Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.731
    Допаѓања:
    92.961
    Пол:
    Женски
    Тоа пто тој искача е за очекување после месеци изолација од луѓе и само работа.
    Единствено решение е да си се врати да работи тука.
    Нема да го врати може кредит брзо, помалку ќе заработува ама ке биде со семејството.
     
    На JasBee11, Cinnamon Bun и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.969
    Допаѓања:
    190.233
    Не може
    Тоа се кредити големи
    Со рати над 6000 е месечно башка фирма осигурања
    Не оде тоа така
    Тука треба пак одново фирма хомолигации на возилото на мк табли да биде
    Уште пари се тоа
    Тоа може ама после 2 3 години коа ке застане на свои нозе сеа е на почерок

    Е вака заглавуваат луѓето и губат станеви куќи на родителите зависи шо има заложено
     
    На Biljarkata, VDT2906, Cherry333 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ми смета кога е дома затоа што сум се одвикнала..и на него му сметаме...Ај вака сеа..се изморив од муабетиве.кредитот не е 40.000 туку 150.000 кои треба да се вратат за 7години,3 се поминати уште 4 треба.Во врска со финансиите јас сум учевствувала во учевство за неговиот лизинг и сите административни работи во врска со фирмата ги работам јас..целокупната документација уплати, исплати,фактури,договори...итн меѓудругото и јас работам и тоа имам доста одговорна и платена работа за која што сум вложила труд и време..јас не седам дома и чекам да ми пушти џепарац некој ..самостојно заработувам.Сопругот најде шофер и ликот на прва тура направи сообраќајка и штета од 3000е.Работата е дека јас кога сум самостална во се ..он работи само за кредитот и за трошоци да покрие сите финансии дома ги подмирувам јас ..режиски трошоци храна за мене за детето ..он си мисли за себе своите трошоци..не дека не купува за јадење..тоа е 5дена во месецот ..ама секој ден се троши и се живее.Знаете како се шета..по кафенца..не може да седи затворен да се види со овој со оној дозвола да даде на некој,на друг цигари на трет лекови и поминале 3 дена и заминува пак ..и тоа е работа и тоа се обавези па узпатно колата се расипала па точакот итн ...се има нешто .. ние имаме и стан и куќа во лето сме во куќата во зима во станот се одлучивме поради парното и заради бебето да живееме во станот. Станот е мој куќата негова во врска правев иди ми -дојди ми јас ,сега со бебе сме во станот поради парното и дека сме блиску до центар до Педијатар аптеки итн ..не треба да се оди со кола никаде се е пешки на 10мин.Поентава е животов ми е како претходно во поглед на финансиите само сега имам и дете ..за кое се потребни многу повеќе обавези ..ако јас направив жртва кога му требаше очекувам и мене некој да ме разбере и помогне и не само за мене ..ова детенце е заедничко..како она ќе се поврзе со таткото?Не сака ни да заспие со него нормално..со мене е секој ден цел ден..нема везе муабетов сакам да кажам дека тешко е да чуваш дете сам без никаква поддршка од никого.Маж на хартија..кој не е благодарен за ништо..Моментално сум во една група за поддршка на мајки првородки и супер ми е.
     
    Последна измена: 14 март 2026 во 16:46
    На ArabellaStarfall, Guns N` Roses, VDT2906 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.969
    Допаѓања:
    190.233
    Ти си имаш други проблеми
    Седни го и се ова кажи му го
    Нека се мења или капут
    А и кога ке се разведиш пак ке гледаш дете сама незнам ни тогаш шо ке се смени

    Кога планиравте дете нели правевте муабет како ке биде кога ке се роди?
    Шо ви беше договорот
     
    На SummerGirl, VDT2906, EnaEnA30 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.378
    Допаѓања:
    11.522
    Дали вози камион, дали работи на Марс, апсолутно ништо нема оправдување за неговото однесување.

    Едноставно нема оправдување да не си близок/ приврзан со сопругата и со детето.

