Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    А кој е сопственик на Санте уствари?:?:
     
  2. GabyTranceॐ

    GabyTranceॐ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.108
    Пол:
    Женски
    Со здраството тонеме и тонеме народот се разболува а стручен кадар се намалува постарите веќе во пензија идаат а помладиве си праваат пракса е тоа е страшна работа и бараат пари за да спасаат живот нели дале тие заклетва дека ќе помогнат на секого ама не парите се во прашање а овој Заев само си руши и надоградува дава 10928377373незнам колку пари а народот нема за лечење НАЗАД ОДИМЕ за нас НЕМА НАПРЕД јас искрено исплашена сум целава ситуација.
     
    На stevemila и Meckicja им се допаѓа ова.
  3. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Наравоучение од 90% темите тука - Не се пораѓајте во Македонија. Барем Шведска.
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.683
    Допаѓања:
    38.321
    Пол:
    Женски
    Ја затворија болницава или тоа се дезинформации? А за тоа што и го направија на родилката Господ да ги казни.
     
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Ќе фрлат некое евриче и нема да се затвори болницата. Така функционира системот во македонија. Немало апарат што ќе детектира дека тубусот е на погрешно место??? Ами нас ко ќе ставам инфузија треба апарат да ми свирне дали сум во вена? Свашта.
     
    На stevemila и Meckicja им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    А што мислите за случајов деновиве што се судеше? Кога поради преку ред влегување на доктор се степаа и најдебелиот крај го извлече детенцето кое го собраа со кола?
    Мене страшно ме изиритира тоа што случајот од убиство со умисла прејде во тешко кривично од типот закана за безбедност колку да му спасат г.з на ликот па уште брат му среден прст на родителите им покажува надвор од судница.
    Зарем се гордеат со тоа што го сторија???
     
    На deliza, Rama, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Што мислам... дека беше убиство со умисла, и дека мора да се процесуира како убиство со умисла.
    Намерно ги втерал во ѕид.
     
    На deliza, cresa-jagoda и LiliBoz им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    јас ништо за тоа немам слушнато. Што се случи со детенцетодетенцето?
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    почина . удри со кола во него. Има снимка од камера врти на нет. одамна е ова само сега е судењето.
     
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    ако е од поодамна сигурно сум слушнала ама сум заборавила,не се сеќавам. Жално за детето и за семејството.
     
  11. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Ја имам гледано снимката и никако не можам да се оттргнам од мислењето дека возачот изгуби контрола врз автомобилот, не изгледа како да е со умисла. Така да, мислам дека правилно е што обвинителството изврши преквалификација на делото.
     
    На Rama, Yowannty и LiliBoz им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.787
    Допаѓања:
    323.721
    Да продискутираме за случајот на малиот Алмир.

    Причина - Последица...

    Причината е толку банална што не е вредна ни да се спомене, а последицата е катастрофална

    Што мислите Вие?

    Дали ја оправдувате преквалификацијата на обвинението од ,,обид за убиство,, во ,,несреќен случај со смртни последици,,?
     
    На Rama, cresa-jagoda и ADOKI им се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Со оглед на сите работи што се случија последниве 10 месеци и како што гледаме како секојдневно се пуштаат криминалци од затвор, Случајот Монструм, Сопот, Малиот Алмир кој беше убиен и имаше цврсти докази дека е убиство, а и преку 1000 криминалци кои се пуштија од затвор , исто така и убиството на фудбалерот се тоа е дело на оваа криминална багда која е на власт и која не презема ама баш ништо по однос на тоа...
    Да ги ослободиш убијците кај Смилковско за кои цело време викаа дека имале снимки и ќе докажеле кој се вистинските сторители, тоа беше само добивање на политички поени Заеб ја заеба работава :P
     
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    8.565
    Пол:
    Женски
    Правилнa e преквалификацијата, обидот за убиство како квалификација немаше врска и беше премногу, затоа што се работи за несреќен случај. Никој не пробува да го спаси шоферот туку некој си ја разбира работата и ја работи како треба.

    На таткото на Алмир му се суди ли? Уствари си пресуди самиот себе си. Шоферот само бегал од дивљаци желни за насилство кои го чекале со палици, пред да му го испокршат автото. А колку треба да си болен да водиш дете со тебе во тој цел хаос? Колку треба да си ненормален да се пуштиш во конфликт затоа што некој ти рекол дека има ред во чекална кај лекар?Случајот е несреќен. А сите овие заедно со мајката на Алмир што протестираат на националистичка основа нека идат одговорот да го бараат кај нејзиниот сопруг. Еднакво е виновен за се што се случило, уствари и повеќе.

    Само што тоа се очигледно некое диво племе од луѓе, а не цивилизирани, таткото на Алмир и бандата негова. Истиот тој насилник пак ке предизвика вакво нешто и ке уништи нечиј живот.

    А ти @ADOKI веке си досаден се да сведуваш на политичка основа.
     
