Простувам дури и тогаш кога не би требало да простам. Некои луѓе тоа го користеле и се повеќе ме повредувале. Ама ако еднаш се помине границата, нема втора шанса. Тоа што ќе го простам не го заборавам, но не сум злопамтило. Никогаш не сум вратила во иста мера. Некако животот го прави тоа место мене.
Човечки е да се простува...затоа што кога простувате тоа не го правите поради другиот туку поради себе.Простувањето ви дава мир, а со тоа нема место за негативна енергија која може само лично вас да ве уништи.Тој на кој ќе му простите ќе си го добие заслуженото порано или подоцна.
Простувам, но на крај пак се разочарувам затоа што сум простила, но после пак ке простам.Наивна сум што да правам. Да кажав дека простувам но никогаш не заборавм
Простувам, секогаш простувам. Секогаш многу брзо ми поминува лутината, и брзо заборавам доколку е некоја банална работа. Но доколку се работи за некоја посериозна работа, да ќе простам, но дали ќе заборавам? Тоа е малку потешко, не дека ќе враќам, и ќе се правам злопамтило, ама тоа ќе ме прогонува, и не ќе можам да го заборавам. Колку и да сакам, немам erase или delete опција во паметот.
Понекогаш им простуваме на луѓето бидејќи се' уште ги сакаме во нашиот живот. Јас во принцип не простувам, буквално речено, туку заборавам и автоматски тоа е простено, бидејќи е заборавено. Лоша навика, ама што да се прави! На тие што ми се драги, не им ни замерувам. Но, некогаш ќе ме удри тоа по глава и ќе се освестам, ама да се надеваме дека нема многу лошо да си поминам
Простувам, а и барам да ми простат кога грешам. Е сега имам еден исклучок во животот на кого никогаш НЕМА да му простам, тоа е мојот татко
Непоправливо простувам,на сите..Имам или имав личност во мојот живот на која и простив бесконечно многу пати, и пак никогаш не бев добра и во право.Луѓето некогаш немаат граници и не знаат дека по милион пати не се бара прошка,притоа за иста грешка.
eдна од моите најголеми мани е тоа што не знам да простам.. можам да бидам пријателка со многу, да помагам, се да биде во ред, но ако ми згреши крај.. колку и да ми е тешко, колку и да ми била блиска личноста не знам да простам..не сакам од иста личност да бидам повредена два пати.. и секогаш се водам по правилото ако се случило еднаш.. ке се случи и втор пат..
Сакам да ве прашам и по можност совет. Дали би простиле на човек кој е пред смртна постела,ваш брат кој уште пред 30 години сте се скарале за некој дел од имот,никогаш од тогаш не сте се виделе,направил свадби,крштевки,веридби и не ве поканил. Но притоа вашиот маж да не ве пушта да го посетите својот сопствен брат? Дали тоа би го направиле.Блиска роднина се наоѓа во ваква ситуациа и не знам како да и помогнам.
јас би простила,секој греши во животот на секој треба да му се даде друга шанса,но во случајов е многу различно,не постои друга шанса најдобро е да му прости пред да умре бидејки после можи ова цел живот понатака да ја прогонува и да има грижа на совест
Простувам... да...знам да им олеснам на другите кога ќе ми згрешат,знам да кажам дека не сум повредена тогаш кога ме ,,треснале од земја,, ама не знам да заборавам! Јас у принцип сум злопамтило човек, И да сакам да заборавм, не можам! И не си ја сакам таа особина, особено сакам да ја искоренам од мене кога станува збор за ситни грешки кои секој ги прави! Сакам да бидам попопустлива, да простувам полесно, ама знам дека постојат луѓе кои не заслужуваат да им се даде прошка и постојат грешки кои не се простуваат! Не дека јас не грешам,ама поголем грев е оној кој го направиле другите отколку гревот што самите сме го предизвикале!
Нема тука што да се меша мажот. После таква глупост, 30 години да се откажеш од брат заради имот зарем треба да чека да умре човекот, па да појде?? Мислам, на смртна постела рече дека е човекот? Тука нема калкулирање, чекање нити барање дозвола. Ако срцето и вели дека треба да оди, треба да оди, нејзин брат е.
зависи личноста како се чуствува ако смета дека треба да оди и да прости да, но ако чуствува одговорност само затоа што умира не би требало, мажот може сака само да ја заштити сопругата зошто сигурно тој 30 години го гледал страдањето на сестрата за братот но сепак вие си ја знаете најдобро ситуацијата . јас на баба ми и да умира и да ме моли не планирам да и простам ниту пак да ја видам пред умирање ниту на погреб да и одам значи до таму е работава. а многу работи знам да простам додека не ми стапниш на живецот.
Простувам,речиси секогаш.Понекогаш се прашувам колку ми е добра оваа особина,но ете таква сум.Кога и да ме повреди некој враќам со зборови,никогаш не молчам,но откако ќе помине некое време,сметам дека животот е премногу краток а бога ми и убав за да го поминам во лутење,едноставно не добивам ништо од тоа.Е сега постојат некои сериозни и големи работи,за кои ме повредиле личности за кои сум верувала дека не се во состојба да ме повредат,но го сториле тоа,и после некое време,доволно е да се сетам на убавите работи што сме ги поминале и ги заборавам лошите.Не сум злопамтило,ама ич.
Простувам, пред се поради тоа што човечки е да се згреши,но и поради тоа што не сакам некого да повредам.Доколку некој ме повреди,едноставно прекинувам секаков контакт со таа личност која ме повредила, со самото тоа го поштедувам другиот а и себе си од навреди итн.Мислам дека доколку се повредуваме едни меѓу други, ништо не добиваме, само губиме, за кавга се потребни двајца.Одмаздата не е добар начин за да се поправи грешката,само уште повеќе се влошува ситуацијата, нешто што веќе го имам видено,па и сосема ми е јасно за сето ова што го зборувам.Сметам дека е подобро да се прости.
Простувам,и тоа често.Незнам колку пати сум рекла ГОТОВО! Нема повеќе простување на некои личности и пак сум им простила.И кога сум во право,а некој ми згреши пак знам да простам Едноставно слаба страна ми е извинувањето и каењето на другите,па макар и биле лажни!Кога некој ми се извини за некоја грешка веднаш простувам бидејќи човечки е да греши а и да се простува,а доколку некој лажно глуми без искрено каење за грешките и повторно има намера да ме повредува тоа не е моја работа.Бог е тука да суди и казнува,јас не сум за тоа.Јас сум само должна да го прифатам извинувањето и да дадам шанса
Простувам ама не секогаш, значи многу ми е важна проценката моја на ситуацијата за која што треба да се прости.ако видам дека нешто злонамерно и тендециозно на моја штета ми прават непростувам, ама ако некој ми згреши ненамерно секако ќе му простам.Исто така доста ми влијае колку ја сакам личноста на која што треба да и простам.Едноставно на некој блиски луѓе не можам а да не им простам.