се драги, не им ни замерувам. Но, некогаш ќе ме удри тоа по глава и ќе се освестам, ама да се надеваме дека нема многу лошо да си поминам :lol:
     
  6. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Простувам но по многу долго време, но никогаш не заборавам!
     
  7. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Простувам, а и барам да ми простат кога грешам. Е сега имам еден исклучок во животот на кого никогаш НЕМА да му простам, тоа е мојот татко :(
     
  8. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Непоправливо простувам,на сите..Имам или имав личност во мојот живот на која и простив бесконечно многу пати, и пак никогаш не бев добра и во право.Луѓето некогаш немаат граници и не знаат дека по милион пати не се бара прошка,притоа за иста грешка.
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.632
    Допаѓања:
    2.474
    eдна од моите најголеми мани е тоа што не знам да простам..
    можам да бидам пријателка со многу, да помагам, се да биде во ред, но ако ми згреши крај.. колку и да ми е тешко, колку и да ми била блиска личноста не знам да простам..не сакам од иста личност да бидам повредена два пати.. и секогаш се водам по правилото ако се случило еднаш.. ке се случи и втор пат..
     
  10. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    простувам само првиот пат за било шо позз
     
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сакам да ве прашам и по можност совет.
    Дали би простиле на човек кој е пред смртна постела,ваш брат кој уште пред 30 години сте се скарале за некој дел од имот,никогаш од тогаш не сте се виделе,направил свадби,крштевки,веридби и не ве поканил.
    Но притоа вашиот маж да не ве пушта да го посетите својот сопствен брат?
    Дали тоа би го направиле.Блиска роднина се наоѓа во ваква ситуациа и не знам како да и помогнам.
     
  12. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    јас би простила,секој греши во животот на секој треба да му се даде друга шанса,но во случајов е многу различно,не постои друга шанса најдобро е да му прости пред да умре бидејки после можи ова цел живот понатака да ја прогонува и да има грижа на совест
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Простувам... да...знам да им олеснам на другите кога ќе ми згрешат,знам да кажам дека не сум повредена тогаш кога ме ,,треснале од земја,, ама не знам да заборавам! Јас у принцип сум злопамтило човек, И да сакам да заборавм, не можам! И не си ја сакам таа особина, особено сакам да ја искоренам од мене кога станува збор за ситни грешки кои секој ги прави! Сакам да бидам попопустлива, да простувам полесно, ама знам дека постојат луѓе кои не заслужуваат да им се даде прошка и постојат грешки кои не се простуваат!
    Не дека јас не грешам,ама поголем грев е оној кој го направиле другите отколку гревот што самите сме го предизвикале!
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Нема тука што да се меша мажот. После таква глупост, 30 години да се откажеш од брат заради имот :( зарем треба да чека да умре човекот, па да појде?? Мислам, на смртна постела рече дека е човекот? Тука нема калкулирање, чекање нити барање дозвола. Ако срцето и вели дека треба да оди, треба да оди, нејзин брат е.
     
    На sramezliv92 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    зависи личноста како се чуствува ако смета дека треба да оди и да прости да, но ако чуствува одговорност само затоа што умира не би требало, мажот може сака само да ја заштити сопругата зошто сигурно тој 30 години го гледал страдањето на сестрата за братот но сепак вие си ја знаете најдобро ситуацијата .

    јас на баба ми и да умира и да ме моли не планирам да и простам ниту пак да ја видам пред умирање ниту на погреб да и одам значи до таму е работава. а многу работи знам да простам додека не ми стапниш на живецот.
     
  16. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Простувам,речиси секогаш.Понекогаш се прашувам колку ми е добра оваа особина,но ете таква сум.Кога и да ме повреди некој враќам со зборови,никогаш не молчам,но откако ќе помине некое време,сметам дека животот е премногу краток а бога ми и убав за да го поминам во лутење,едноставно не добивам ништо од тоа.Е сега постојат некои сериозни и големи работи,за кои ме повредиле личности за кои сум верувала дека не се во состојба да ме повредат,но го сториле тоа,и после некое време,доволно е да се сетам на убавите работи што сме ги поминале и ги заборавам лошите.Не сум злопамтило,ама ич.
     
  17. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Простувам ако ми значи личноста, но не заборавам.
    Не можам.
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Простувам, пред се поради тоа што човечки е да се згреши,но и поради тоа што не сакам некого да повредам.Доколку некој ме повреди,едноставно прекинувам секаков контакт со таа личност која ме повредила, со самото тоа го поштедувам другиот а и себе си од навреди итн.Мислам дека доколку се повредуваме едни меѓу други, ништо не добиваме, само губиме, за кавга се потребни двајца.Одмаздата не е добар начин за да се поправи грешката,само уште повеќе се влошува ситуацијата, нешто што веќе го имам видено,па и сосема ми е јасно за сето ова што го зборувам.Сметам дека е подобро да се прости.
     
  19. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    867
    Простувам,и тоа често.Незнам колку пати сум рекла ГОТОВО! Нема повеќе простување на некои личности и пак сум им простила.И кога сум во право,а некој ми згреши пак знам да простам :?: Едноставно слаба страна ми е извинувањето и каењето на другите,па макар и биле лажни!Кога некој ми се извини за некоја грешка веднаш простувам бидејќи човечки е да греши а и да се простува,а доколку некој лажно глуми без искрено каење за грешките и повторно има намера да ме повредува тоа не е моја работа.Бог е тука да суди и казнува,јас не сум за тоа.Јас сум само должна да го прифатам извинувањето и да дадам шанса ;)
     
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.132
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Простувам ама не секогаш, значи многу ми е важна проценката моја на ситуацијата за која што треба да се прости.ако видам дека нешто злонамерно и тендециозно на моја штета ми прават непростувам, ама ако некој ми згреши ненамерно секако ќе му простам.Исто така доста ми влијае колку ја сакам личноста на која што треба да и простам.Едноставно на некој блиски луѓе не можам а да не им простам.