Никако не би седела, од која и да е причина, во дом каде што вака ме третираат. Ако нив не им е гајле за мене, мене па ич за нив. Верувај секоја љубов може да згасне. Мене брат ти, не ми е тема туку родителите. Абе не може една снаа, па и златна да е, да е поважна од ќерката. Затоа и се воодушевувам на свекрва ми, нејзините деца и да се најлоши, подобри се од мене и јатрвата. Сега барем имаш опции. Јас би се спакувала би кажала чао и каде очите таму и нозете. Ама пред одење ќе си ја олеснам душата и ќе им кажам на моите се што мислам.
Како би постапиле со золва која што ужива да си ги користи работите на снаата како нејзини, и тоа без прашање. Уште кога бевме во Мк и таа не беше мажена буквално сè што беше мое си го третираше како нејзино. Од огледало за шминкање до велосипед итн. Сега е мажена и живее во друго место но ништо не се смени. Вчера имаа некоја фешта кај мајка и т.е свеки, и му праќа слика на маж ми. Тој случајно ми ја покажува и што да видам, на масата, од даски за сервирање, до моите најубави чинии што си ги користам само за посебни прилики, до чинија за торта, сè од мојата кујна (на спрат кој нема допирна точка со долниот) земено без притоа никој да ме праша. Милион пати е укажувано на тоа дека не сакам да ми се чепкаат работите без прашање ама џабе. Со мајка и немаа срам да го прават тоа додека бевме таму а камоли сега кога нè нема. Еднаш ми се јави да праша како (а не дали смее) да ја уклучи машината за садови . И реков дека вака не можам да и кажам, дека ќе и кажам лично кога ќе сме таму т.е ја откачив за да и текне. И сега изгледа поради тоа за друго мисли дека нема потреба да праша па може слободно да си се послужи. Кога немаше срам со тогашниот и дечко да спие на нашата спална кога ние не бевме дома, веќе и не знам што можам повеќе да очекувам од неа.
Земи се што имаш ако се само ствари ( чинии такви работи) и имаш можност да ги земеш, или смени брава.
Море да сум ја.. За коса ќе ја влечам има дома да и отидам и се да си вадам од кујна и нека гледа ми е гајле! Ебате безосетните. Што е со народов аман или па купи и исти чинии и речи еве зашто се сакаш што е мое еве ти поклон од мене ама така пред народ да ја изрезилиш ... Како ми иде да им залепам една на такви гниди
Клуч ми е ок да имаат недај боже нешто пукне цевка, дефект а овие не се тука. И мојте и свекрва ми имаат клучеви од кај нас, никогаш не се случило да дојдат
А што има врска ако земала нешто за носење или пак чинии... Тоа е мое размислување, не мора да значи дека сум во право. Луѓе толку краток стана животот што за вакви работи не треба да се нервираме. На крајот на мажот му се семејство, зошто толку како непријатели ги доживуваш. Или ако на крајот не можеш да го прифатиш тоа, кажи му на сопругот нека им укаже.
@mKdevojce јас сум чоек шо комуницира директно. Ако им немате искомуницирано дека неќите да ви гибаат, можи да сфаќат дека е "се е заедничко" и "посекако не сте тука и не користите" и барем та да користи. Сум сретнала секакви луѓе. Па и такви без грам осет. Така да, во случајов, прво ќе му кажев на сопругот дека ми смета и ќе очекував прво тој да зборни со неговата фамилија и дека клучот е за итни случаеви, а не како дозвола да користи се шо е ваше. Ако пак продолжат, би го кажала истото и јас. Поќе од ова на дистанца и не е можно да се напрај. Ама барем да знат дека не сте среќни со то како се однесуваат со то шо поседувате. И јас те разбирам. Да ме праша - немам проблем, јас се делам. Да не ме праша некој и да претпостави дека сум океј со то - страшно ме иритира и после имам проблем да делам со тој чоек.
Ќе дадеш клуч тогаш на луѓе од доверба. За туѓи работи ај што не треба да се посакуваат и грабаат, мора да се праша ако не е поинаку договорено. Оф ако дознаат па тек дека тоа те нервира уште толку за инает ќе го прават. Секакви има. А па овие без осет страшни профили се. Значи клучот тогаш дај го на твоја фамилија или луѓе од доверба.
Како што има врска, основна култура е да праша прво. Ако има слобода да влага додека не е дома и да зима работи од кујна, утре ќе ја начека како и ја пробува гардеробата. Нема што да се шуња по туѓ простор едноставно, не е пријатно воопшто. За минимум основна култура праиме муабет
да во право сте, ама очигледно е дека родителите па и золвата сметаат дека тоа е заеднички простор, особено ако иститот е изграден од нивна страна. Сум била во иста ситуација и верувајте дека не најдов решение за проблемот. Спратот они ни го дале и со тоа имаат право да си влегуваат кога сакаат. Ама проблемот не е во нив, во мажот на членката е...