Ме интересира кое е дејството на овие капсули ? Имам слушнато пофални зборови за нив хаха сепак сакам да ве прашам вас. Ги ма ли некој пиено овие капсули? А и каде можам да ги купам и колку пари се? Сакам да си купам вакви капсули само прво сакам да го чујам вашето мислење. Иначе ако има ваква тема слободно КАНТА.. Јас пребарував низ темите но не успеав да најдам ваква тема.
Јас ја употрбувам колекцијата на Фитовал шампони за коса, а за капсуливе немам слушнато.Сигурно се добри.
Шишенце од 100 мл е некаде околу 200 денари, а од 200 мл околу 350 до 400. Зависи каде како. Другарка моја го користи и е задоволна, вели дека косата побрзо и расте и дека не и паѓа како порано. Меѓутоа од едно шишенце немала резултати, туку од второто почнала да забележува подобрување. Морам да го земам и јас
Супер се капсулите Фитовал, околу 280 ден. 60 капсули во пакување, секој ден по една или по две, зависи колку ви се потребни. Се забележуваат резултати уште по првата недела - две, косата е поцврста, посјајна и помалку паѓа, и се едни од ретките кои и покрај сите витамини и додатоци на хранливи материи во себе - не здебелуваат, односно не го зголемуваат апетитот. Јас ги препорачувам.
Jас ги купив по препорака на Tрендафиљ исто, се исплатат, 270тина денари беа ако не се лажам, јас имам Eден куп, се заборавам да ги користам периодот, ама од утре, редовно . Oд првото паќетче ми остана скоро пола, и имам скроз ново, таман за 3 месеца топ. по 1 на ден се пие, НИКАКО НА ГЛАДНО СРЦЕ ова морам да ви го напоменам, јас секогаш пијам апчиња на нејадено, навика, лоша знам, ама не сум имала проблем, но, од ова апче, можеби зашто е премногу силно, добив такви нагони на повраќање, ми се лошеше. тоа е чудо. Oд тогаш после јадење ги конзумирам
И јас денес си ги купив па се надевам дека ќе има резултати .Само гледам тука викате сте пиеле по едно на ден а аптекарката ми рече по 2 ај може вака ке има побрзо резултати
Фитовал капсулите ги пијам веќе 4 месеци но за жал не осетив никакви промени. Освен проив опаѓање фитовал капсулите се препорачуваат и за витаминско потхранување на тенка коса како што е мојот случај. Но да не ве разочарувам секој организам е различен и не значи дека го имаат истиот ефект кај секого.Во секој случај потребно е големо трпение, редовна употреба и време секако.