    Последна измена: 22 март 2018
    На WildMk, Bloom19, dayla и 13 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    ДУИ и Албанците треба малку да смират страсти и да почнат да бројат до 1.000 пред да се нафатат да прават политика од секое едно, да упорно креваат тензии и глумат жртви на секое.
    Преквалификацијата е нормална кога нема докази дека детето е удрено со умисла. Делото било квалификувано како убиство затоа што во тој момент, морало некако да се води. Немало вештачење до тој момент. Сега веќе, кога има снимки од повеќе агли кои докажуваат не она што по медиуми само се дава па луѓе си ствараат филмови дека намерно и безмилосно човекот удрил во детето... нормално е. Со сила некој треба да го казнуваш најстрого за нешто што не е виновен? Некому демек му е во корист да му се прогледа кроз прсти на човекот? Демек,политички е направено вака? Не. Политички е само протестов. Жално е за детето. Жална е целата трагедија. Ама не може од секоја трагедија да се прави жртва. И убаво кажаа од БЕСА, не оти ги сакам и обожавам да ги цитирам, ама дури и министерот за правда се обиде да изманипулира со јавноста со оставката. Правник си и треба да работиш според докази и закони, не според како ти се осеќаш во врска со нешто. А со правниците од Дуи во обвинителство...нема тоа. Тензии со денови креваат во обвинителство. Ова не е ВМРО вс ДУИ, не е СДСМ вс ДУИ, не е ни СДСМ вс ВМРО. Несреќа е. И нека не се злоупотребува.
     
    На WildMk, piglet1, dayla и 14 други им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Прво треба да се докаже дали навистина шоферот од искршената шофершајбна не видел дека оди директ во луѓе па потоа да се одлучи дали е убиство со умисла или не. Ќе пробам да не коментирам како погоре што кажав бидејќи навистина не знам дали тоа му била намерата или не. А верувам никој од овде не знаеме. Да видиме доказите што ќе кажат. Како и да е имам мислење за тоа како почнало. Квагата започнала зашто влегле преку ред. Ситуацијата на детето не ја знаеме но пред некој ден ко што малиот почна да ми блада да отрча на лекар сигурна сум дека ред немало да гледам колку и тоа нефер да звучи. Таткото го сметам за виновник зашто кога ти е болно детето гледаш детето како е. А не да се распиштолуваш наоколу и да се кољаш. Можело ништо од ова да не се случи ако типот кој испадна убиец преќутел зашто дете му влегло преку ред. Заради тоа Алмир веќе го нема.
     
    На Tanjamm, Petar80, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Не ми се допаѓа само што целиов случај доби етничка прича. Вчера го слушам Таравари вели како албанците не добивале еднаков третман пред судови бла бла,па протести.. Нека се остави судот да си ја заврши работата,тие се најкомпетентни да пресудат според доказите кои ги поседуваат.
     
    На Tanjamm, Rama, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    8.565
    Пол:
    Женски
    Докази веке има и вештачења направени, кои укажуваат јасно на несреќен случај.
    Само што кај нас се се сведува на политичка и национална основа е срамота. Сепак уште постојат стручњаци кои работат непристрасно. А тоа што некој го користи сево ова за да собира поени и поттикнува политички и национални тензии...Висар Вишка, ако е толку интелектуалец пред да е гласен како што е, требал да се консултира со правник кој си ја разбира работата да му објасни неколку нешта, ама не он бира да е националист.
    Многу жално за детето, но има факти пред кои не треба да се мижи.
    Во што и да се вмешани албанците, мора да национална основа нели, никогаш не се виновни, секогаш е дискриминација и хајка врз нив. Секогаш се жртви.

    @LiliBoz Сево ова не би се случило кога таткото на Алмир после пререкувањето би си почекал ред и би си отишол дома ко ништо да не се случило. Ама не во нивен стил бираат да собираат браќа и ајдее тепачка, во таква ситуација секако дека некој ке настрада. За жал сега бил Алмир.
     
    На WildMk, sparklie, Tanjamm и 10 други им се допаѓа ова.
  19. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Правни термини се во прашање, само вклучените во случајот и некој со познавање на правото ќе може да донесе соодветен заклучок. Не ми личи како да сакал да ги убие со колата, посебно не детето. Туку повеќе ми личи како да бил во жута минута, сакал можеби физички да се пресмета со таткото или да ги заплаши но работата завршила трагично. Многу ми беше чуден таткото со изјавата среќа јас и жената преживеавме - некако без никаква емоција за детето беше сведочењето, а бил учесник во целата караница исходот до некаде е и негова вина. Дефинитивно виновниците треба да си сносат последици, но мене затворот не ми е соодветна установа мислам дека вакви ликови во затворот ќе станат уште поголеми криминалци и насилници.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Не се сложувам. Ако дете влегло пред него човечки е да не се буни. Зар не би пуштила дете пред себе ако му е лошо? Чим он немал совест за болно дете не знам колку има совест што го згазил.. самото тоа дека се бунел доволно кажува. .
     
    На deliza, Rama, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.