Па не е муабет за итна операција, муабет е за количка за на инстаграм, пошо ете глеам сите деца шо пораснаа во поефтина количка, денес не ги бива. Се искривија грејните од поефтиното. При здрав и прав маж дома, кој патем си ја знае чергата колку му е долга, и не сака да купува поскапо, најбитно е да просиме од другите да ни купат пошо он ни за улошка нема да ни даде. А да беше обратна ситуацијата, снашката да бараше количка од золвата, друг муабет ќе беше, снао стегни си газот и земи работи, купи си ја самата. Епа никој не и е крив на золвата шо се мажела за некој со пократка черга од таа на нејзините дома. Кај и беа очите? Навикната на луксуз, а мажот и неможе тоа да си го дозволи, и ајде сега сите ни се криви за тоа. Е тешко е тоа, од луксуз да дојдеш до тоа некој да ти вика не давам пари за нешто толку скапо. Ќе мора да работи самата сега
Не ја препознав по проблемот,туку по стилот на пишување и темите во кои пишува. Може грешам, секако немам 100% доказ. Но, искрено верувам дека е таа. И затоа мислам дека многу вистина не пишува.
И јас се чудев да ти кажам.. Дали живееме во иста земја не знам хахаххаха. Золва ми кога се породи јас бев трудна и дадовме 100 евра толку можевме и она толку на нас, исто и за сестра ми. Сеа за родендени даваме по 50 евра за секој од нив, за сите исто не ги делиме. Не знам се чудам што ви е со цифриве… Не дека суѓ сиромашна имаме пари ама не планираме ниту за едни ниту за други да се опуштам да купувам од 500 евра и поише поклон а за моите да нема ништо… Приоритетите средете си ги луѓе……. Еве и да не сум била трудна тогаш си имаш други свои трошоци нема да вадиш кредити за твоите трошоци за да ги разгалуваш другите што така им прднало на умот…
Значи не мешајте бани и жаби бебето не е ни родено на Петко капа не треба да му кроиш скраја да е пупу дај боже да си се породи се како што треба и после за повојница ќе однесе поклон. Значи кај и се дава пред време и тоа се многу пари 200 евра не се малку па уште и се буни јас ич не би дала така да ми се понаша ни на една ни на друга ни сестра ни золва
Абе зошто јас не сум видела количка од 40 000 прв пат слушам за тоа таа којзнае за што си ги умислила парите може за неа саматаа да си купи нешто Еве им бидна нешто и на моиве деца 10 000 количка од локо кроко 2in1 па сега и второто си ја користи ништо не и е И една летна од 2500 денари товарана товарана до немај каде па стигна и второто да ја користи така да не значи нешто што е поскапо дека е ппквалитетно. И не значи дека ако ти е сестра може на глава да ти се качува. Да бараше вака снаата од свекрвата ќе ја линчуваа сите ама сеа дека золвата бара никому ништо
Ме интересира сега да видам што сурат е золвата. Ја оправдував за свадбата, ама за количкава останав со подзината уста. А и што да кажам, кога бев во слична ситуација како членката. Подарокот низ нос ми го извадија, госпожата сакала друга боја, грда била бојата на подарокот. Да знаете до кои крајности одат луѓето, не се работи тука за тоа колку блискост има золвата со брат и, туку за хендикепот у главата на золвата. Јас мојава убаво си ја спакував. Ни две ни три, реков само дека на подарен коњ заби не се гледаат, и дека ако сака поубава боја може сама да си финансира. Јас сум подарила тоа што сум мислела дека треба. И ако човек нема срам да ми крева веѓи и да ми прчи уста на подарок, искрено не се мислам ниту јас дали и колку ќе ја повреди мојот одговор. едит: подарокот не беше евтин. Сега кога ќе подразмислам, заслужуваше еден дезодоранс и крем табла чоколадо.
Никој не може резил да те направи. Факт е дека не ја сакаш золвата, дека те иритира, дека дури и да не е толку неподнослива, (а се сложувам дека е, ако е вистина што кажуваш) пак нема да ти е по ќеф. Зошто како, ти си знаеш. Ете можеби те нервира дека го користела брат и. И се е ок, и да немаш, и да имаш, ама да не сакаш да дадеш. Интересно е што се повикуваш само дека е неразумна. Признај си дека не ја сакаш особата, и помалку ќе те нервира. Не се кликнуваме сите луге, па ни во стекнатата фамилија. Ниту е твоја вина, ниту ти си нешто посебно злобна. Стварта е дека нејзините будалаштини, маж ти најлесно му е да ги пресече ако сака. Ти стално ке си 'лошата' за нејзе. Терај си и смешкај се. Не вредат нерви и лутина.
Па види, овие што живеат во заедница, (други случаи зборам), таму свекорите технички кирија им плаќаат ама тоа никогаш не се гледа ко паразитизам, него таков бил животот, условите итн...
