Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.223
    Допаѓања:
    15.862
    Ако немаш примања можеш да поднесеш барање за Verfahrenskostenbeihilfe т.е да ти бидат покриени трошоците за адвокат за време на процесот.
    За време на Trennungsjahr ќе биде одредено колку алиментација треба да плаќа за детето, исто и за твое издржување.
    Можеш исто да поднесеш барање судот да ти ја додели куќата/станот на тебе за време на таа година.
    Можеш исто да се обратиш до Job Center за помош т.е Lebensunterhalt.
    Ако се разведеш во Германија, се' ќе биде по нивните закони и висината на алиментацијата ќе биде одредена по нивните граници и стандард.

    Јас не би избрала свесно да заглавам во лавиринтите на македонското судство. Во Германија и те како се заштитени правата на мајките во ваквите слуачеви и што и да се случи нема да останеш како риба на сув песок..
     
    На gjoker4e, H.VAGA, riba79 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.857
    Допаѓања:
    186.392
    Форца, колку што разбрав од дискусијава она не може да поднесе ни барање за развод, ни во Германија ни во Македонија. Ако е сега во мк со дете, мора да се врати таму, инаку ќе се рачуна го киднапирала. Со оглед на тоа што има регулиран престој во Германија и се на иста адреса, значи мора процесот да се тера во Германија, така?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    17.530
    Пол:
    Женски
    @Carmen von Notra А како си имаш дојдено во МК нели ти требаше потпис од него дека детето го вадиш од таму ?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Тука може да поднесе тужба за развод и ќе се разведе ако е моментално во Македонија дури и да се работи за македонски државјани, но проблемот е друг, во Германија таа има лична карта со постојана адреса како и нејзиниот сопруг тоа значи дека имаат вообичаено заедничко живеалиште односно последно заедничко живеалиште во Германија и кога е замешана друга сериозна држава кај што се почитуваат закони, а во случајот станува збор за развод со меѓународен елемент и се гледаат правилата од Законот за меѓународно приватно право во Македонија и во Германија, македонскиот закон вели ако вообичаеното живеалиште е надвор од Македонија тогаш надлежен суд за развод е странскиот суд, и сега треба да проверат во Германија нивниот закон што пишува ако го пишува истото тогаш и да се разведат овде, германскиот суд нема да ја признае таа одлука затоа што е спротивна на германското законодавство и тогаш исто како да не се разведени затоа што согласно меѓународното право (Македонскиот ЗМПП и германскиот ЗМПП) вели кај што имаат заедничко живеалиште таму треба да се разведат затоа треба да контактираат и германски адвокат, или таму во ЦСР да прашаат за 100% сигурност, колегата требало да им укаже на ова, не е поентата да се разведе во Македонија и тоа да важи само за Македонија, а имајќи предвид дека Германија е ЕУ, нејзиниот сопруг може утре во Германија да пријави дека таа го киднапирала детето итн., со други зборови зезнато е кога ќе се вмеша меѓународното право.
    Јас погоре пишав лесно е за мак. државјани развод ама кои реално си живеат во Македонија, ретко кога се почитува Законот за меѓународно приватно право, има доста од правната фела кои не ни знаат дека постои законот, но не е работата да се заврши само во Македонија а надвор од граница да се соочи со сериозен шок, во ЕУ се почитуваат законите. :)
     
    На Biljarkata, LiquidLuna, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Ви ја прочитав пораката, ви одговорив, проблемот е во тоа дека имате заедничко живеалиште по документ во Германија, а ЗМПП нашиот е јасен, веројатно истото го пишува и во германскиот ЗМПП, да не должам како што пишав погоре, сменете адреса во Германија и тогаш нема да имате никакви проблеми да се разведете во Македонија, или одјавете се од Германија дека веќе не живеете на таа адреса и пријавете постојано живеалиште во Македонија, за да се избегне ЗМПП, германците почитуваат закони, и да се разведете овде ако германскиот суд не ви ја признае одлуката затоа што не е согласно ЗМПП мак. и гер., исто како да не сте разведени во Германија, а со тоа му оставате ширум отворена врата на вашиот сопруг да ве шиканира и саботира (најкултурно да се изразам), во вашиот случај прво контактирајте германски адвокат или нивното ЦСР да ви каже 100% точно која држава е надлежна за разводот.
    Не сакам да ве уплашам туку да ви ја доловам целосно сликата за да утре да не ве изненадат при влез во ЕУ, меѓународното право е сериозна работа особено ако се работи за Западна Европа затоа треба внимателно да се пристапува.
     
