Со здраството тонеме и тонеме народот се разболува а стручен кадар се намалува постарите веќе во пензија идаат а помладиве си праваат пракса е тоа е страшна работа и бараат пари за да спасаат живот нели дале тие заклетва дека ќе помогнат на секого ама не парите се во прашање а овој Заев само си руши и надоградува дава 10928377373незнам колку пари а народот нема за лечење НАЗАД ОДИМЕ за нас НЕМА НАПРЕД јас искрено исплашена сум целава ситуација.
Ја затворија болницава или тоа се дезинформации? А за тоа што и го направија на родилката Господ да ги казни.
Ќе фрлат некое евриче и нема да се затвори болницата. Така функционира системот во македонија. Немало апарат што ќе детектира дека тубусот е на погрешно место??? Ами нас ко ќе ставам инфузија треба апарат да ми свирне дали сум во вена? Свашта.
А што мислите за случајов деновиве што се судеше? Кога поради преку ред влегување на доктор се степаа и најдебелиот крај го извлече детенцето кое го собраа со кола? Мене страшно ме изиритира тоа што случајот од убиство со умисла прејде во тешко кривично од типот закана за безбедност колку да му спасат г.з на ликот па уште брат му среден прст на родителите им покажува надвор од судница. Зарем се гордеат со тоа што го сторија???
Што мислам... дека беше убиство со умисла, и дека мора да се процесуира како убиство со умисла. Намерно ги втерал во ѕид.
ако е од поодамна сигурно сум слушнала ама сум заборавила,не се сеќавам. Жално за детето и за семејството.
Ја имам гледано снимката и никако не можам да се оттргнам од мислењето дека возачот изгуби контрола врз автомобилот, не изгледа како да е со умисла. Така да, мислам дека правилно е што обвинителството изврши преквалификација на делото.
Да продискутираме за случајот на малиот Алмир. Причина - Последица... Причината е толку банална што не е вредна ни да се спомене, а последицата е катастрофална Што мислите Вие? Дали ја оправдувате преквалификацијата на обвинението од ,,обид за убиство,, во ,,несреќен случај со смртни последици,,?
Со оглед на сите работи што се случија последниве 10 месеци и како што гледаме како секојдневно се пуштаат криминалци од затвор, Случајот Монструм, Сопот, Малиот Алмир кој беше убиен и имаше цврсти докази дека е убиство, а и преку 1000 криминалци кои се пуштија од затвор , исто така и убиството на фудбалерот се тоа е дело на оваа криминална багда која е на власт и која не презема ама баш ништо по однос на тоа... Да ги ослободиш убијците кај Смилковско за кои цело време викаа дека имале снимки и ќе докажеле кој се вистинските сторители, тоа беше само добивање на политички поени Заеб ја заеба работава
Правилнa e преквалификацијата, обидот за убиство како квалификација немаше врска и беше премногу, затоа што се работи за несреќен случај. Никој не пробува да го спаси шоферот туку некој си ја разбира работата и ја работи како треба. На таткото на Алмир му се суди ли? Уствари си пресуди самиот себе си. Шоферот само бегал од дивљаци желни за насилство кои го чекале со палици, пред да му го испокршат автото. А колку треба да си болен да водиш дете со тебе во тој цел хаос? Колку треба да си ненормален да се пуштиш во конфликт затоа што некој ти рекол дека има ред во чекална кај лекар?Случајот е несреќен. А сите овие заедно со мајката на Алмир што протестираат на националистичка основа нека идат одговорот да го бараат кај нејзиниот сопруг. Еднакво е виновен за се што се случило, уствари и повеќе. Само што тоа се очигледно некое диво племе од луѓе, а не цивилизирани, таткото на Алмир и бандата негова. Истиот тој насилник пак ке предизвика вакво нешто и ке уништи нечиј живот. А ти @ADOKI веке си досаден се да сведуваш на политичка основа.
