Форумџика на годината

Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    На колешката моја мајка и беше лани сезонски и сега отиде со договор за цела година.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Никако не би седела, од која и да е причина, во дом каде што вака ме третираат. Ако нив не им е гајле за мене, мене па ич за нив. Верувај секоја љубов може да згасне. Мене брат ти, не ми е тема туку родителите. Абе не може една снаа, па и златна да е, да е поважна од ќерката. Затоа и се воодушевувам на свекрва ми, нејзините деца и да се најлоши, подобри се од мене и јатрвата.
    Сега барем имаш опции. Јас би се спакувала би кажала чао и каде очите таму и нозете. Ама пред одење ќе си ја олеснам душата и ќе им кажам на моите се што мислам.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    17.279
    Како би постапиле со золва која што ужива да си ги користи работите на снаата како нејзини, и тоа без прашање.

    Уште кога бевме во Мк и таа не беше мажена буквално сè што беше мое си го третираше како нејзино. Од огледало за шминкање до велосипед итн.

    Сега е мажена и живее во друго место но ништо не се смени. Вчера имаа некоја фешта кај мајка и т.е свеки, и му праќа слика на маж ми. Тој случајно ми ја покажува и што да видам, на масата, од даски за сервирање, до моите најубави чинии што си ги користам само за посебни прилики, до чинија за торта, сè од мојата кујна (на спрат кој нема допирна точка со долниот) земено без притоа никој да ме праша. (wtf)

    Милион пати е укажувано на тоа дека не сакам да ми се чепкаат работите без прашање ама џабе. Со мајка и немаа срам да го прават тоа додека бевме таму а камоли сега кога нè нема.

    Еднаш ми се јави да праша како (а не дали смее) да ја уклучи машината за садови (facepalm). И реков дека вака не можам да и кажам, дека ќе и кажам лично кога ќе сме таму т.е ја откачив за да и текне. И сега изгледа поради тоа за друго мисли дека нема потреба да праша па може слободно да си се послужи.:tmi:

    Кога немаше срам со тогашниот и дечко да спие на нашата спална кога ние не бевме дома, веќе и не знам што можам повеќе да очекувам од неа. :bug:
     
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    31.263
    Пол:
    Женски
    Е на овие и кур да им оставиш и тоа ќе ти го земат :rofl:.
     
    На Panda00, eliesaab, FlirtBerry и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
    Зошто има клуч од вашиот стан? Само разговор со сопругот, со нив две нема што да се замараш.
     
    На eliesaab и JasBee11 им се допаѓа ова.
  6. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    15.103
    Земи се што имаш ако се само ствари ( чинии такви работи) и имаш можност да ги земеш, или смени брава.
     
    На eliesaab и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.833
    Допаѓања:
    201.499
    Ете, толку е проста работата:*:
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    15.103
    Море да сум ја.. За коса ќе ја влечам :devil: има дома да и отидам и се да си вадам од кујна и нека гледа ми е гајле! Ебате безосетните. Што е со народов аман :^) или па купи и исти чинии и речи еве зашто се сакаш што е мое еве ти поклон од мене ама така пред народ да ја изрезилиш ... Како ми иде да им залепам една на такви гниди :smirk:
     
    На Трагедијаупмм, eliesaab, riba79 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.689
    Допаѓања:
    19.682
    А маж ти зошто не им каже да не се пикаат горе и да чепкаат?
     
    На mama11, riba79 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  10. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, и зошто воопшто имаат клуч?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.689
    Допаѓања:
    19.682
    Клуч ми е ок да имаат недај боже нешто пукне цевка, дефект а овие не се тука. И мојте и свекрва ми имаат клучеви од кај нас, никогаш не се случило да дојдат
     
    На Трагедијаупмм и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.260
    Допаѓања:
    14.363
    Зашто сигурно се во иста куќа. Не е лично негова и не смее да им забрани.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    А што има врска ако земала нешто за носење или пак чинии... Тоа е мое размислување, не мора да значи дека сум во право. Луѓе толку краток стана животот што за вакви работи не треба да се нервираме. На крајот на мажот му се семејство, зошто толку како непријатели ги доживуваш. Или ако на крајот не можеш да го прифатиш тоа, кажи му на сопругот нека им укаже.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.959
    Допаѓања:
    184.048
    Пол:
    Женски
    @mKdevojce јас сум чоек шо комуницира директно. Ако им немате искомуницирано дека неќите да ви гибаат, можи да сфаќат дека е "се е заедничко" и "посекако не сте тука и не користите" и барем та да користи. Сум сретнала секакви луѓе. Па и такви без грам осет. Така да, во случајов, прво ќе му кажев на сопругот дека ми смета и ќе очекував прво тој да зборни со неговата фамилија и дека клучот е за итни случаеви, а не како дозвола да користи се шо е ваше. Ако пак продолжат, би го кажала истото и јас. Поќе од ова на дистанца и не е можно да се напрај. Ама барем да знат дека не сте среќни со то како се однесуваат со то шо поседувате. И јас те разбирам. Да ме праша - немам проблем, јас се делам. Да не ме праша некој и да претпостави дека сум океј со то - страшно ме иритира и после имам проблем да делам со тој чоек.
     
    На CameliaMiller, Трагедијаупмм, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    17.279
    Кажувано е многу пати ама џабе..
     
  16. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Женски
    • Не постирајте неколку мислења едно по друго
    Ќе дадеш клуч тогаш на луѓе од доверба.

    За туѓи работи ај што не треба да се посакуваат и грабаат, мора да се праша ако не е поинаку договорено.

    Оф ако дознаат па тек дека тоа те нервира уште толку за инает ќе го прават. Секакви има. А па овие без осет страшни профили се.

    Значи клучот тогаш дај го на твоја фамилија или луѓе од доверба.
     
    Последна измена од модератор: 17 февруари 2026 во 10:03
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  17. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    Заклучи и остави клуч кај твоите или кај некоја блиска роднина или другарка и решен проблем.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Frida-

    Frida- Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Женски
    Како што има врска, основна култура е да праша прво. Ако има слобода да влага додека не е дома и да зима работи од кујна, утре ќе ја начека како и ја пробува гардеробата. Нема што да се шуња по туѓ простор едноставно, не е пријатно воопшто. За минимум основна култура праиме муабет
     
    На Трагедијаупмм, Panda00, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Unread

    Unread Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    да во право сте, ама очигледно е дека родителите па и золвата сметаат дека тоа е заеднички простор, особено ако иститот е изграден од нивна страна. Сум била во иста ситуација и верувајте дека не најдов решение за проблемот. Спратот они ни го дале и со тоа имаат право да си влегуваат кога сакаат. Ама проблемот не е во нив, во мажот на членката е...
     
    На Трагедијаупмм и JasBee11 им се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    17.279
    Точно. Штета само што мојот долен веш не им се фаќа, иначе имаат право да се послужат.
     
    На Трагедијаупмм, Panda00, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.