Spoiler Вакво прашање сум сретнала на квизот Moмент на вистината и многу луѓе паѓале токму на ова. Имало и од типот на "Дали сте добар човек?" (и оп сите пари изгубени) Како и да е,можам да бидам и посреќна.
Доволно е само една прошетка и ќе се види дека има мноогу луѓе со лажна насмевка кој тврдат дека се среќни и не би сакале никој да им се меша во среќата а самите тие вовлекуваат луѓе во нивните проблеми, само за да си го средат животот како што сакаат. Затоа насмејте се од срце, на убавите работи од животот Бидете среќни и кога не сте.
Кога како,среќата не е дефиниција за постојана исполнетост за среќа и убави работи. Животот носи и подеми и падови,наше е да се бориме да сме посреќни ама мора да укусиме и нешто подолу од среќа за жал
Вау ... сега се замислив ... о.о Сепак за одговор ставив „Можам да бидам и посреќна“ зошто јас сметам дека се` е релативно и од секое добро има подобро и од секое лошо има полошо и дека моментално се наоѓам во некоја златна средина.
Среќна сум. Ама не ми е се розево,иако сум среќна. Среќата не е поим,кој потсеќа на живот составен од мед и мелко.На розев свет во кој живееш удобен живот без проблеми. Сите ние имаме довлно грижи,животот посебно во денешно време не е воопшто лесен. Ама тие што побрзо се соочуваат со проблемите и наместо да кукаат почнуваат да бараат решение,ете тие се среќни. Зошто среќата е моментално чувство,чувство кое исполнува,кое е последица на некое добро дело,на некој вложен труд,на некоја добра работа.. Како дете,сум се прашувала,зошто богатите луѓе не се среќни и задоволни? Сфаќам,кристално јасно ми е зошто не се срќени. Тие забораваат што значи чесност,искреност,човечност,љубов,семејство,пријатели.. За нив,парите се се и мислам дека решаваат се.Донекаде така е,ама не можат да се купат најдобрите работи кои се бесплатни,ама не се материјални и за жал парите не играат улога тука.
Воопшто не сум среќна!!! Овој период е најлошиот период од мојот живот. Животарење, станување и легнување со истите мисли, со истите проблеми. Ни чекор кон подобро!!!
Среќна сум. Секој ден се заблагодарувам на Бога, на универзумот, на себе си, за сето тоа што го имам. Среќна сум бидејќи се трудам да ги ценам малите работи, бидејќи имам прекрасен сопруг, семејство што ме сака и на кое сум му бескрајно потребна. Убаво е тоа чувство и не би го менувала за ништо! Среќна ме прават многу работи, на пример, убаво сончево време (кое овде го има 363 дена во годината буквално!), убава фотографија, вкусна храна, интересна книга, шетање покрај морето тука, животна приказна со среќен крај, мојата прекрасна мачка со нејзините постојани испади .. и уште безброј други ситници кои го сочинуваат животот! Мој совет за сите кои што се двоумат што е тоа среќа: не чекајте да ви се случи нешто големо и ептен важно да ја искусите среќата, бидејќи таквите работи не се случуваат секојдневно. Најдете ја во ситниците, извлечете је од таму каде што сте мисле дека никогаш нема да ја има. Лесно е да се каже, но верувајте, доколку гледате позитивно, повеќе добри работи ќе ви се случуваат.
Благодарна сум на Бога за многу работи. Но, порано бев посреќна, се радував на се, на денот нов, на сонцето, на облаците, на ветерот.....се радував на пријателствата кои ги имав, се смеев често. Сега не паметам од кога не сум се насмеала. Како да исчезна радоста. Се чувствувам како во кутија во која нон стоп удирам во ѕидови , а нема излез. Нај страшно ми е што неможам да си помогнам.
Среќна сум на викендите и во деновите кога не правам тестови и писмени. Сепак би можела да се обидам да бидам среќна и останатите денови. Барем да се обидам.
Па да речеме делумно, ми фалат список на работи што ќе ме направат целосно, но греота е да се жалам дека не сум ич.
Среќата е релатвна работа. Таа е начин на кои ги гледаме нештата околу нас и самите себеси. Еве еден пример: Во организацијата каде работам решивме лани да собереме пари и да купиме нешто за децата без родители за Нова година. Јас бев многу среќна што ќе ги израдуваме и со огромна сила собрав се што може да се собере од роднините, соседите и секого кого знам, а за мене да побарам нешто би ми било срам и измачување. И отидовме ние неколкумина представници. Едно ромче меѓу другите деца кои ги погалив , тивко ме праша: А ти ќе ме земеш ли? Е, не знаев како да се снајдам , ме погоди во срце, не сакав да го лажам, а ниту да му ја расипувам среќата.Реков дека ќе дојдам пак и ќе збориме ! Си одев накај дома несреќна, само што влегов гласно заплакав и плачев долго.