1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.759
    Допаѓања:
    93.167
    Пол:
    Женски
    Тоа пто тој искача е за очекување после месеци изолација од луѓе и само работа.
    Единствено решение е да си се врати да работи тука.
    Нема да го врати може кредит брзо, помалку ќе заработува ама ке биде со семејството.
     
    На JasBee11, Cinnamon Bun и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.144
    Допаѓања:
    191.498
    Не може
    Тоа се кредити големи
    Со рати над 6000 е месечно башка фирма осигурања
    Не оде тоа така
    Тука треба пак одново фирма хомолигации на возилото на мк табли да биде
    Уште пари се тоа
    Тоа може ама после 2 3 години коа ке застане на свои нозе сеа е на почерок

    Е вака заглавуваат луѓето и губат станеви куќи на родителите зависи шо има заложено
     
    На Hope IT, Biljarkata, VDT2906 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ми смета кога е дома затоа што сум се одвикнала..и на него му сметаме...Ај вака сеа..се изморив од муабетиве.кредитот не е 40.000 туку 150.000 кои треба да се вратат за 7години,3 се поминати уште 4 треба.Во врска со финансиите јас сум учевствувала во учевство за неговиот лизинг и сите административни работи во врска со фирмата ги работам јас..целокупната документација уплати, исплати,фактури,договори...итн меѓудругото и јас работам и тоа имам доста одговорна и платена работа за која што сум вложила труд и време..јас не седам дома и чекам да ми пушти џепарац некој ..самостојно заработувам.Сопругот најде шофер и ликот на прва тура направи сообраќајка и штета од 3000е.Работата е дека јас кога сум самостална во се ..он работи само за кредитот и за трошоци да покрие сите финансии дома ги подмирувам јас ..режиски трошоци храна за мене за детето ..он си мисли за себе своите трошоци..не дека не купува за јадење..тоа е 5дена во месецот ..ама секој ден се троши и се живее.Знаете како се шета..по кафенца..не може да седи затворен да се види со овој со оној дозвола да даде на некој,на друг цигари на трет лекови и поминале 3 дена и заминува пак ..и тоа е работа и тоа се обавези па узпатно колата се расипала па точакот итн ...се има нешто .. ние имаме и стан и куќа во лето сме во куќата во зима во станот се одлучивме поради парното и заради бебето да живееме во станот. Станот е мој куќата негова во врска правев иди ми -дојди ми јас ,сега со бебе сме во станот поради парното и дека сме блиску до центар до Педијатар аптеки итн ..не треба да се оди со кола никаде се е пешки на 10мин.Поентава е животов ми е како претходно во поглед на финансиите само сега имам и дете ..за кое се потребни многу повеќе обавези ..ако јас направив жртва кога му требаше очекувам и мене некој да ме разбере и помогне и не само за мене ..ова детенце е заедничко..како она ќе се поврзе со таткото?Не сака ни да заспие со него нормално..со мене е секој ден цел ден..нема везе муабетов сакам да кажам дека тешко е да чуваш дете сам без никаква поддршка од никого.Маж на хартија..кој не е благодарен за ништо..Моментално сум во една група за поддршка на мајки првородки и супер ми е.
     
    Последна измена: 14 март 2026
    На gjoker4e, Amelia, јolene и 17 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.144
    Допаѓања:
    191.498
    Ти си имаш други проблеми
    Седни го и се ова кажи му го
    Нека се мења или капут
    А и кога ке се разведиш пак ке гледаш дете сама незнам ни тогаш шо ке се смени

    Кога планиравте дете нели правевте муабет како ке биде кога ке се роди?
    Шо ви беше договорот
     
    На riba79, SummerGirl, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    12.437
    Дали вози камион, дали работи на Марс, апсолутно ништо нема оправдување за неговото однесување.

    Едноставно нема оправдување да не си близок/ приврзан со сопругата и со детето.

    Работа постои, стрес постои, ама поентата на партнерството е да си со некој емотивно-интимно поврзан и да се чувствуваш смирено и заштитено, без разлика какви се секојдневните предизвици.

