Форумџика на годината

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.187
    Пол:
    Машки
    Ви ја прочитав пораката, ви одговорив, проблемот е во тоа дека имате заедничко живеалиште по документ во Германија, а ЗМПП нашиот е јасен, веројатно истото го пишува и во германскиот ЗМПП, да не должам како што пишав погоре, сменете адреса во Германија и тогаш нема да имате никакви проблеми да се разведете во Македонија, или одјавете се од Германија дека веќе не живеете на таа адреса и пријавете постојано живеалиште во Македонија, за да се избегне ЗМПП, германците почитуваат закони, и да се разведете овде ако германскиот суд не ви ја признае одлуката затоа што не е согласно ЗМПП мак. и гер., исто како да не сте разведени во Германија, а со тоа му оставате ширум отворена врата на вашиот сопруг да ве шиканира и саботира (најкултурно да се изразам), во вашиот случај прво контактирајте германски адвокат или нивното ЦСР да ви каже 100% точно која држава е надлежна за разводот.
    Не сакам да ве уплашам туку да ви ја доловам целосно сликата за да утре да не ве изненадат при влез во ЕУ, меѓународното право е сериозна работа особено ако се работи за Западна Европа затоа треба внимателно да се пристапува.
     
    На riba79, Biljarkata, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Не сум се отворила вака детално на темата но ова денес ја прели чашата, ми треба совет.
    Во брак сме 5г од кои последните 4 спиеме во различни соби. Комуникација и се има некаква да речам, но постојано со проблеми и препукувања де неговите де моите. За неговите што и да речат е се во ред, а за моите ако падне збор тогаш е војна. Имаме две деца, 5г и 1г. Брачниот другар е постојано на работа а ако не е на работа е во кафана, си доаѓа касно и одма во кревет. Нит деца го интересираат нит жена. Знам дека покрај тоа што пие тој и зима бело и марихуана. Јас вака веќе не сакам и не можам да живеам, сакам да се разведам и отворено му кажав. Е сега што е пречката се прашувате? Негови многу блиски роднини се доста влијателни во градот, буквално со сите се изповрзани не судии, не адвокати, не ЦСР. Многу ми е страв дека со сите можни врски ќе ми ги земе децата. Без деца не си одам, нема да можам да живеам без нив. За никаде не сум.. имам солидни примања можам да си дозволам ако не повеќе една гарсоњера за почеток оти мирот нема цена. Ве молам за совет од Вас поискусните, што да правам од сега натака? Смеам ли да го снимам кога е пијан и не може на нозе да стои? Ги знам и лицата од кои купува бело. Што да правам?
     
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.887
    Допаѓања:
    14.079
    Пол:
    Женски
    Најди добар адвокат, барај ја Катерина од Битола мислам дека е, многу фалена за разводи, кај многу има помогнато. Таа ќе ти даде најдобри совети како да постапиш.
    Со таков ни минута не треба да си. Опасен за тебе и за децата.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  4. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Ќе побарам сега
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Машки
    Мораш што побрзо да се разведеш. Распрашај се околу адвокати се надевам имаш доволно заштеда за добар адвокат ако не позајми се од твоите.
    Сега незнам дали имаш право да го снимиш, ама ти можеш кога ќе имаш прилика да не те види сними го, а подоцна ќе ти каже адвокатот дали можеш да го користиш тоа како доказ.
    Исто така луѓето од кои купува марихуана мислам дека нема да ти бидат сведоци затоа што така сами ќе си се изгорат. Тоа што користи дрога е добро ако можеш да дознаеш кога дрогата е во него да го пријавиш или ако знаеш кај ја крие дома да го пријавиш во полиција, ама не ја допирај ти со раце. Исто така полицијата нема да реагира ако не најде дрога кај него, ако најде ќе биде казнет и тоа можеш да го искористиш против него.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  6. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ова со полицијата е добро, кога ќе знам дека има со него прва шанса одма ќе го пријавам. Со себе ја носи во маска од телефон. Дали би била анонимна пријава или би му кажале кој го пријавил?
    Ти благодарам за советот.
     
  7. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Машки
    Ако ти сакаш да е анонимно нема да му кажат.
    Ама мислам дека може и анонимно да пријавиш да не кажеш име и презиме.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  8. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    4.584
    Пол:
    Женски
    Дечки, мислам дека таква снимка нема да се земе како доказ во постапка, а може и да ја тужи за неовластено снимање според кривичен закон. Нека ме исправи некој правник ако сум разбрала погрешно.
    Доказ би било да го пријави за напад/закана и да му направат тест дали е под дејство на опојни дроги.
     
    На slobodka и Inana123 им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.220
    Допаѓања:
    39.704
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за ова шо го прочитав , многу. Ако ти треба помош, пиши ми.
    Снимки колку што сум запозната не се важат, ама кога е пијан и издрогиран можеш да викнеш полиција. Нека направат записник, пријава.
    Ако го приметиш кај ја става дрогата, пријави го. Ако приметиш повици, пораки, кога ќе оди да зима дрога - пријави. Се што можеш, пријавувај.
    Децата никој не може да ти ги земе, посебно со пријави дека е наркоман. На полицијата исто им е битно да фатат дилерите па така си во ќар.
    Пак ќе се консултираш со адвокат, и на форумов имаме адвокати, ќе те советуваат.

