Ти си една од ретките може и единствена што ги има послушно советите од тука и не се вратила по 100 пати да праша за истото и да се налути кога ќе и се каже дека треба да се тргне од токсичната средина. Секоја чест за храброста, секој треба вака да постапи.
Браво за чекорот. Ти ја посакувам цела среќа. Ретки се тие како тебе, што храбро излагаат на површината, а не да бидат жртва сами на себе. Браво уште еднаш девојко
Многу многу ми е мило за тебе. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и да си го најдеш мирот и среќата Ти си мнооогу храбра, алал да ти е!
Ти успеа да го прекинеш она “ќути си и трпи си” што се провлекува на нашите простори генерации и генерации наназад. Подобра одлука не си можела да направиш
Те памтам и многу ми е мило што си ја донела правилната одлука. Некогаш мораме за наше добро да прекинеме контакт, па макар и да се работи за најблиските. Само напред и среќно понатака.
Браво за чекорот. Со господ напред да си среќна сега и ќе видиш дека мирот не се купува ниту со пари.