Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    8.786
    Во право си ама баш дека нема добри дијагностичари некогаш треба да чекаме. За жал.
    Кај моето бебе се случи кс да е добра, бактерија да нема а на слушалка да е хаос плуќата, решивме дека е подобро да дадеме атб, и навистина и помогна и спречивме тешко лекување, меѓутоа сметам дека докторката е добар дијагностичар, барем за респираторни болести.

    Нејзината матична пак, примариус е, има огромно искуство, а 3 пати мене ме прашуваше дали да дадеме атб. Затоа не и верувам.
    Јас не сум доктор, мое е да кажам симптоми и нивно времетраење.
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Абе ај... Секако ангибиотик не се дава на своја рака, но ете не можеме да знаеме што точно се случило па можеби и по телефон др и рекла дај го.
    Не ви се случило вам да ви каже др, земи антибиотик ако не се подобрува дај го?
    Како родител треба да го знаеш своето дете како му работи организмот.
    Еве јас точно знам од кое закашлување ќе качи тт.
    За идење на доктор, на 40 тт не сум ја однела сум следела знаци, ама ја иам однесено на 37,5 зошто се пожали на болка во гради. Не смеев да оставам така.
    Нема тука правило што е а што не за на доктор, туку следиме за нас нови или сомнителни симптоми.
    Мајка ми иде на матичен со кс на која црп е плафон и тт што не се спушта, зо оток на лице.
    Недела дена тт и тој и вика не е ова ништо, еве антб за забот и после на вадење.
    Одиме на забар, не е ова ништо, вадат заб. Дава друг ант.
    Оток пак не спаѓа тт исто.
    Матичен никаде го нема.. не можам да го добијам на тел.
    Ваќам пат под нозе и у прва здравствена ординација со се рез и образложувам ситуација.
    АААА ова е за на инфективна одете одма таму.
    Две недели бркав да ме упатат каде да ја носам. И уште една недела следење на инфективна испитувања и нов антибиотик.. и на крај да ја примеме у болница.. 3 недели болница со тт која не спаѓа после нов антибиотик.
    Др и вика си одиме дома, специјализант вика не, има уште за испитување. И ја носи на максило каде што нешто прочепкуват на непцето и одеднаш нема тт и нема оток.
    3 ковид теста
    Ренген
    Испитани абдомен, бубрези, тироида, тумор маркери, куп инфекции што нема на крај памет да ти паднат, а сигурно и уште нешто пропуштам зошто од толкава документација не можам да памтам се.
    После болница
    Кардиолог
    Интернист(повторно тумор маркери и тироида)
    Гинеколог
    Копрокултура.
    Се е уредно без наод.
    Ајде сега кажете ми од што беше тоа.
    Па после сетете се на Јана, на дечкото од Берово што почина од заб, на родилките, на сите останати кои доживеале хорор талкајки по лавиринтите на нашите здравствени установи.
    Да не зборам за дрскоста, на прсти се бројат оние кои се однесувале соодветно.
    И што е најбитно, без врски ништо.
    Ова паташествие траеше од август до јануари...
    Сега е добра ама беше падната на 46кг. Дезориентирана и со слаба меморија.
    Сега е веќе 57 кг.
    Кој ќе ни надокнади за стресот, времето, нервите, здравјето.
    Да да, од шо се даваат антибиотици на своја рака се дешава, од шо не се иде на лекар на време се дешава.
    А тоа што ти викаат нема термини, не можам да закажам за таму, ќе следиме, ќе се чуеме, ништо не е,паничиш, не е за секирање работава итн.. што со тоа?
    И до дијагноза не дојдовме.
    Се води како уринарна инфекција иако изолатот не покажа ништо.
    Кој е крив во ситуацијава? Сигурно мајка ми, зошто ете ја имала таа "среќа" да качи тт.
     
    На Skorpija25, MeowMeow, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Конкретно кај девојчево, најалармантен симптом од претходно е отокот на очни капаци, за кој матичната и дала факинг капки, наводно било инфекција.
    Инфекција на око дава малце поинакви симптоми, а оток на капаци е поради некој посериозен проблем во позадина, со срце, бубрези или алергија.
    И останало на тоа, непроверено.
     
    На Fraxinus, Glowy, BlackNight и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.032
    Пол:
    Женски
    Толку знаат.
    И пак они не се виновни. Никој нема да одговара за ова, сигурно.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.321
    Допаѓања:
    259.553
    Како не може да знае, па лаик знае дека оток околу очи е сигнал за срце, бубрези и алергија.
    Ние знаеме, а не пак друг. Крвна слика требало да се испита и срце. Доволно е. А не она капки. Инфекција или вирус дава други симптоми.
    Ама не, они се не знаат.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.032
    Пол:
    Женски
    Па ако знаела зошто не ги прати да испитаат што е?
     
