@Inana123 кога ќе пријавуваш на 112 да знаеш дека твојата локација ја знаат (пријавувавме нарушување, бевме пред зграда и ни ја кажаа улицата на која се наоѓаме). Ако те прашаат за име и презиме си кажи дека знаеш дека имаш право да пријавиш анонимно и не отстапувај.
Мора да знаат локација, кога повикот го прави лице што е во опасност, загрозено и не може да каже точна адреса, како ќе знаат каде да дојдат? Секаде е ова пракса, кога викаш брза помош, полиција, пожарна... Логично и очекувано е.
Ти си во многу тешка ситуација, и пред сè, сакам да ти кажам дека твоите чувства се сосема оправдани. Се наоѓаш во средина каде што се чувствуваш загрозено, а најголемата грижа ти се децата – и тоа е сосема природно. Во Македонија, при развод судот одлучува за старателството врз основа на најдобриот интерес на детето. Факторите што се земаат предвид вклучуваат односот на детето со родителите, нивната способност да обезбедат стабилна средина, како и евентуални проблеми како злоупотреба на супстанции. Што можеш да направиш: - Консултирај се со адвокат – Најди искусен адвокат кој ќе ти помогне да ги разбереш твоите права и да подготвиш стратегија за старателството. - Документирај го неговото однесување – Докази како фотографии, видеа или сведоштва од луѓе кои го виделе пијан или под дејство на дрога можат да бидат корисни во судска постапка. - Центар за социјални работи – Оваа институција има голема улога во процесот на старателство. Ако можеш, контактирај ги и објасни ја твојата ситуација. - Финансиска независност –- Веќе имаш солидни примања, што е голем плус. Обезбеди си стабилно место за живеење за тебе и децата. - Поддршка од блиски луѓе – Ако имаш семејство или пријатели кои можат да ти помогнат, не двоуми се да побараш поддршка. Разводот е тежок, но твоето и благосостојбата на децата се најважни. Ако чувствуваш дека си во опасност, размисли за дополнителни мерки за заштита. Ти посакувам сила и храброст во оваа борба.
Се консултирав со адвокат Катерина пред некој ден. Таа вели дека нема никакви шанси децата да ги добие тој, но сепак ми е страв поради неговите врски. Сите видовме што и се случи на жената која судот го додели детето на таткото од Охрид. И имам и огромен страв од непознатото. Што потоа? Ќе почнувам од 0. Страв ми е дека ќе го манипулираат поголемото дете бидејќи е повеќе приврзано со нив. Многу се мислам овие дена.. Може ли некој што минал низ истото да ми пише?
Потоа ќе живееш живот со еден товар помалку. А на детето сигурно ќе му биде подобро ако ги гледа помалку отколку да ги гледа постојано.Башка како растат децата се појасно им станува што е што. Спасувај се , и спасувај ги децата. Алкохол и дрога не се наивна работа.
Разведи се Мене ми е страв од црните хроники што ги читам секојдневно. спаси се на време Детето нема да го манипулираат , велиш не ги ни гледа.
Дали некој патувал со малолетно дете во авион? Јас сум старател, имаме пасош, но дали треба одобрение од таткото?
Ваљда не сте само вие старател можеби детето е доделено на мајката ама и таткото има одредени права за видување со него.Ако сте разведени не е лошо да си имате согласност од таткото може да ви побараат а може и не
Искрено на братучетка ми никогаш не и имаат побарано, разведена уште кога беше мало детето и нон стоп патуваа. Ама имаа исто презиме и адреса мајката и детето. Е сега дали е тоа пракса или случајност не знам.
И моето дете е поврзано со таткото,па адвокатката ми рече дека ни под разно нема да припадне детето нему.
Здраво. Да прашам ако можи некој да ми кажи...после развод како оди вадењево на нова лична карта со промена на презиме и адреса? Барањето за лична карта и за извод на Моминското презиме си се поднесуваат? И уствари што се треба? Да знам кај се треба да одам и какви документи да вадам? И таму најверојатно ќе ми кажат,ама да знам отприлика што и како.
Процедурата е иста исто како да не си била мажена. Прво поднеси барање за промена на презиме. Се чека околу 30 работни дена за решението, ама може и да трае повеќе. После тоа ќе смениш адреса и ќе закажеш за лична карта. За промена на презиме и адреса ќе отидеш во МВР (позади МТВ). Ако си од Скопје не мораш да се одјавуваш од старата адреса. Кога ќе се сликаш ќе ти ја сменат.
Ako imate detence podobro ne menuvaj prezime zosto koga ke sakas da patuvas eve vaka ke baraat odobrenie za se od tatkoto poradi razlicno prezime....