Среќни ли сте?

Дискусија во 'Психологија' започната од chipo, 7 октомври 2011.

?

Среќни ли сте?

  1. Половично

    154 глас(а)
    15,3%
  2. Сум

    263 глас(а)
    26,1%
  3. Не сум

    161 глас(а)
    16,0%
  4. Можам да бидам и посреќна/ен

    299 глас(а)
    29,7%
  5. Што беше тоа среќа?

    131 глас(а)
    13,0%
  1. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    137
    Па во последно време и не баш , среќата ми трае 5 минути во 365 дена...
     
  2. Adi990312

    Adi990312 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    какво прашањее... те тера да се подзамислиш
     
  3. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Во некои моменти да, во некои не :|
     
  4. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.361
    Вакво прашање сум сретнала на квизот Moмент на вистината и многу луѓе паѓале токму на ова. :tmi:
    Имало и од типот на "Дали сте добар човек?" (и оп сите пари изгубени) :rofl:

    Како и да е,можам да бидам и посреќна. ;)
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Доволно е само една прошетка и ќе се види дека има мноогу луѓе со лажна насмевка кој тврдат дека се среќни и не би сакале никој да им се меша во среќата а самите тие вовлекуваат луѓе во нивните проблеми, само за да си го средат животот како што сакаат. Затоа насмејте се од срце, на убавите работи од животот :) Бидете среќни и кога не сте.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Кога како,среќата не е дефиниција за постојана исполнетост за среќа и убави работи. Животот носи и подеми и падови,наше е да се бориме да сме посреќни ама мора да укусиме и нешто подолу од среќа за жал :)
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.343
    Пол:
    Женски
    Вау ... сега се замислив ... о.о Сепак за одговор ставив „Можам да бидам и посреќна“ зошто јас сметам дека се` е релативно и од секое добро има подобро и од секое лошо има полошо и дека моментално се наоѓам во некоја златна средина.
     
  8. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Можам да бидам и посреќна секако
    но задоволна сум :)
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Да среќна и задоволна :lol: :rofl:
    А ни сама незнам од шо? :?:
    :inlove: :inlove: :inlove:
     
  10. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Неможам да се пожалам. :D
     
  11. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Во цела година значи само 5 мин сум среќна .. :(
     
  12. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Среќна сум.
    Ама не ми е се розево,иако сум среќна.
    Среќата не е поим,кој потсеќа на живот составен од мед и мелко.На розев свет во кој живееш удобен живот без проблеми.
    Сите ние имаме довлно грижи,животот посебно во денешно време не е воопшто лесен.
    Ама тие што побрзо се соочуваат со проблемите и наместо да кукаат почнуваат да бараат решение,ете тие се среќни.
    Зошто среќата е моментално чувство,чувство кое исполнува,кое е последица на некое добро дело,на некој вложен труд,на некоја добра работа..
    Како дете,сум се прашувала,зошто богатите луѓе не се среќни и задоволни?
    Сфаќам,кристално јасно ми е зошто не се срќени.
    Тие забораваат што значи чесност,искреност,човечност,љубов,семејство,пријатели..
    За нив,парите се се и мислам дека решаваат се.Донекаде така е,ама не можат да се купат најдобрите работи кои се бесплатни,ама не се материјални и за жал парите не играат улога тука.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Воопшто не сум среќна!!!
    Овој период е најлошиот период од мојот живот.
    Животарење, станување и легнување со истите мисли, со истите проблеми.
    Ни чекор кон подобро!!!
     
  14. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Вечерва да.. :)
     
  15. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.176
    Среќна сум. Секој ден се заблагодарувам на Бога, на универзумот, на себе си, за сето тоа што го имам. Среќна сум бидејќи се трудам да ги ценам малите работи, бидејќи имам прекрасен сопруг, семејство што ме сака и на кое сум му бескрајно потребна. Убаво е тоа чувство и не би го менувала за ништо!

    Среќна ме прават многу работи, на пример, убаво сончево време (кое овде го има 363 дена во годината буквално!), убава фотографија, вкусна храна, интересна книга, шетање покрај морето тука, животна приказна со среќен крај, мојата прекрасна мачка со нејзините постојани испади .. и уште безброј други ситници кои го сочинуваат животот!

    Мој совет за сите кои што се двоумат што е тоа среќа: не чекајте да ви се случи нешто големо и ептен важно да ја искусите среќата, бидејќи таквите работи не се случуваат секојдневно. Најдете ја во ситниците, извлечете је од таму каде што сте мисле дека никогаш нема да ја има. Лесно е да се каже, но верувајте, доколку гледате позитивно, повеќе добри работи ќе ви се случуваат.
     
  16. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Благодарна сум на Бога за многу работи. Но, порано бев посреќна, се радував на се, на денот нов, на сонцето, на облаците, на ветерот.....се радував на пријателствата кои ги имав, се смеев често. Сега не паметам од кога не сум се насмеала. Како да исчезна радоста. Се чувствувам како во кутија во која нон стоп удирам во ѕидови , а нема излез. Нај страшно ми е што неможам да си помогнам.
     
  17. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Среќна сум на викендите и во деновите кога не правам тестови и писмени. Сепак би можела да се обидам да бидам среќна и останатите денови. Барем да се обидам.
     
  18. bubica13

    bubica13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    среќна сум... дури и пресреќна ... кога би ме виделе во живо би ја виделе и мојата среќа
     
  19. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Па да речеме делумно, ми фалат список на работи што ќе ме направат целосно, но греота е да се жалам дека не сум ич. :nod:
     
  20. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Среќата е релатвна работа. Таа е начин на кои ги гледаме нештата околу нас и самите себеси. Еве еден пример: Во организацијата каде работам решивме лани да собереме пари и да купиме нешто за децата без родители за Нова година. Јас бев многу среќна што ќе ги израдуваме и со огромна сила собрав се што може да се собере од роднините, соседите и секого кого знам, а за мене да побарам нешто би ми било срам и измачување. И отидовме ние неколкумина представници. Едно ромче меѓу другите деца кои ги погалив , тивко ме праша: А ти ќе ме земеш ли? Е, не знаев како да се снајдам , ме погоди во срце, не сакав да го лажам, а ниту да му ја расипувам среќата.Реков дека ќе дојдам пак и ќе збориме ! Си одев накај дома несреќна, само што влегов гласно заплакав и плачев долго.