  7. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    4.237
    Пол:
    Женски
    Антибиотикот и бил препишан за друго. Го чувала во фрижидер 4 месеци, имал рок уште. Мајката оти знае дека секогаш кога има темп. завршува со црвено грло и тој антибиотик секогаш и го препишувале го дала сега.
    Но, има секогаш но. Во оваа ситуација можеби не е така.
    Во секој случај секоја мајка го посакува за детето најдоброто. Никој не ја криви нејзе. Она многу убаво си ја опиша ситуацијата во интервјуто.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, elenaa0805 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Точно баш ова сакав да го искоментирам, оток на очен капак требало да биди итекако црвен аларм за испитување од каде потекнува, има пропуст
     
    На Waverly Raven и Vraloma им се допаѓа ова.
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    38.430
    Пол:
    Женски
    И качувањето тт по неколку дена, од нова година наваму, знак дека има некое жариште во организмот.
    Преплакав кога ги слушав родителите, и искрено јас ни трошка не би можела да бидам онака смирена како што беше мајката, или барем така искажуваше, или беше под дејство на таблети.
    И пак си ги навраќаш мислите кога децата ти биле/се болни. И во нашата болница не бркаат за тт под 38.5 ама секогаш прашуваат дали дете е свежо, да не е дехидрирано, да нема грчеви....
    Од антибиотик се плашам како од змија, нит сум дала без преглед од доктор, нит па чувам дома превентивно.
    За матичните пак немам коментар, секој си го познава својот и може да процени колку вреди. Не може јас да потенцирам што да даде. Направи крвна слика па врз основа на неа ќе видиме што понатаму.
    Жално, прежално.
    Еден детски живот згаснат, и никој и ништо нема да го врати.
    Само ако е лекарска грешка, кај им е свеста, човечноста и мајчинството на тие таму што биле тогаш во тој момент? Како ќе живеат со тој товар, со таа тежина, доколку се прикрие( а голема е веројатноста) сето ова?
     
    На elimkd, mal.ecka, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.182
    Пол:
    Женски
    Скроз погрешно, не навлегувам детално во темава, само ти реплицирам на коментаров. Странство не се дава антибиотик без брис, мокрача и крвна слика. Ни еден доктор нема да препише антибиотик без резултати. Во ординација ( најчесто има и лабор) или во болница при преглед, се земаат прво примероци, па потоа според дијагнозата и терапија. Само во Балкан можеш телефонски да добиеш рецепт за антибиотик и при црвено грло одма да констатираш бактерија. Сум била сведок кај што малава ја прегледале 3 различни доктори, два доктори направија прво брис (едниот странство) и рекоа не антибиотик, а третиот ни секунд преглед одма препиша за сваки случај.
    Можеби Мк немаат луѓето доверба во докторите и сме научени најчесто дома да се даваат дијагнози и терапии, мајките/ бабите се експерти за се ама секоја промена посебно кај дете ( не викам за кашлица) мора да биде прегледана.

    Можеби за едно повраќање не се трча на лекар ама при обилно повраќање, диареја, оток, мора да се реагира. ме буни тоа што матичната рекла не чекајте да отворам, одете одма на болница, значи состојбата на девојчето не била толку добра како што кажуваат, иначе би се чекало 14ч за преглед кај матичен.

    За девојчево само ќе напишам прежалосно и Господ многу сила да им даде на родителите, се надевам дека ќе има правда и ќе се открие што точно се десило, почнувајќи од матичната. Родител сака најдобро за детето и слуша доктор од доверба, според мене пропустот е од самиот почеток.
     
    На eli25, Glowy, Waverly Raven и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Моментално горам од температура, и дур ја читам темава, доктор ми е последно на ум..
     
    На Harper, Just.do.it, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    37.089
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека во странство како тука за секој случај се прават брисеви и крвна слика?
    Тогаш информациите кои ги имам јас се спротивни од тоа што ти го кажуваш? Или зависи за која држава се работи.
    Јас пак ќе повторам, крвна слика може да биде неточна (зависно кога е земена) кај нас па особено со лабораторииве кој никој не ги контролира вистински, сешто е можно. За брисевите па ич да не зборам, имам пишувано претходно, примероци земени во ист ден во различни лаборатории дадоа различни резултати. Така што... џабе ти се и крвни слики и брисеви, ако немаш добар лекар.
     
    На elimkd и Vraloma им се допаѓа ова.
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.488
    Не баш. Да не бев јас лично таму ќе верував.

    Пред два месеци во Германија, внук ми, беше попладне крена температура и се жалеше на болка во грлото, грлото му беше жар вечерта. Сабајлето одма го однесов на доктор без термин без ништо, му кажав симптоми и дека е за дете и не примија одма.
    Докторката само шо го наслуша, провери уши, му го провери грлото, му даде одма антибиотик седум ден утро вечер, па по 7дена на контрола. Без да испита било шо и по два дена грло му се смири.
    Јас се зачудив дека знам тие тешко даваат антибиотик, ама без испитувања даваат еве.
     
