Не знам зашто така ти се чита од напишаното и океј е секој си добива впечаток и си има своја перцепција,да сам тогаш бевме во врска..не бевме во брак и немавме ни дете.Меѓутоа ситуацијата се менува и треба да се прилагодиме на истата.Ако сакаме
Заради тоа што јас сум еднинка немам брат или сестра со кој би ги поделила обврските према моите родители..освен детето одам кај моите да го одменам татко ми кој има 75години и се грижи сам за неа.Во право си во мене е проблемот ..затоа што тој што не бил сам со бебе 24/7 може да си збори од страна што сака...секој го има тоа право меѓутоа кој не го почувствувал тоа и не бил во истите чевли..џабе е секој муабет.
Ти имам и претходно пишано. И сега уште една членка пиша. Викни жена да ти помага барем 4 саата дома. Пробај во условите во кои се наоѓаш да најдеш олеснување. Развод најлесна работа е ама јас по тоа што го споделуваш не гледам проблеми во меѓуљудски односи туку во твоите очекувања. Ваљда сте дискутирале за кредитот, за неговата работа, сепак е таа долгорочна инвестиција сигурно и нему не му е сеедно што не е дома ама пак за вас го прави тоа, за поубава иднина. Имаш западнато во улога на жртва, мислиш дека си беспомошна и од тука и фрустрацијата. Види што можеш да направиш за да си олесниш. Спакувај бебе отиди кај некоја тетка, вујна, пријателка. Поседи некој ден таму. Спремај брзи оброци за тебе да не те фрустрира и тоа. Јајца, туна, сардина еден куп такви има за 5минути спремни. Гледај во слободното време прави некои ситници што ќе ти прават подобро. Жена за чистење најди. Ете и на работа кога ќе се вратиш само 3-4 саати ќе имаш со бебето. И јас бев како тебе зошто и маж ми оди по терени и го нема со денови и недели и исто бев гневна се додека наместо да си ја трошам енергијата да бидам жртва не почнав да ја насочувам кон нешта кои ми ги олеснуваат околностите.
Плус стресот заради родителите. Не е лесно со бебе, и сите да се тука, здрави, млади, и присутни. Не пак вака. Ама ако треба долго да трае неприсутноста, потребно е да се реорганизирате, прво ти да си растеретена дека најмогу си со детето, а после да се договорите со него на кој рок е ова жртвување..
Јас сум дете на татко шофер. Од 30 дена во месецот, 2 ноќи ги преспивал дома само. Ден цел не се сеќавам дека некогаш бил дома. Ќе дојде касно, ќе преспие и сабајле пак на пат. И нормално тоа го правел за финансии. На мајка ми воопшто не и било по кејф, ама алтернативата била буквално за леб да немаме. Затоа со неговата печалба, постигнале работи што со седење овде не можеле ни да замислат. Едноставно жртвата имала поента. Ако маж ти отишол да работи, ако сте се договориле дека ќе оди на подолго, ако навистина заработува и одите на подобро, не гледам зошто да се разведувате. Сепак се зборува за определено време, макар и години да се, еден ден ќе заврши и ќе смените начин на функционирање. Верувам дека ти е тешко, зошто и со маж дома е тешко кога ќе се добие дете, а не па сама, ама да се разведеш зошто отишол да заработи за вашето семејство ми е скроз нон сенс. Што е алтернативата, да остане во долгови, да дојде тука, и свекрва ти и татко ти да ве ранат?
Тоа и го правам..сево ова што го пиша..често порачувам храна од wolt жена за чистење имам еднаш на 3 недели..секој ден шетам по 3часа отприлика и на кафиња одам се е тоа во ред ..уште малце тргам на работа..она во градинка ..се надевам дека ќе биде подобро за двете.Самата самотија ме утепува .. чувствувам празнина ..немам кај да одам да спијам ...не сум тип на човек многу што сака по куќи да оди ...се треба да селам за неколку дена ..имам спиено кај моите кај свекрвата..се испробав ..мир си сакам ..и жена имав 1500ден за 4часа ми земаше ..не е решение ..бебето ќе заспие 1час и за што ја плаќам..да си правиме муабет ..па има со кого да си зборам...пред неколку дена вакцина примавме ..не можев ни да јадам едно јаболче цел ден ..и ми се слоши..дојам ..одеднаш почна цело тело да ми се тресе ..и како да ми се врти цел стан во круг.Мене ме повредува што само ме критикува сопругот ..и кога е дома не е дома се он фаќа штрафта и има работа..таков карактер е 600 на час.
