Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Likicka

    Likicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    76
    @Inana123 кога ќе пријавуваш на 112 да знаеш дека твојата локација ја знаат (пријавувавме нарушување, бевме пред зграда и ни ја кажаа улицата на која се наоѓаме). Ако те прашаат за име и презиме си кажи дека знаеш дека имаш право да пријавиш анонимно и не отстапувај.
     
    На SummerGirl и Inana123 им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.286
    Допаѓања:
    37.173
    Пол:
    Женски
    Ова сериозно ако ѕвонам на 112 само што ќе за ѕвонам ќе ми знаат локација?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.802
    Допаѓања:
    202.797
    Пол:
    Женски
    Мора да знаат локација, кога повикот го прави лице што е во опасност, загрозено и не може да каже точна адреса, како ќе знаат каде да дојдат? Секаде е ова пракса, кога викаш брза помош, полиција, пожарна... Логично и очекувано е.
     
    На H.VAGA, SummerGirl, riba79 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Timbo

    Timbo Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Ти си во многу тешка ситуација, и пред сè, сакам да ти кажам дека твоите чувства се сосема оправдани. Се наоѓаш во средина каде што се чувствуваш загрозено, а најголемата грижа ти се децата – и тоа е сосема природно.
    Во Македонија, при развод судот одлучува за старателството врз основа на најдобриот интерес на детето. Факторите што се земаат предвид вклучуваат односот на детето со родителите, нивната способност да обезбедат стабилна средина, како и евентуални проблеми како злоупотреба на супстанции.
    Што можеш да направиш:
    - Консултирај се со адвокат – Најди искусен адвокат кој ќе ти помогне да ги разбереш твоите права и да подготвиш стратегија за старателството.
    - Документирај го неговото однесување – Докази како фотографии, видеа или сведоштва од луѓе кои го виделе пијан или под дејство на дрога можат да бидат корисни во судска постапка.
    - Центар за социјални работи – Оваа институција има голема улога во процесот на старателство. Ако можеш, контактирај ги и објасни ја твојата ситуација.
    - Финансиска независност –- Веќе имаш солидни примања, што е голем плус. Обезбеди си стабилно место за живеење за тебе и децата.
    - Поддршка од блиски луѓе – Ако имаш семејство или пријатели кои можат да ти помогнат, не двоуми се да побараш поддршка.
    Разводот е тежок, но твоето и благосостојбата на децата се најважни. Ако чувствуваш дека си во опасност, размисли за дополнителни мерки за заштита. Ти посакувам сила и храброст во оваа борба.
     
    На Inana123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    Се консултирав со адвокат Катерина пред некој ден. Таа вели дека нема никакви шанси децата да ги добие тој, но сепак ми е страв поради неговите врски. Сите видовме што и се случи на жената која судот го додели детето на таткото од Охрид.
    И имам и огромен страв од непознатото. Што потоа? Ќе почнувам од 0. Страв ми е дека ќе го манипулираат поголемото дете бидејќи е повеќе приврзано со нив. Многу се мислам овие дена.. Може ли некој што минал низ истото да ми пише?
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.900
    Допаѓања:
    186.755
    Потоа ќе живееш живот со еден товар помалку. А на детето сигурно ќе му биде подобро ако ги гледа помалку отколку да ги гледа постојано.Башка како растат децата се појасно им станува што е што. Спасувај се , и спасувај ги децата. Алкохол и дрога не се наивна работа.
     
    На ALISA0000, Mother of 2boys, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.