Форумџика на годината

Слепо црево

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од flowergarden, 17 мај 2011.

  1. Flier

    Flier Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Машки
    Мал или голем рез нема тоа останува за цел живот. Со другата техника има два мали реза што не се познаваат скоро ништо и секако закрепнувањето е многу побрзо како и други ризици.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.998
    Допаѓања:
    39.704
    Пол:
    Женски
    Детево брзо закрепна. Го фативме последниот воз. Не пишува во отпусното писмо дека се работи за лапароскопија.
     
  3. Iamkiksx

    Iamkiksx Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки чувствувам веќе повеќе месеци како кај десниот јајник да ми се стега некој мускул и ми е многу непријатно,еднаш ме фати силна болка од десната страна на цел стомак неможев ниту да се наведнам,е сега гинеколошки проблем немам никаков
    Проверив па ме интересира дали тоа можи да е од слепото црево?
     
  4. ancenche

    ancenche Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Јас сум оперисана од слепо црево пред 20 години. И сега пред 2 месеци исти симтоми. Правев лапараскопска операција каде што открија дека како последица од операцијата пред 20 години,имам адхезии. Проблемот е што и после отстранување на адгезиите,тие се појавуваат повторно. Кај мене највероватно се појавија после 2 недели одма,бидејќи болки си имам исто. Поготово кога јадам нормално и се додека не се испразнам убаво,јас ги имам симтомите исто како воспалено слепп црево. И тоа нема никогаш да помине,нема лек за тоа. Ужасно е. Јас немав толку болки кога правев операција пред 20 години
     
  5. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Здраво четвртокот ќерка ми ја оперираа од слепо црево, сега е трет ден многу повраќат, докторите викаат нормално било додека не проработат цревата, ама јас сум премногу насекирана дека го гледам како повраќат и колку е омалаксана ептен сум насекирана
     
  6. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Kako se otkriva slepo crevo dali na eho moze da se vidi ?
     
  7. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Денес бев на преглед кај интернист ме гледаше на ехо неможеше да види дека е слепо црево ама мислам дека е некое воспаление пошто ме боле на десната страна долу и ногата малку ми се коче, ми препиша антобиотици и утре пак ќе одам да ме види, во кој случај ако е слепо црево се прави операција пошто неможе да утврди дали е слепо црево и дали точно тоа се гледа на ехо? Дали може некој искрено да ми каже?
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.682
    Допаѓања:
    134.919
    Пол:
    Женски
    Ако не се гледа на ехо, матичниот лекар треба да те упати кај специјалист кој ќе ти каже дали си за снимање преку компјутерска томографија и што понатаму. Ако е слепото црево во прашање и е во лоша состојба тогаш ќе треба операција.
    Немој да си правиш филмови оти стресот ќе ти направи бетер. Само оди да те видат.
     
  9. Vekap

    Vekap Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2017
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Па бев денес на интернист ме гледаше на ехо не виде ништо за слепо црево, некои викаат дека се гледа на ехо некои не, и сега кај да одам кај кој затоа незнам што да правам ? Утре пак треба да одам да ме гледе на ехо, па ако не на ехо на што се гледа ,? Не ми е јасно?
     
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.682
    Допаѓања:
    134.919
    Пол:
    Женски
    Не. Матичниот лекар треба да ти даде упат за кај специјалист (општ хирург).
     
  11. Aledarkali

    Aledarkali Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    417
    Пол:
    Женски
    Кај мојата ќерка се виде одма на ехо дека е слепо црево, прво ја болеше од десна страна па почна и ногата да ја боли и беше одма оперирана, само и ставија една инфузија да и го смират слепото црево и за еден час ја оперираа
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.