Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто така ти се чита од напишаното и океј е секој си добива впечаток и си има своја перцепција,да сам тогаш бевме во врска..не бевме во брак и немавме ни дете.Меѓутоа ситуацијата се менува и треба да се прилагодиме на истата.Ако сакаме
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Заради тоа што јас сум еднинка немам брат или сестра со кој би ги поделила обврските према моите родители..освен детето одам кај моите да го одменам татко ми кој има 75години и се грижи сам за неа.Во право си во мене е проблемот ..затоа што тој што не бил сам со бебе 24/7 може да си збори од страна што сака...секој го има тоа право меѓутоа кој не го почувствувал тоа и не бил во истите чевли..џабе е секој муабет.
     
    На tambelina, Guns N` Roses, Cosmi и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ти имам и претходно пишано. И сега уште една членка пиша. Викни жена да ти помага барем 4 саата дома. Пробај во условите во кои се наоѓаш да најдеш олеснување. Развод најлесна работа е ама јас по тоа што го споделуваш не гледам проблеми во меѓуљудски односи туку во твоите очекувања. Ваљда сте дискутирале за кредитот, за неговата работа, сепак е таа долгорочна инвестиција сигурно и нему не му е сеедно што не е дома ама пак за вас го прави тоа, за поубава иднина. Имаш западнато во улога на жртва, мислиш дека си беспомошна и од тука и фрустрацијата. Види што можеш да направиш за да си олесниш. Спакувај бебе отиди кај некоја тетка, вујна, пријателка. Поседи некој ден таму. Спремај брзи оброци за тебе да не те фрустрира и тоа. Јајца, туна, сардина еден куп такви има за 5минути спремни. Гледај во слободното време прави некои ситници што ќе ти прават подобро. Жена за чистење најди. Ете и на работа кога ќе се вратиш само 3-4 саати ќе имаш со бебето. И јас бев како тебе зошто и маж ми оди по терени и го нема со денови и недели и исто бев гневна се додека наместо да си ја трошам енергијата да бидам жртва не почнав да ја насочувам кон нешта кои ми ги олеснуваат околностите.
     
    На tambelina, Guns N` Roses, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.285
    Допаѓања:
    44.027
    Плус стресот заради родителите.
    Не е лесно со бебе, и сите да се тука, здрави, млади, и присутни.
    Не пак вака. Ама ако треба долго да трае неприсутноста, потребно е да се реорганизирате, прво ти да си растеретена дека најмогу си со детето, а после да се договорите со него на кој рок е ова жртвување..
     
    На tambelina, Cosmi, Masnickaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    15.468
    Пол:
    Женски
    Јас сум дете на татко шофер. Од 30 дена во месецот, 2 ноќи ги преспивал дома само. Ден цел не се сеќавам дека некогаш бил дома. Ќе дојде касно, ќе преспие и сабајле пак на пат. И нормално тоа го правел за финансии. На мајка ми воопшто не и било по кејф, ама алтернативата била буквално за леб да немаме. Затоа со неговата печалба, постигнале работи што со седење овде не можеле ни да замислат. Едноставно жртвата имала поента.
    Ако маж ти отишол да работи, ако сте се договориле дека ќе оди на подолго, ако навистина заработува и одите на подобро, не гледам зошто да се разведувате. Сепак се зборува за определено време, макар и години да се, еден ден ќе заврши и ќе смените начин на функционирање.
    Верувам дека ти е тешко, зошто и со маж дома е тешко кога ќе се добие дете, а не па сама, ама да се разведеш зошто отишол да заработи за вашето семејство ми е скроз нон сенс. Што е алтернативата, да остане во долгови, да дојде тука, и свекрва ти и татко ти да ве ранат?
     
    На tambelina, LiquidLuna, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Тоа и го правам..сево ова што го пиша..често порачувам храна од wolt жена за чистење имам еднаш на 3 недели..секој ден шетам по 3часа отприлика и на кафиња одам се е тоа во ред ..уште малце тргам на работа..она во градинка ..се надевам дека ќе биде подобро за двете.Самата самотија ме утепува .. чувствувам празнина ..немам кај да одам да спијам ...не сум тип на човек многу што сака по куќи да оди ...се треба да селам за неколку дена ..имам спиено кај моите кај свекрвата..се испробав ..мир си сакам ..и жена имав 1500ден за 4часа ми земаше ..не е решение ..бебето ќе заспие 1час и за што ја плаќам..да си правиме муабет ..па има со кого да си зборам...пред неколку дена вакцина примавме ..не можев ни да јадам едно јаболче цел ден ..и ми се слоши..дојам ..одеднаш почна цело тело да ми се тресе ..и како да ми се врти цел стан во круг.Мене ме повредува што само ме критикува сопругот ..и кога е дома не е дома се он фаќа штрафта и има работа..таков карактер е 600 на час.
     
