Што сакаш да кажеш со тоа твоите живеат во мал стан? Дека не би те примиле со синчето таму? Ти каде живееше пред да се омажиш? Твоите запознаени се со ситуацијата и со тоа низ што поминуваш? Паметна одлука ти е враќање во твојот поранешен дом, дали си била под кирија или си живеела во малиот стан на твоите, небитно. Битно да се тргнеш од таа токсична средина и луѓе што штетно ти влијаат и на тебе, а така и на малото. @Mr.Limonko пишала за породилното дека се чека па наеднаш пуштаат сума во меѓувреме зависи финансиски. Тука многу и е важно и дали има заштеда од досега што си работела на нејзино име. Ако нема, а нема поддршка од нејзините треба да чека додека не заштеди или има пак редовни приходи, ама колку нерви ќе скине дотогаш самата најточно си знае.
Многу е мало детенцето, а и поголемко да е секогаш се доделува на мајката. Исклучок од ова е во ситуации што ги пиша член претходно.
Редовно се пушта. Може да доцни еден месец додека се средат документиве по службите наши, па следниот месец да пуштат и за претходниот, и после тоа редовно се исплаќа.