ДУИ и Албанците треба малку да смират страсти и да почнат да бројат до 1.000 пред да се нафатат да прават политика од секое едно, да упорно креваат тензии и глумат жртви на секое. Преквалификацијата е нормална кога нема докази дека детето е удрено со умисла. Делото било квалификувано како убиство затоа што во тој момент, морало некако да се води. Немало вештачење до тој момент. Сега веќе, кога има снимки од повеќе агли кои докажуваат не она што по медиуми само се дава па луѓе си ствараат филмови дека намерно и безмилосно човекот удрил во детето... нормално е. Со сила некој треба да го казнуваш најстрого за нешто што не е виновен? Некому демек му е во корист да му се прогледа кроз прсти на човекот? Демек,политички е направено вака? Не. Политички е само протестов. Жално е за детето. Жална е целата трагедија. Ама не може од секоја трагедија да се прави жртва. И убаво кажаа од БЕСА, не оти ги сакам и обожавам да ги цитирам, ама дури и министерот за правда се обиде да изманипулира со јавноста со оставката. Правник си и треба да работиш според докази и закони, не според како ти се осеќаш во врска со нешто. А со правниците од Дуи во обвинителство...нема тоа. Тензии со денови креваат во обвинителство. Ова не е ВМРО вс ДУИ, не е СДСМ вс ДУИ, не е ни СДСМ вс ВМРО. Несреќа е. И нека не се злоупотребува.
Прво треба да се докаже дали навистина шоферот од искршената шофершајбна не видел дека оди директ во луѓе па потоа да се одлучи дали е убиство со умисла или не. Ќе пробам да не коментирам како погоре што кажав бидејќи навистина не знам дали тоа му била намерата или не. А верувам никој од овде не знаеме. Да видиме доказите што ќе кажат. Како и да е имам мислење за тоа како почнало. Квагата започнала зашто влегле преку ред. Ситуацијата на детето не ја знаеме но пред некој ден ко што малиот почна да ми блада да отрча на лекар сигурна сум дека ред немало да гледам колку и тоа нефер да звучи. Таткото го сметам за виновник зашто кога ти е болно детето гледаш детето како е. А не да се распиштолуваш наоколу и да се кољаш. Можело ништо од ова да не се случи ако типот кој испадна убиец преќутел зашто дете му влегло преку ред. Заради тоа Алмир веќе го нема.
Не ми се допаѓа само што целиов случај доби етничка прича. Вчера го слушам Таравари вели како албанците не добивале еднаков третман пред судови бла бла,па протести.. Нека се остави судот да си ја заврши работата,тие се најкомпетентни да пресудат според доказите кои ги поседуваат.
Докази веке има и вештачења направени, кои укажуваат јасно на несреќен случај. Само што кај нас се се сведува на политичка и национална основа е срамота. Сепак уште постојат стручњаци кои работат непристрасно. А тоа што некој го користи сево ова за да собира поени и поттикнува политички и национални тензии...Висар Вишка, ако е толку интелектуалец пред да е гласен како што е, требал да се консултира со правник кој си ја разбира работата да му објасни неколку нешта, ама не он бира да е националист. Многу жално за детето, но има факти пред кои не треба да се мижи. Во што и да се вмешани албанците, мора да национална основа нели, никогаш не се виновни, секогаш е дискриминација и хајка врз нив. Секогаш се жртви. @LiliBoz Сево ова не би се случило кога таткото на Алмир после пререкувањето би си почекал ред и би си отишол дома ко ништо да не се случило. Ама не во нивен стил бираат да собираат браќа и ајдее тепачка, во таква ситуација секако дека некој ке настрада. За жал сега бил Алмир.
Правни термини се во прашање, само вклучените во случајот и некој со познавање на правото ќе може да донесе соодветен заклучок. Не ми личи како да сакал да ги убие со колата, посебно не детето. Туку повеќе ми личи како да бил во жута минута, сакал можеби физички да се пресмета со таткото или да ги заплаши но работата завршила трагично. Многу ми беше чуден таткото со изјавата среќа јас и жената преживеавме - некако без никаква емоција за детето беше сведочењето, а бил учесник во целата караница исходот до некаде е и негова вина. Дефинитивно виновниците треба да си сносат последици, но мене затворот не ми е соодветна установа мислам дека вакви ликови во затворот ќе станат уште поголеми криминалци и насилници.
Не се сложувам. Ако дете влегло пред него човечки е да не се буни. Зар не би пуштила дете пред себе ако му е лошо? Чим он немал совест за болно дете не знам колку има совест што го згазил.. самото тоа дека се бунел доволно кажува. .