Едно е врска на далечина сосема друго брак и тоа со дете... Сега да го нема дома да речеме одреден период 4-5 месеци за да зајакнат финансиски е во ред, ама тој очигледно никогаш не е дома.. Мене по се ми изгледа дека мажот и мили дека е доволно родител што финансиски помага. Членката кажа дека ни дома кога ќе си дојде не покажува нешто љубов и заинтересираност за детето, дека му фалеле кога бил таму. И да земе дадилка дома за детето ќе требаат плус пари за неа, а може и мажот да дојде да работи МК и тука солидни плати земаат шоферите ете може и да работи по 10 часа не 8 ама ќе има време и за неа и за детето..
Се е во ред ама се кажува на време ..слушај ..ти ќе треба детево сама да го чуваш ...или ако имаме дете немој да очекуваш од мене да бидам дома ..за јас да сум спремна на тоа што ме очекува и да не живеам во фантазија дека ќе се смени се.Не може така едноставно..ако не сум спремен зашто да носам на душа некого..тоа ми е нервозата на мене и гневот.
Човек не е створен за сам. И тоа е факт без разлика колку некој го повредува ова. Не се работи само за помагање околу домашните обврски, тука е потребата од физичко присуство, разговор со кафе како ти поминал денот па колку и да бил досаден ден без обврски, сексуална потреба која не е за потчинување, растењето на детето, први чекори, прво забче, прв збор, пропуштени родендени. Тука никој не е крив, не е само да кажеме да тој е крив што вози, и таа е крива што знае со каков човек била пред брак. Мора да најдат решение за опстанок на бракот, бидејќи како што кажа и таа, човек сакал-неќел се навикнува на самотијата и тука се ствара дистанца во бракот.
Прво разговарај со него, кажи му се како нас тука, прашај уште колку има од кредитот, дали може да најде тука доволно платена работа ете и ти ќе почнеш со работа па ќе се снајдете за финансиите..
Како и да е сакав да видам и други мислења не може никој на никого проблемите да му ги реши ..ниту пак да биде во неговото секојдневие..фала на сите.Убав викенд
Ах абе зошто вака утописки совети. Еден камион на старо е ~40.000€ а човекот фирма отворил и земал голем кредит. Да заебе камионите во Шведска и да си дојде тука и што да прави? Со која работа ќе ги врати парите? Бидете малку реални кога давате совети. Кредитот земен, човекот е таму со мисла не само да отплати кредит ами и да спечали. За тоа години ќе требаат. Тој го работел тоа и последните 3 години. Чисто информативно, финансиите се во топ 3 причини зошто луѓе се разведуваат исто. Башка па е битно и да се поддржуваат партнерите во нивните професионални планови. Треба да се насочи помошта кон тоа додека е тој таму како таа да се растерети од обврски што неспорно се премногу, додатно на тоа и хормони што тресат постпартум и за време на доење. Па кога ќе се оправи тој таму и ќе може порастеретено да вози ќе е друг муабет. Ќе му возат и шофери подолги дестинации, тој ќе вози нешто во околина. А и да се разведе што фајде? Со бебе од 7 месеци не дека може да се врати сингл енд реди ту мингл. Значи осаменоста во секој случај нема да се реши за брзо. Мислам дека има мн фрустрации насоберени од двете страни тука. Од едната она сама да се справува со сите предизвици, од другата тој далеку од дома, во супстандардни услови за живот со никаква поддршка од партнер. Мора да тргнете его на страна, да прифатите дека и на двајцата ви е тешко ама на различен начин и да не мерите на кого му е потешко туку како во оваа ситуација да го извлечете најдоброто. Односно и ти да пробаш да го разбираш и да ја гледаш поголемата слика и тој да биде потрпелив со тебе и помил моментално да ти омекне грубоста кон него што си ја насобрала.
Битно е и нејзиното здравје многу по битно од тие камиони.. Ако седнат и разговараат има шанси да најдат некој по не толку болен начин за двајцата да го преживеат периодот додека се во финансиска криза.. Не знам колку е камјон ама ете ако ги продаде камионите 40 000евра од камион и не се малку пари, може да ја затвори фирмата и да вози камиони низ МК не мора да е газда... Решение сигурно има ама треба двајцата да седнат да разговараат и да го најдат.
Од она што го пиша членката,целиот проблем е што, сопругот кога е тука, не е присутен. Бара начин да искочи и да не е воопшто дома.