    Па дури и кога ќе е на пат, пак ова да го чувствуваш, а не дека си оставена сама на цел свет :*:
     
    На Anturium, gjoker4e, Tulip023 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Алелуја :*Благодарам на разбирање
     
    На gjoker4e, Stressed Out, elena.93 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.761
    Допаѓања:
    19.845
    Околу мене што од фамилија што од пријатели имам шофери и буквално се делат на 2 типа еден тип е како маж ти доаѓа од пат дома не се свртува, по кафичи, со луѓе ..боже сачувај деца жена да види. Другиов тип обратното, секој слободен момент трчанката дома.
    Карактер ли е, самотијата ли го прави не знам...ама како што ти кажаа и другите најдобро е да пробаш со разговор. И а дојде ти излези си нека чува дете дома или инсистирај заедно на ручек сами. Немој да чекаш да му текне или да сфати сам, пошто тешко маж дека ќе сфати. Шофери се посебна категорија ни нив им е лесно ни на фамилијата... се надевам ќр се средите
     
    На gjoker4e, riba79, anggell и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.481
    Допаѓања:
    9.280
    Пол:
    Женски
    @Simon4e0507 ,немам сопруг шофер ама имам таков кој работи на смени и одговорно тврдам дека премалку време нагласувам "Квалитетно", поминува со детето. Во неделата кога е прва смена, попладнињата се заеднички. На другите смени сето е на трчаница. И баш тоа што викаш детево како и да нема некоја блискост, дури и знае да му каже ти не знаеш како се игра таа игра, ти не знаеш кој е тој цртан, ти не знаеш ова или она. Во случајов е поголемо дете од твоето ама тек сега одново трудење да се изгради блискост.

    И пред да праша некој дали пред брак/дете ми сметало нештото т.е работата на смени, кажувам Не, оти секое слободно време ко користев за мои задоволства, дали да одам на некаков курс, дали фитнес, аеробик, јога. Е сега со дете освен да се молам по баби кога таткото е на работа да ја чуваат, тие активности не можам да ги правам од причина што во мојов град барем никој не смислил на едно место пример аеробик за родител и дете или аеробик за родител, игротека за дете.
    Сопругот кога е дома, бар мојов знае и куќа да светне и да е се изпазарено, погодено, бар од тој аспект да сум растеретена ама пак нели и константното чување дете, смислување активности, анимирање, измеѓу сите останати обврски не е и така лесно. И пак ќе речам и планирано и посакувано дете е и сето тоа ама секој од нас има моменти и има право да каже дека се му е премногу.

    Верувам дека со разговор или советување можете да изнајдете заедничко решение. Развод не би рекла дека е решение во твојот случај колку и да се чувствуваш само, повеќе би рекла осамено.
     
    На Katie90, LiquidLuna, JasBee11 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    9.946
    Пол:
    Женски
    Што тогаш те држи во брак со него? Сама како што гледам одлично функционираш. Од него не ти требаат ни финансии, имаш живеалиште, не се однесува како татко. Што всушност се уште те држи во тој брак?

    Да не сакаш после толку време што те нема, да си седиш со фамилијата, во право си сосема, тој сака само да е родител и сопруг на папир, но не и твој маж и татко на вашето дете.

    Нема никакво оправдување. И во МК тие што возат камиони се платени одлично, барем перидов кога децата се најзависни од родителите, може да го истурка дома. Па после нека вози на Килиманџаро. Ако веќе тоа сте го прифатиле.

    Јас не би била со некој со таква професија. Налет пари, ако психата секојдневно ми се распаѓа. За што ќе ги трошам, антидепресиви и апчиња за смирување. Супер.

    Како и да е, тебе најлесно ти е да раскрстиш со некој. Секако не се гледате, секако сама се постигнуваш. Твое е да си решиш што сакаш.
     
    На Panda00, SummerGirl, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  10. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    @Simon4e0507 јас апсолутно те разбирам затоа што сум дете на шофер кој многу години возел во странство. И точно знам како се однесува кога ќе си дојде дома. Има неколку проблеми со овој тип на луѓе. Проблем е што тој тие неколку месеци колку што е таму генерално е изолиран од луѓе, навикнат да живее во поинакви услови, од капење до готвење до лична хигиена итн. И кога ќе дојде дома има потреба од комуникација, да се измеша со луѓе. Но жално е што тие луѓе не сте вие туку некои небитни рандом ликови. Второ, како ќе поминува времето ќе стануваат полоши. Немаат осет дека имаат фамилија туку дека се сами. Татко ми е веќе во пензија и сеуште така функционира - сам. На гости ќе си појде сам, по цел ден е излезен си наоѓа занимација само да не е со мајка ми или дома и правење нешто заедно или одење некаде заедно нема шанси. Исто кога ќе дојдеше дома стално и викаше на мајка ми дека он е изморен и дека сака да одмара а не да реновира по дома или да фати било каква работа. Буквално сами сме организирале мајстори и за работа по дома и за поправки и за реновирање и за се - тој нема една шајка заковано дома. Така што налет парите. А и мајка ми работеше и придонесуваше ама целиот товар и водење домаќинство паѓаше на неа. А татко ми да не речам пола плата сам си ја трошеше. Среќа што платата беше поголема па остануваше нешто и за нас.
    Некако по тоа што го прочитав ми делува слично, само помлада верзија така што мој совет е на време да си го решиш ова со него зашто менување тешко кај овие луѓе. Земање жена за помош е само моментално решение на проблемот. Треба да поразговараш со него и да одлучи што му е поважно во животот. Вие сте уште на почеток, што ќе биде за некоја година..
    Не велам дека не се менуват вакви луѓе, ама многу тешко се менуваат секако.
     