    На tambelina, Dentina и JasBee11 им се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    4.042
    Пол:
    Машки
    Едно е врска на далечина сосема друго брак и тоа со дете... Сега да го нема дома да речеме одреден период 4-5 месеци за да зајакнат финансиски е во ред, ама тој очигледно никогаш не е дома..
    Мене по се ми изгледа дека мажот и мили дека е доволно родител што финансиски помага. Членката кажа дека ни дома кога ќе си дојде не покажува нешто љубов и заинтересираност за детето, дека му фалеле кога бил таму.
    И да земе дадилка дома за детето ќе требаат плус пари за неа, а може и мажот да дојде да работи МК и тука солидни плати земаат шоферите ете може и да работи по 10 часа не 8 ама ќе има време и за неа и за детето..
     
    На Cinnamon Bun, Cosmi, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Се е во ред ама се кажува на време ..слушај ..ти ќе треба детево сама да го чуваш ...или ако имаме дете немој да очекуваш од мене да бидам дома ..за јас да сум спремна на тоа што ме очекува и да не живеам во фантазија дека ќе се смени се.Не може така едноставно..ако не сум спремен зашто да носам на душа некого..тоа ми е нервозата на мене и гневот.
     
    На Cinnamon Bun, Polyincognito, tambelina и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    2.399
    Човек не е створен за сам. И тоа е факт без разлика колку некој го повредува ова. Не се работи само за помагање околу домашните обврски, тука е потребата од физичко присуство, разговор со кафе како ти поминал денот па колку и да бил досаден ден без обврски, сексуална потреба која не е за потчинување, растењето на детето, први чекори, прво забче, прв збор, пропуштени родендени.
    Тука никој не е крив, не е само да кажеме да тој е крив што вози, и таа е крива што знае со каков човек била пред брак. Мора да најдат решение за опстанок на бракот, бидејќи како што кажа и таа, човек сакал-неќел се навикнува на самотијата и тука се ствара дистанца во бракот.
     
    На Cinnamon Bun, tambelina, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    4.042
    Пол:
    Машки
    Прво разговарај со него, кажи му се како нас тука, прашај уште колку има од кредитот, дали може да најде тука доволно платена работа ете и ти ќе почнеш со работа па ќе се снајдете за финансиите..
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Како и да е сакав да видам и други мислења не може никој на никого проблемите да му ги реши ..ниту пак да биде во неговото секојдневие..фала на сите.Убав викенд:)
     
    На tambelina и Dentina им се допаѓа ова.
  12. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Ах абе зошто вака утописки совети. Еден камион на старо е ~40.000€ а човекот фирма отворил и земал голем кредит. Да заебе камионите во Шведска и да си дојде тука и што да прави? Со која работа ќе ги врати парите? Бидете малку реални кога давате совети. Кредитот земен, човекот е таму со мисла не само да отплати кредит ами и да спечали. За тоа години ќе требаат. Тој го работел тоа и последните 3 години.
    Чисто информативно, финансиите се во топ 3 причини зошто луѓе се разведуваат исто. Башка па е битно и да се поддржуваат партнерите во нивните професионални планови. Треба да се насочи помошта кон тоа додека е тој таму како таа да се растерети од обврски што неспорно се премногу, додатно на тоа и хормони што тресат постпартум и за време на доење. Па кога ќе се оправи тој таму и ќе може порастеретено да вози ќе е друг муабет. Ќе му возат и шофери подолги дестинации, тој ќе вози нешто во околина. А и да се разведе што фајде? Со бебе од 7 месеци не дека може да се врати сингл енд реди ту мингл. Значи осаменоста во секој случај нема да се реши за брзо.

    Мислам дека има мн фрустрации насоберени од двете страни тука. Од едната она сама да се справува со сите предизвици, од другата тој далеку од дома, во супстандардни услови за живот со никаква поддршка од партнер. Мора да тргнете его на страна, да прифатите дека и на двајцата ви е тешко ама на различен начин и да не мерите на кого му е потешко туку како во оваа ситуација да го извлечете најдоброто. Односно и ти да пробаш да го разбираш и да ја гледаш поголемата слика и тој да биде потрпелив со тебе и помил моментално да ти омекне грубоста кон него што си ја насобрала.
     