    На riba79, Biljarkata, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Не сум се отворила вака детално на темата но ова денес ја прели чашата, ми треба совет.
    Во брак сме 5г од кои последните 4 спиеме во различни соби. Комуникација и се има некаква да речам, но постојано со проблеми и препукувања де неговите де моите. За неговите што и да речат е се во ред, а за моите ако падне збор тогаш е војна. Имаме две деца, 5г и 1г. Брачниот другар е постојано на работа а ако не е на работа е во кафана, си доаѓа касно и одма во кревет. Нит деца го интересираат нит жена. Знам дека покрај тоа што пие тој и зима бело и марихуана. Јас вака веќе не сакам и не можам да живеам, сакам да се разведам и отворено му кажав. Е сега што е пречката се прашувате? Негови многу блиски роднини се доста влијателни во градот, буквално со сите се изповрзани не судии, не адвокати, не ЦСР. Многу ми е страв дека со сите можни врски ќе ми ги земе децата. Без деца не си одам, нема да можам да живеам без нив. За никаде не сум.. имам солидни примања можам да си дозволам ако не повеќе една гарсоњера за почеток оти мирот нема цена. Ве молам за совет од Вас поискусните, што да правам од сега натака? Смеам ли да го снимам кога е пијан и не може на нозе да стои? Ги знам и лицата од кои купува бело. Што да правам?
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.119
    Допаѓања:
    11.895
    Пол:
    Женски
    Најди добар адвокат, барај ја Катерина од Битола мислам дека е, многу фалена за разводи, кај многу има помогнато. Таа ќе ти даде најдобри совети како да постапиш.
    Со таков ни минута не треба да си. Опасен за тебе и за децата.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  8. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Ќе побарам сега
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Машки
    Мораш што побрзо да се разведеш. Распрашај се околу адвокати се надевам имаш доволно заштеда за добар адвокат ако не позајми се од твоите.
    Сега незнам дали имаш право да го снимиш, ама ти можеш кога ќе имаш прилика да не те види сними го, а подоцна ќе ти каже адвокатот дали можеш да го користиш тоа како доказ.
    Исто така луѓето од кои купува марихуана мислам дека нема да ти бидат сведоци затоа што така сами ќе си се изгорат. Тоа што користи дрога е добро ако можеш да дознаеш кога дрогата е во него да го пријавиш или ако знаеш кај ја крие дома да го пријавиш во полиција, ама не ја допирај ти со раце. Исто така полицијата нема да реагира ако не најде дрога кај него, ако најде ќе биде казнет и тоа можеш да го искористиш против него.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  10. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Ова со полицијата е добро, кога ќе знам дека има со него прва шанса одма ќе го пријавам. Со себе ја носи во маска од телефон. Дали би била анонимна пријава или би му кажале кој го пријавил?
    Ти благодарам за советот.
     
  11. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Машки
    Ако ти сакаш да е анонимно нема да му кажат.
    Ама мислам дека може и анонимно да пријавиш да не кажеш име и презиме.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  12. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.084
    Пол:
    Женски
    Дечки, мислам дека таква снимка нема да се земе како доказ во постапка, а може и да ја тужи за неовластено снимање според кривичен закон. Нека ме исправи некој правник ако сум разбрала погрешно.
    Доказ би било да го пријави за напад/закана и да му направат тест дали е под дејство на опојни дроги.
     
    На Inana123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    27.532
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за ова шо го прочитав , многу. Ако ти треба помош, пиши ми.
    Снимки колку што сум запозната не се важат, ама кога е пијан и издрогиран можеш да викнеш полиција. Нека направат записник, пријава.
    Ако го приметиш кај ја става дрогата, пријави го. Ако приметиш повици, пораки, кога ќе оди да зима дрога - пријави. Се што можеш, пријавувај.
    Децата никој не може да ти ги земе, посебно со пријави дека е наркоман. На полицијата исто им е битно да фатат дилерите па така си во ќар.
    Пак ќе се консултираш со адвокат, и на форумов имаме адвокати, ќе те советуваат.

    Ти посакувам среќичка (fingers):l:
     
    На Mumoftwo30, riba79, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, навистина ми значи поддршката :l:
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.132
    Допаѓања:
    177.795
    Прво најди ја на фб Котевска Катерина и со неа консултација
    Второ ако некогаш има ситуација да те нападне физички или вербално пријави во полиција и кажи дека е под дејство на алкохол или дрога и барај тоа да влезе у записник и барај копија од записникот и плус оди на доктор извади лекарско
    На суд воа к@рот шо ке добие дете
    Не брзај собирај докази снимки консултирај црс адвокати и коа ке дојде време замини си со двете деца коа нема да е дома
    Еве ја адвокатката

    Screenshot_20250503_235558_Facebook.jpg
     
    Последна измена: 3 мај 2025 во 23:58
    На riba79 и Inana123 им се допаѓа ова.
  16. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу!
    Така планирам, да не избрзувам кај истрпив волку ќе истрпам и уште само за да соберам докази, пријави, да се обезбедам за со децата стан и да му залепам тужба кога најмалку ќе очекува.
    Клошариште он 5мин ги нема погледнато децата не е способен не ќе ми ги земел. Ама корумпирана држава, со врските нивни се е могуче..
     
    На riba79 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  17. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.513
    Пол:
    Машки
    Биди силна за твоите деца, со среќа.
    Многу поголеми се шансите ти да ги добиеш децата.
    Верувај дека веќе си ги добила дечињата, и не откажувај се за подобра и твоја и иднина на децата.
    Бог е секогаш праведен, помоли си да ти помогне да најдеш добар адвокат и судијата праведно да суди и да ти даде сила.
    Со среќа ќе се молиме сите тука за тебе.
    Со среќа, ќе успееш. (fingers)

    И ако има адвокат или судија на форумот нека и пише тука или лп повеќе за ова како оди постапката да и помогне.
    Или некој член ако познава адвокат тука нека го тагне..
     
    На riba79, LiquidLuna, TrueToMyself и 4 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    36.513
    Пол:
    Женски
    Еден совет, не купувај стан додека си во брак. Ќе треба да делите после. Подобро почекај развод, па после купувај.
     
    На nena2010, anggell, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    6.271
    Пол:
    Женски
    @Forca e advokat.
     
    На Forca, Inana123 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.385
    Допаѓања:
    120.428
    Пол:
    Женски
    @Inana123 додека не се разведеш службено стан купување ни под разно. Пари што имаш дај ги на сметка на некој близок зашто при делба и тие се важат ако ти се собрани за стан. Во прво време оди под кирија ама стан ни под разно не купувај. Ќе биде стекнат во брак ќе има право на него.
     
    На Gosh, SummerGirl, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.