    На happygirl, TrueToMyself, riba79 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. @Ant

    @Ant Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Здраво,сакам едно мислење од вас...Дали мислите дека треба да се разведат двајца возрасни луѓе доколку едниот(машката особа)трпи вреѓања,неподнесување на неговото семејство и пријатели постојана контрола од страна на женската особа цел живот,но сепак одлучил да остане со неа?Која би била причината да остане со неа мислам..дали сексот и задоволството или едноставно навиката да биде манипулиран од особата?
     
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.122
    Допаѓања:
    14.694
    Пол:
    Женски
    Мене ова прашање ми личи како да си
    ,, заљубена" во таа машка личност па му бараш оправдување да ја остави. Извини ама таков впечаток добив :$, и во друга тема го постави прашањето.

    Инаку секој си знае самиот себе, зошто и колку трпи, никој не може да знае што точно се случува меѓу двајца возрасни. Остави ги сами да си решат, тоа не е твоја работа, ако си блиска со семејството можеш на крај и виновна да испаднеш.
     
    На Трагедијаупмм, Simon4e0507, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.706
    Допаѓања:
    6.595
    Пол:
    Женски
    Заради секс сигурно не се останува во брак. Според напишаното, не е твој брак и оттаму не знам зошто бараш мислење?
     
  14. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    12.437
    @Ant Според мене,

    Мажи ретко трпат и остануваат во ситуации кои не им одговараат.

    Ако ова го кажува на швалерката - дека е лошо третиран, he is lying :D

    Ако го кажува на пријателите/семејството, а сепак останува, тогаш најверојатно го испушта и делот каде и тој прави глупости и лошо ја третира партнерката :bug:

    Контекстот е важен, карактерот е важен, но важно е и како си ти поврзана со ситуацијата, бидејќи праша веќе во 2 теми :tmi:

    Бидејќи понекогаш нашата субјективност и желбата да сме во право може да нè заслепи малку и да мислиме дека некои работи се така, иако не се :*:
     
    На Panda00, EnaEnA30, _Vera_ и 6 други им се допаѓа ова.
  15. @Ant

    @Ant Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Не воопшто не се работи за заљубеност..се работи за проблеми од семејството,каде женската особа сите ги малтретира психички па и мене..и го поставив прашањево за чисто да видам различни мислења дали некој треба да и покаже црвен картон..
     
  16. @Ant

    @Ant Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2025
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Се работи за проблем во семејството..каде истата женска особа не малтретира сите..а побарав мислење дали треба сопругот да и покаже црвен картон или да ја остави да прави што сака со сите..
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.122
    Допаѓања:
    14.694
    Пол:
    Женски
    Сопругот тоа мора, вака отстрана секој што ќе се вмеша на крај испага виновен.
     
    На Simon4e0507 и @Ant им се допаѓа ова.
  18. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.501
    Допаѓања:
    12.437
    @Ant Во тој случај, едноставно минимизирајте контакт со неа.

    Не сте деца, не може никој да ве принуди да комуницирате со неа и да се ставате во незгодни ситуации.

    Особено ако не зависите од истата во ниту еден случај и не живеете заедно :*:
     
    На Panda00, _Vera_, JasBee11 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    17.686
    Ако ти не си таа машка личност што трпи психичко насилство, не разбирам зошто би те мачело прашањето за потреба од развод на пар кој сам треба да си ги реши односите меѓу себе. И да си член на пошироката фамилија кој е засегнат од однесувањето на жената, исто не е твоја должност да размислуваш на темата. И те како постојат мажи што се жртви на ваков вид на насилство ама само тие можат да направат нешто за да го решат проблемот или да стават крај на таквиот брак а не некој од страна.
     
    На JasBee11, Biljarkata и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  20. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Ако на него не му смета...нека си тера..нема потреба од црвен картон..он си знае како му е на него..можеби му е убаво..а вие од страна комотно може да ја х особата и да не постои за вас..тоа е најлесно секаде има вакви работи девојко..ако не ми се допаѓа некоја снаа во фамилија или некој зетко ..се дистанцирам не се дружам..а они дома што сакаат нека прават..нивен проблем не ме засега ..и да побараат совет или мислење ..не се мешам ..многу е лошо човек да се меша во нечие семејство ..дури и да е побарано треба да е свесен каде води сето тоа.Поз од мене..не значи дека моево е така или дека сум во право јас ..чисто како сугестија јас вака резонирам од страна
     
    На JasBee11 и Dekoo им се допаѓа ова.