    Ти посакувам среќичка (fingers):l:
     
    На Mumoftwo30, riba79, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, навистина ми значи поддршката :l:
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.787
    Допаѓања:
    189.317
    Прво најди ја на фб Котевска Катерина и со неа консултација
    Второ ако некогаш има ситуација да те нападне физички или вербално пријави во полиција и кажи дека е под дејство на алкохол или дрога и барај тоа да влезе у записник и барај копија од записникот и плус оди на доктор извади лекарско
    На суд воа к@рот шо ке добие дете
    Не брзај собирај докази снимки консултирај црс адвокати и коа ке дојде време замини си со двете деца коа нема да е дома
    Еве ја адвокатката

    Screenshot_20250503_235558_Facebook.jpg
     
    Последна измена: 3 мај 2025
    На riba79 и Inana123 им се допаѓа ова.
  12. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу!
    Така планирам, да не избрзувам кај истрпив волку ќе истрпам и уште само за да соберам докази, пријави, да се обезбедам за со децата стан и да му залепам тужба кога најмалку ќе очекува.
    Клошариште он 5мин ги нема погледнато децата не е способен не ќе ми ги земел. Ама корумпирана држава, со врските нивни се е могуче..
     
    На riba79 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  13. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.769
    Пол:
    Машки
    Биди силна за твоите деца, со среќа.
    Многу поголеми се шансите ти да ги добиеш децата.
    Верувај дека веќе си ги добила дечињата, и не откажувај се за подобра и твоја и иднина на децата.
    Бог е секогаш праведен, помоли си да ти помогне да најдеш добар адвокат и судијата праведно да суди и да ти даде сила.
    Со среќа ќе се молиме сите тука за тебе.
    Со среќа, ќе успееш. (fingers)

    И ако има адвокат или судија на форумот нека и пише тука или лп повеќе за ова како оди постапката да и помогне.
    Или некој член ако познава адвокат тука нека го тагне..
     
    На riba79, LiquidLuna, TrueToMyself и 4 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.209
    Допаѓања:
    38.243
    Пол:
    Женски
    Еден совет, не купувај стан додека си во брак. Ќе треба да делите после. Подобро почекај развод, па после купувај.
     
    На nena2010, anggell, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  15. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    7.536
    Пол:
    Женски
    @Forca e advokat.
     
    На Forca, Inana123 и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.435
    Допаѓања:
    136.585
    Пол:
    Женски
    @Inana123 додека не се разведеш службено стан купување ни под разно. Пари што имаш дај ги на сметка на некој близок зашто при делба и тие се важат ако ти се собрани за стан. Во прво време оди под кирија ама стан ни под разно не купувај. Ќе биде стекнат во брак ќе има право на него.
     
    На Gosh, SummerGirl, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Likicka

    Likicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    77
    @Inana123 кога ќе пријавуваш на 112 да знаеш дека твојата локација ја знаат (пријавувавме нарушување, бевме пред зграда и ни ја кажаа улицата на која се наоѓаме). Ако те прашаат за име и презиме си кажи дека знаеш дека имаш право да пријавиш анонимно и не отстапувај.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    38.871
    Пол:
    Женски
    Ова сериозно ако ѕвонам на 112 само што ќе за ѕвонам ќе ми знаат локација?
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.276
    Допаѓања:
    205.766
    Пол:
    Женски
    Мора да знаат локација, кога повикот го прави лице што е во опасност, загрозено и не може да каже точна адреса, како ќе знаат каде да дојдат? Секаде е ова пракса, кога викаш брза помош, полиција, пожарна... Логично и очекувано е.
     
    На Mumoftwo30, H.VAGA, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Машки
    Ти си во многу тешка ситуација, и пред сè, сакам да ти кажам дека твоите чувства се сосема оправдани. Се наоѓаш во средина каде што се чувствуваш загрозено, а најголемата грижа ти се децата – и тоа е сосема природно.
    Во Македонија, при развод судот одлучува за старателството врз основа на најдобриот интерес на детето. Факторите што се земаат предвид вклучуваат односот на детето со родителите, нивната способност да обезбедат стабилна средина, како и евентуални проблеми како злоупотреба на супстанции.
    Што можеш да направиш:
    - Консултирај се со адвокат – Најди искусен адвокат кој ќе ти помогне да ги разбереш твоите права и да подготвиш стратегија за старателството.
    - Документирај го неговото однесување – Докази како фотографии, видеа или сведоштва од луѓе кои го виделе пијан или под дејство на дрога можат да бидат корисни во судска постапка.
    - Центар за социјални работи – Оваа институција има голема улога во процесот на старателство. Ако можеш, контактирај ги и објасни ја твојата ситуација.
    - Финансиска независност –- Веќе имаш солидни примања, што е голем плус. Обезбеди си стабилно место за живеење за тебе и децата.
    - Поддршка од блиски луѓе – Ако имаш семејство или пријатели кои можат да ти помогнат, не двоуми се да побараш поддршка.
    Разводот е тежок, но твоето и благосостојбата на децата се најважни. Ако чувствуваш дека си во опасност, размисли за дополнителни мерки за заштита. Ти посакувам сила и храброст во оваа борба.
     
    На Inana123 му/ѝ се допаѓа ова.