Па не е муабет за итна операција, муабет е за количка за на инстаграм, пошо ете глеам сите деца шо пораснаа во поефтина количка, денес не ги бива. Се искривија грејните од поефтиното. При здрав и прав маж дома, кој патем си ја знае чергата колку му е долга, и не сака да купува поскапо, најбитно е да просиме од другите да ни купат пошо он ни за улошка нема да ни даде. А да беше обратна ситуацијата, снашката да бараше количка од золвата, друг муабет ќе беше, снао стегни си газот и земи работи, купи си ја самата. Епа никој не и е крив на золвата шо се мажела за некој со пократка черга од таа на нејзините дома. Кај и беа очите? Навикната на луксуз, а мажот и неможе тоа да си го дозволи, и ајде сега сите ни се криви за тоа. Е тешко е тоа, од луксуз да дојдеш до тоа некој да ти вика не давам пари за нешто толку скапо. Ќе мора да работи самата сега
Не ја препознав по проблемот,туку по стилот на пишување и темите во кои пишува. Може грешам, секако немам 100% доказ. Но, искрено верувам дека е таа. И затоа мислам дека многу вистина не пишува.
И јас се чудев да ти кажам.. Дали живееме во иста земја не знам хахаххаха. Золва ми кога се породи јас бев трудна и дадовме 100 евра толку можевме и она толку на нас, исто и за сестра ми. Сеа за родендени даваме по 50 евра за секој од нив, за сите исто не ги делиме. Не знам се чудам што ви е со цифриве… Не дека суѓ сиромашна имаме пари ама не планираме ниту за едни ниту за други да се опуштам да купувам од 500 евра и поише поклон а за моите да нема ништо… Приоритетите средете си ги луѓе……. Еве и да не сум била трудна тогаш си имаш други свои трошоци нема да вадиш кредити за твоите трошоци за да ги разгалуваш другите што така им прднало на умот…
Значи не мешајте бани и жаби бебето не е ни родено на Петко капа не треба да му кроиш скраја да е пупу дај боже да си се породи се како што треба и после за повојница ќе однесе поклон. Значи кај и се дава пред време и тоа се многу пари 200 евра не се малку па уште и се буни јас ич не би дала така да ми се понаша ни на една ни на друга ни сестра ни золва
Абе зошто јас не сум видела количка од 40 000 прв пат слушам за тоа таа којзнае за што си ги умислила парите може за неа саматаа да си купи нешто Еве им бидна нешто и на моиве деца 10 000 количка од локо кроко 2in1 па сега и второто си ја користи ништо не и е И една летна од 2500 денари товарана товарана до немај каде па стигна и второто да ја користи така да не значи нешто што е поскапо дека е ппквалитетно. И не значи дека ако ти е сестра може на глава да ти се качува. Да бараше вака снаата од свекрвата ќе ја линчуваа сите ама сеа дека золвата бара никому ништо
Ме интересира сега да видам што сурат е золвата. Ја оправдував за свадбата, ама за количкава останав со подзината уста. А и што да кажам, кога бев во слична ситуација како членката. Подарокот низ нос ми го извадија, госпожата сакала друга боја, грда била бојата на подарокот. Да знаете до кои крајности одат луѓето, не се работи тука за тоа колку блискост има золвата со брат и, туку за хендикепот у главата на золвата. Јас мојава убаво си ја спакував. Ни две ни три, реков само дека на подарен коњ заби не се гледаат, и дека ако сака поубава боја може сама да си финансира. Јас сум подарила тоа што сум мислела дека треба. И ако човек нема срам да ми крева веѓи и да ми прчи уста на подарок, искрено не се мислам ниту јас дали и колку ќе ја повреди мојот одговор. едит: подарокот не беше евтин. Сега кога ќе подразмислам, заслужуваше еден дезодоранс и крем табла чоколадо.