Многу е мало детенцето, а и поголемко да е секогаш се доделува на мајката. Исклучок од ова е во ситуации што ги пиша член претходно.
Редовно се пушта. Може да доцни еден месец додека се средат документиве по службите наши, па следниот месец да пуштат и за претходниот, и после тоа редовно се исплаќа.
Тој ќе оди во затвор секако. Бебето е кај тебе милион посто. И плус ќе го задолжат за алиментација да плаќа. Така да не се мисли ако те малтретира разведи се.
И да има подобри услови за детето, ти секако си вработена и земаш солидна плата. Плус на него ќе му одредат алиментација во зависност од платата па ќе си плаќа повеќе. Тоа дека без дете можеш да излезеш од таму се само празни закани од негова страна. Мене повеќе ме замислува моментот околу причините за развод. Не ги знам околностите на сообраќајната несреќа за да судам дали е виновен или не, ама ако навистина се коцка бегај подалеку од него и не дозволувај да те предомисли ништо околу разводот. Се друго се решава и лоша свекрва може да се смири, и лош сопруг може да се промени со време ама коцкар се станува еднаш и е за цел живот, поголема болест нема од тоа и утре ќе патите и ти и детето и целата фамилија.
Zdravo, da mi preporacate nekoj dobar advokat za razvod, imame malo bebence.. dali ima sansi deteto na nego da go dodelat? Ako ima nekoja slicno iskustvo da mi pise.. fala vi odnapred
Старателството на детето го одредува социјалното,нема адвокатот тука ништо. Многу фактори зависат кај кој ке припадне детето. Ти пишав слободно прашај ме што те интересира.
Здраво, дали некоја членка може да ми пушти во приватна порака или тука ако имате линк, како изгледа документот што треба да се поднесе за спогодбен развод? И да ми кажете каде точно треба да се поднесе
Ти, тој со лични карти и венчаницата кај адвокат да ви изготви потврда или како и да се вика тоа за спогодбен развод. 100€ макс. После во основен суд на шалтер да го поднесете и да чекате да ви стигне писмо за рочиште. Толку е.
“Фината” адвокатка гледам се развела и од другиот маж(ако е втор) а по фб љубовта цветаше… Се спасил не знам ни како ја трпел чим се понаша на потенцијални клиенти така којзнај во 4 зида шо праела…
Леле ова за Катерина ли, што по фб ја фалеа И јас овде ја предлагав мислев дека е добра, од искуства на другите. Се извинувам ако нема добар пристап, не сум знаела
И јас се зачудив за коментарите за адвокаткава, не знам што се случило и зошто свртела на таков надмен, дрзок однос. Моја пријателка имаше баш добро искуство со неа, од нејзе ја дознав и јас ја имам препорачувано доста пати во муабет. Баш ми е криво и мене сега.
Се прашувам дали има некој маж што има позитивно искуство со неа или тоа се само жени. Имам влезено во дискусија со неа по социјалните мрежи и можам да кажам дека објективноста не ѝ е баш добра страна.
Женски, пак јас. Сеуште седам така, не преземајќи ништо, од разлог што правам математика и: кирија 250 евра, сметки 200 евра, храна 100 евра = 550 евра. Каде се другите тековни месечни трошкови за мене и децата? На жив човек се ќе му притреба. Плата ми е нешто над 600 евра. Во нов стан, треба да купувам одново прибор за во кујна, постелнини, ќебиња. Како сама со ова да се справам, имам пишувано дека поддршка од моите никаква! Ако едното дете остане со него, он најверојатно за другото што ќе е со мене, ќе плаќа алиментација? Памет немам, ама ни живци веќе. Ќе ве молам споделете искуства!
Храна 100еу за месец? Малце е тоа некако. 200еу сметки е многу за стан од 40м2 пример. Направи си пореална пресметка уште еднаш испиши се' што би јаделе/пиеле месечно, точно сметки и кирија па тогаш напрај пак математика. За алиментација ја не би се крстела, прво со своите средства напрај пресметка, другото екстра ќе дојде. Плус не заборавај да пресметаш по пола трошок за школо,градинки,гардероба, превоз... Немате ништо што би делеле по пола после развод?
Ако едното дете е кај тебе а другото кај него нема да плаќа алиментација. Или ако тој плаќа за детето кај тебе ти ќе треба да му плаќаш за детето кај него, затоа најчесто не се плаќа ако ги разделите децата. Сметките не бо требало да се 200 евра. Околу 1500 вода, ќе земете некој основен пакет за интернет и мобилен, од прилика да речеме 1500ден и за струја се зависи од греењето на што ќе биде ама не би требало да биде повеќе од 6000. Е храната мислам дека би била повеќе од 100 евра. Ќе бараш стан како за студенти опремен со се во него.
Од прилика, деца се ги истекнува некогаш повеќе, некогаш помалку би трошеле. Како мислиш по пола трошок за школо и гардероба? И сега све јас плаќам и школо, и тренинзи, излегувања, гардероба, обувки. Автомобил имаме сега брзо земено, ама вика како ќе докажеш дека пола си платила? Куќата е на татко му, ама нашиот спрат го реновиравме со заеднички пари. Вика ништо немаш придонесено и нема да можеш да докажеш. За излегувања, одмори, или по пола или све јас плаќам за да се накани господинот да тргне. Вика јас ве возам што сакаш?
@Forca за да не нагаѓаме. Јас, како што го разбирам законот- се стекнато во брак, се рачуна дека е стекнато по пола. Претпоставувам работиш подолго време. И да не си работела, твојот труд во домот е неплатен. Тој ве возел, бре мајката, ти си готвење и чистела повеќе одошто тој возел. Ок, недвижен имот е комплициран за делење во вашиот случај сега- веднаш, ама се друго, од лажица до автомобил- немаш што да докажуваш дека си платила, се подразбира дека е пола-пола. Мене ако ме прашува некој, треба 70- 30 да се дели во корист на жена, ама тоа е wishful thinking