Ти си една од ретките може и единствена што ги има послушно советите од тука и не се вратила по 100 пати да праша за истото и да се налути кога ќе и се каже дека треба да се тргне од токсичната средина. Секоја чест за храброста, секој треба вака да постапи.
Браво за чекорот. Ти ја посакувам цела среќа. Ретки се тие како тебе, што храбро излагаат на површината, а не да бидат жртва сами на себе. Браво уште еднаш девојко
Многу многу ми е мило за тебе. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет и да си го најдеш мирот и среќата Ти си мнооогу храбра, алал да ти е!
Ти успеа да го прекинеш она “ќути си и трпи си” што се провлекува на нашите простори генерации и генерации наназад. Подобра одлука не си можела да направиш
Те памтам и многу ми е мило што си ја донела правилната одлука. Некогаш мораме за наше добро да прекинеме контакт, па макар и да се работи за најблиските. Само напред и среќно понатака.
Браво за чекорот. Со господ напред да си среќна сега и ќе видиш дека мирот не се купува ниту со пари.
Да. Пишував наназад по темата, таа е едно дете и нејзините стојат малку подобро финансиски од нас. Стана тема еднаш и за тоа да отидат таму, снаата не сака. Можеби е и во право, таа си ги штити нејзините во секој поглед, моите да се нервираат. И тие се со ставот дека моите имале машки деца, требало да обезбедат услови. Во таа соба кај што седат сега бееше моја. Јас излегов од собата тие се вселија, а јас спиев со помалиот брат во помала соба. Јас не и се лутам на снаата ама ич, брат ми е виновен за се. Татко ми уште малку ќе излезе во пензија, им предложи да им плаќа кирија некаде, не сакаа. Или да се догради нешто и тоа не сакаа. Не сакале да се задолжуваат, а мајка ми што се задолжи за кредит за свадба да му направи на брат ми, тоа нема проблем. И милион други работи и неправдини имаше, затоа и се повлеков, имаше огромно нетрпение дома. Си најдов подобра и поплатена работа, во меѓувреме и двособвен стан под кирија. Некако ми се наредија картите баш како што треба и постепено си ги изнесов работите, не им кажав ништо до последен момент. Си го земав и кучето и се иселив. Моите малку негодуваа, не им е толку криво за мене туку што ќе кажеле комшиите и роднините. Искрено веќе не ми е гајле за никој од нив. Си го најдов сопствениот мир.
Што да кажам а да не е веќе кажано, значи браво, браво за тебе, се радувам најискрено Можеби со тоа што пиша ќе охрабриш и други да го направат чекорот, уште еднаш секоја чест и многу среќичка ти посакувам
Уште прееска кога те прочитав сакав да ти пишам, а сега уште повеќе ме восхити со зрелоста. Многу паметно размислуваш и многу ми е мило за тебе. Искрено се надевав дека ќе се осмелиш да излезеш оттаму и иако не те познавам се гордеам со тебе и мило ми е што има и свесни млади, спремни да преземат вистинска одговорност за себе. Алал! И да не се секираш ич кој што ќе каже, ти ќе си видиш раат, а твоите ќе си алуваат, ама сите од главата си патиме, па и они. Ти посакувам се најдобро и натаму
Знаеш како викаат старите Кога една врата се затвара друга се отвара Ете и кај тебе е така Од сега натаки само напред да,ти оде А од таа куќа само со малото братче одржавај контакт ,земај го викенд кај тебе ке го поболат таму и него
Верувам дека ти е претешко, но мило ми е што пресече и не остана таму, потполно токсична средина беше, посебно откако брат ти крена рака на тебе. Уште ти е свежо и те боли, ќе се увериш дека мирот нема цена. Најдобрата одлука за себе ја донесе
БРАВО! Секоја чест и ти симнувам капа. Животот ќе ти се продолжи, пре краток е за тие нервози! Само убавини ти посакувам и сите врати да ти се отворат во животот.
За две недели доаѓа золва ми од Германија, комплет она, маж, дете, неговите родители. Лани седеа еден месец, сега незнам. Тогаш сите припаѓаат и се постела црвен тепих, како Господ да дошол. Секогаш играв по нивно, кај тие и јас припаѓав, ама доста е веќе. Детево многу го сакам, ама мало е и од сабајле рано до навечер е вриштење по куќа. Доаѓам од работа и сакам мир. Како оваа година колку толку да не си набивам стрес и да се оттргнам, нека ми простат. И да се надоврзам, спратот наш тогаш е нивни, додека сум на работа си идат кај сакаат. Инаку, золва ми е миленичка на домашниве.
А ти не се разведе? Те читав брачни проблеми имаше. Спратот ваш не може нивен да е, ќе си го заклучите, нема пристап да имаат.
Сеуште не. Неможе да се заклучи, стариве долу се, гостите ќе престојуваат на трети кат, ние у средина сме. И на исти влез сме. Купатилото наше се користи, не долу. Очекуваат после работа, одма да седам со нив, да се играм и тоа и го правев, ама веќе смачено ми е. Кога ни доаѓаат блиски гости, коментираат: какво е ова вашето бе, Германци по цел месец ви шетаат по куќа? И, иако детската ни е на трети кат, децава се селат у дневна додека се тука гостите и свекрва ми и на мене ми забранува качување додека не си отидат. Ама како сум инат, како што тие се рашетуваат, така и јас се качувам.
Мислам дека не треба ни да се осеќаш виновна ако оваа година малку повеќе си се ставиш себе на прво место и си поставиш граници, без караници и драми! И верувам дека е многу глупо кога некој ти ја руши динамиката и мирот.. Поготово кога си доаѓаш од работа и едноставно ти треба одмор.
Ау ужас е ова А добро зашо тоа долното не го користат? Па нивни 'гости' се, нели толку многу ги сакаат старите, местото таму им е, до нив. Ова е немање мир у свој дом Чекај забрани, забрани у вашите соби??? Се чудам золвата мажена не е? Шо бара у куќава да останува. Језда има дел, ама да реметиш друга фамилија вака бе.. За ова маж ти е само крив, никој друг.