Од старите ќиријата и сметките, Од братот количка од 40 000 Од сестрата алиштата Од бабите креветчиња Од други роднини парички.... Итн итн И така се живее во Мк со 400 евра плата а ние па се чудиме како луѓето имале за луксуз. Просење му е мајката.
Тебе нема да ти биде кеиф на твоето дете да му купиш поклон, макар скап? Или ќе речеш ај не проси, купи си со твои пари? Дај боже да имам, не 700 евра, 2700 евра ќе дадам за количка. Башка тоа што вас не ве прашале што сакате, е друго. Мене ме прашаа, едната баба едно купи, другата друго, сестри/браќа трето. Дали можевме се да купиме? Да. Се спремавме да имаме дете, а не самоодржлив предмет.
@Adidas888 Камо ние да живеевме така, изглеа ние сме глупи што не бараме ништо од луѓето и што не живееме во заедница. Барем нема да мислам секој месец за струја/вода.
Да знаеш колку вакви деца прават. Ќе чекаат од мама и тате една тава грав да им ја донесат до стан за ручек, кумот ќе донесе симболичен подарок од 250 евричи за раѓање на дете, ќе ги тормозиме браќата и сестрите да ни купуваат основни ствари за новороденче. Целиот живот денар не закрпиле, се што купиле е за низ газ што велеше баба ми, само да се јаде. Купување скапи телефони, смарт часовници, мек бук, одмори. И после или Македонија е крива, или снаата зашто неќе да им ги удоволи нивните бесконечни желби. И не, не е проблем да помогнат родителите. Проблем е што чекаат туѓ приход да им ги подмири сметките во нивниот дом.
Ако ни е ќејф за НАШЕТО дете, ќе му купиме се шо треба. Нема шо да бараме да ни купува никој ништо. И сме биле многу пати и прашани, и фала бого сме одговориле со свест дека шо сакаат може да купат ама дека и тоа не треба, доволно е да дојдат да го видат. Значи со свест. И немој ти многу да се расфрлаш со муабети за колички од незнам колку 1000 евра кога сите те знаеме дека закрпуваш панталони за да ти траат со децении. Ти знаеш дали мене ме прашале или не. Баба Ванѓа да не си? Шо толку те погоди пресметката? Ве боли вистината?
Мене никој пари не ми даде кога се породив а најпотребни ни неа. И скоро сите дојдоа со “it’s a boy”, плавите мечиња и балони. На никого не замерив ниту сум помислила да замерам, напротив знаев колку се сите среќни и доволно ми беше тоа. За децата на сестра ми кога сум имала пари сум им купува свашта, од скапо до ефтино, не би можела да го очекувам истото од сестра ми бидејќи сме имале различни финансиски давачки во животот.
Да ти кажам право одамна немам закрпено. Но, ако ти е смешно што луѓето шијат, наместо да си купат, тоа кажува за тебе, доста. Од една страна глумиш скромност, ама се смееш на некој што си закрпува нешто. Мене ме заебаваш или кој? Не знаеш колку имам и не треба ни да знаеш. А не ни планирам да ти се докажувам колку ми е долга чергата, затоа што на крајот од денот, ти си само еден форумски лик. Која вистина да ме боли? Што ми менува ти што мислиш. Дали сериозно мислиш дека влијаеш врз мене и ме боли. Да, паткава.
Уопште не ме занима дали крпеш или не, крпај си ти слободно и кој сака, нека го прави тоа, неам ништо против тоа, ама незнам шо се најде толку прозвана во таа пресметка па уште и да ме напаѓаш дека сум немала мерак да купувам за мое дете. За МОЕ дете еј. Добро баба Ванѓо. Немаме потреба ние од туѓо, оти ние можеме и од тие колички да купиме и пак да одиме кај сакаме и да истрошиме колку сакаме, немаме потреба да правиме пресметки некој друг да ни плати сметки и да ни купи од тие колички за нас да ни останат за одмор. Ако некој сака да даде нешто по своја вољја, шо сака нека даде. Јас не живеам за туѓите подароци, па уште и да се дурлам ако не ми ги исполнат музичките желби.
Ако не те занима, нема да го повторуваш. Очигледно те занима. Само на форум, сами луѓето прават свадба, сами си плаќаат факултет, сами си купуваат станови/куќи, сами опремуваат, сами купуваат скапи коли, сами купуваат се за бебе. Има и такви, ама да беа толку чести, немаше да бидеме Македонија, туку Швајцарија. А муабетот што те допре, само сакав да ти доловам дека не си во право. За најблиска фамилија не гледам сума. Само што снаава, золвата не ја смета за фамилија. И тоа е целиот проблем.
Ама добро, ти си едно, таа е друго. Дај си го ти и бубрегот ако сакаш, членката ете кажа до 20 000 може да и дадат. И 20 000 малце ли се? Или мора да биде од 1000 евра?