    На Alek90, tambelina, LiquidLuna и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    939
    Допаѓања:
    4.042
    Пол:
    Машки
    Битно е и нејзиното здравје многу по битно од тие камиони..
    Ако седнат и разговараат има шанси да најдат некој по не толку болен начин за двајцата да го преживеат периодот додека се во финансиска криза..
    Не знам колку е камјон ама ете ако ги продаде камионите 40 000евра од камион и не се малку пари, може да ја затвори фирмата и да вози камиони низ МК не мора да е газда... Решение сигурно има ама треба двајцата да седнат да разговараат и да го најдат.
     
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.867
    Допаѓања:
    26.826
    Пол:
    Женски
    Од она што го пиша членката,целиот проблем е што, сопругот кога е тука, не е присутен. Бара начин да искочи и да не е воопшто дома.
     
    На tambelina, LiquidLuna, Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.472
    Допаѓања:
    68.878
    Пол:
    Женски
    А каков ви бил договорот, како сте планирале заедно да го гледате детето со неговата работа? Што требало да се смени со доаѓањето на детето? Он ја имал таа работа и пред дете, затоа не можам да разберам каков ви бил планот.

    Инаку, веројатно како што ти си се навикнала сама све, така и он, се навикнал да нема обврски со дом и дете, па кога ќе си дојде истиот филм си го тера, сам, гледа да искочи само и да не е дома.
     
    На simona_baby, tambelina и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    15.468
    Пол:
    Женски
    Јас не сфатив дека оди по кафани, искача со другари, прави нешто друго како што правел како ерген освен што не е дома од кога се родило бебе зошто вози камион во странство. Тоа е сосема друг проблем ако е така.
     
    На EnaEnA30, BlackNight и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.968
    Допаѓања:
    190.209
    Е тоа што си родила и си мислела дека ке се смени е проблемот
    До твоите очекувања е

    Немој да мислиш дека незнам како ти е од 2011 год е шофер јас сама 2 деца израснав и уште кркам нервози со големи деца
    Останувал и по 6 месеци оти коа замина со два кредити бевме и дете по болници
    Сега 2 до 3 месеци и си иде па 1 2 месеци е дома и е комплетно фокусиран на нас тројца и фамилијата плус и домашни обврски оти јас аут бев од болести
    Така да многу добро те разбирам дека е тешко ама така сте се договориле

    Ај погледни од другара страна
    Нема кој да му зготве измие изпазари значи и он се сам и скоро селој ден е на сува храна а тука пати и здравјето
    Треба да мисле кај да се избања не е како дома ти текнало да се бањаш сеа
    Треба да мисле кај ке оде у вц
    Ти ке седниш на шоља а он треба да најде место кај да клекне
    Треба да бара перални кај има или на рака коа се бања да заплаве

    Плус кредити дефеци тури малце км па на сета и жена дете притисок и затоа се тумбат по пат недај боже или удари ги ударат


    Плус на тоа сам во туѓа држава без никој свој

    Ајде собери се стисни заби и издржите ке помине и ова не е за цел век ачи разгоцарај со него нека најде шофер барем за месец нека поседе дома

    Ке тргнеш на работа дете у градинка
    Жена за чистење дома у недела ти кај твоите у недела еден ручек да направиш ѕаму од помош си
    За мајка ти или жена или од црвен крст и следува жена
     
    Последна измена: 14 март 2026 во 15:31
    На Dentina, An-na, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.867
    Допаѓања:
    26.826
    Пол:
    Женски
    Ама проблемот и е , што кога ќе дојде тука, не е фокусиран како маж ти, туку не се прибира дома. Шета , излага, а она и тогаш е сама. И реално и јас би се љутела за тоа.
     
    На tambelina и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.968
    Допаѓања:
    190.209
    Не го разбрав јас тоа така
    Иде ред да испадне и сам толку месеци затворем у 2на 2 сам
    Ама се со осет
     
    На Dentina и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  20. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.867
    Допаѓања:
    26.826
    Пол:
    Женски
    Пиша членката во друг пост. И реално е за нервирање и лутење.
    Имам блиски чии мажи возат камиони и ги нема со месеци. Ама кога се тук, максимално се посветени на семејството.
    И каде го нема со месеци и кога ќе дојде да е како во хотел и да не види и фати дете, епааа…
     
    На Simon4e0507, ALISA0000 и tambelina им се допаѓа ова.