    Работа постои, стрес постои, ама поентата на партнерството е да си со некој емотивно-интимно поврзан и да се чувствуваш смирено и заштитено, без разлика какви се секојдневните предизвици.

    Па дури и кога ќе е на пат, пак ова да го чувствуваш, а не дека си оставена сама на цел свет :*:
     
    На BellaBibi, SummerGirl, flower30 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Алелуја :*Благодарам на разбирање
     
    На JasBee11, tambelina, Dentina и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.721
    Допаѓања:
    19.785
    Околу мене што од фамилија што од пријатели имам шофери и буквално се делат на 2 типа еден тип е како маж ти доаѓа од пат дома не се свртува, по кафичи, со луѓе ..боже сачувај деца жена да види. Другиов тип обратното, секој слободен момент трчанката дома.
    Карактер ли е, самотијата ли го прави не знам...ама како што ти кажаа и другите најдобро е да пробаш со разговор. И а дојде ти излези си нека чува дете дома или инсистирај заедно на ручек сами. Немој да чекаш да му текне или да сфати сам, пошто тешко маж дека ќе сфати. Шофери се посебна категорија ни нив им е лесно ни на фамилијата... се надевам ќр се средите
     
    На anggell, SummerGirl, Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    9.059
    Пол:
    Женски
    @Simon4e0507 ,немам сопруг шофер ама имам таков кој работи на смени и одговорно тврдам дека премалку време нагласувам "Квалитетно", поминува со детето. Во неделата кога е прва смена, попладнињата се заеднички. На другите смени сето е на трчаница. И баш тоа што викаш детево како и да нема некоја блискост, дури и знае да му каже ти не знаеш како се игра таа игра, ти не знаеш кој е тој цртан, ти не знаеш ова или она. Во случајов е поголемо дете од твоето ама тек сега одново трудење да се изгради блискост.

    И пред да праша некој дали пред брак/дете ми сметало нештото т.е работата на смени, кажувам Не, оти секое слободно време ко користев за мои задоволства, дали да одам на некаков курс, дали фитнес, аеробик, јога. Е сега со дете освен да се молам по баби кога таткото е на работа да ја чуваат, тие активности не можам да ги правам од причина што во мојов град барем никој не смислил на едно место пример аеробик за родител и дете или аеробик за родител, игротека за дете.
    Сопругот кога е дома, бар мојов знае и куќа да светне и да е се изпазарено, погодено, бар од тој аспект да сум растеретена ама пак нели и константното чување дете, смислување активности, анимирање, измеѓу сите останати обврски не е и така лесно. И пак ќе речам и планирано и посакувано дете е и сето тоа ама секој од нас има моменти и има право да каже дека се му е премногу.

    Верувам дека со разговор или советување можете да изнајдете заедничко решение. Развод не би рекла дека е решение во твојот случај колку и да се чувствуваш само, повеќе би рекла осамено.
     
    На ALISA0000, SummerGirl, Simon4e0507 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    9.481
    Пол:
    Женски
    Што тогаш те држи во брак со него? Сама како што гледам одлично функционираш. Од него не ти требаат ни финансии, имаш живеалиште, не се однесува како татко. Што всушност се уште те држи во тој брак?

    Да не сакаш после толку време што те нема, да си седиш со фамилијата, во право си сосема, тој сака само да е родител и сопруг на папир, но не и твој маж и татко на вашето дете.

    Нема никакво оправдување. И во МК тие што возат камиони се платени одлично, барем перидов кога децата се најзависни од родителите, може да го истурка дома. Па после нека вози на Килиманџаро. Ако веќе тоа сте го прифатиле.

    Јас не би била со некој со таква професија. Налет пари, ако психата секојдневно ми се распаѓа. За што ќе ги трошам, антидепресиви и апчиња за смирување. Супер.

    Како и да е, тебе најлесно ти е да раскрстиш со некој. Секако не се гледате, секако сама се постигнуваш. Твое е да си решиш што сакаш.
     
    На tambelina и Simon4e0507 им се допаѓа ова.