    На *Amethyst*, Vraloma и Didajo им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Ќе морам да те демантирам за антибиотикот, кај нас доктор во аптека ни дава со рецепт се разбира. Самоволно нема да ти дадат, законски не е дозволено.

    Ама да, ако отидеш во болница таму ќе прават мокрача е првата основа што ја бараат па после крв. Кај нас е вака, и преку два дена ми зимаа крв.
     
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.169
    Пол:
    Женски
    Ја избегавам темава, потресена од случката и пропустот кој е направен. Само да се надоврзам на твојот коментар.

    Јас сум во Германија, 3 деца имам родено тука. Не познавам доктор кој вади брис и крвна слика за секој случај. Мисловна именка е, освен ако има сериозна индикација. Атб за големата ми е препишан само еднаш за шарлах, потврдено со брис. Брисот беше земен за потврда на дијагнозата, а иначе, по симптоматика и само што и го виде грлото рече дека е стрептокока. Другите две деца, никогаш не пиеле атб.

    Имам инсистирано многу пати на крвна слика и брис и никогаш не било по моја желба. Особено не пред вакцина, како што читам дека прават во Мк. И со целосно право е така. Да знаев повеќе, ќе бев доктор.
     
    На Glowy, elimkd, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    И мене ме чуди делот - еднаш повратила, се беше океј, ама матичната рекла одете на одделение, не ме чекајте ни да отворам ординација за некој саат :?:
    Факт е дека се прават докторски грешки и нема казни зошто сме држава што функционира со врски и на сите ни е страв дека и ова ќе биде така.
    И исто така е факт дека се правиме експерти за работи за кој што не сме и лесно клеветиме некого за убиство ко да е шала.
    Ниту сме биле таму, ниту сме сигурни дека изјавите досега што излегоа во јавност се стварно тоа што се случило.
    Матичната не знаела да препознае дали отокот на окото бил од инфекција, ама ние овде знаеме дека бил од срце или бубрег.
    Или кој антибиотик за што се дава.
    Или антибиотик се давал на црвено грло.
    Каква врска има тој доста раширен мит, и вирус може да направи црвено грло и не е никаков знак дека треба антибиотик.
    Или дали требало антибиотик или не требало без крвна слика.
    Ова со крвниве слики на секое овде кај нас е пракса, имам блиски во различни држави и не прават повеќе од еднаш годишно.
    Дали е за антибиотик се проценува според симптоми, кои за лаик не се препознатливи, ама за доктор се.
    Или вената отекла од инфузијата значи емболија било. (facepalm)
    Потечена вена од игла е само крв истечена подкожно, како кога ќе се удриш и ти се прави модрица, не е емболус.
    Сосема е можно да постои грешка во лекување и за жал можно е и никогаш да не дознаеме, да имавме доверба во институции може немаше да бидеме толку револтирани.
    Исто така сосема е можно лекувањето да било сосема по протокол , ама исходот да е тој што е, иако е се направено како што треба.

    Аптеките даваат антибиотици без рецепт?
    На една аптека имам видено залепен лист на стаклото - не даваме хелекс и антибиотици без рецепта.
    Ако дошло до тоа лист да залепат, претпоставувам дека многумина бараат, па може има и аптеки што даваат.
     
    На eli25, Glowy, elimkd и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    13.777
    Ај крвна слика, но за растечен нос со проѕирен секрет ми викаа брисеви да правам. Алоо, каков лекар си ако не знаеш да процениш за што се работи. Па и брисевите не се секогаш точни.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    26.182
    Пол:
    Женски
    Не знам јас, имам еден дома т.е цела фамилија кој без Алмацин не функцинираат и телефонски и се јавуваат на матичната да им препише, ги земаат рецептите од на врата и му носат ма маж ми во странство алмацин,оти он а го заболи грло пие, а мене коса ми се крева, а тука нема да добие.
    За малава не прифаќам антибиотик се додека не се потврди бактерија, што до сега и покрај воспслени крајници, со температура, не добила Австрија антибиотик. Така да, постојат Мк такви доктори. А десено ни е во Зегин, кај Н.Лисиче, фармацефката да му даде антибиотик оти комшии, со договор као следен пат донеси ни рецепт. За Струга, потврдувам дека има аптека во која лексилиум, антибиотици дава чичкото само ако се појавиш низ врата.
     
    На lovely91 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Сосема се сложувам со тебе. Не е до нас тоа што немаме доверба во здравството, туку до нив е. Затоа се информираме, читаме, слушаме искуства и си ствараме слика. А не треба да е така. Има матични лекари кои ќе ти препишат антибиотик и не те ни советуваат да земеш пробиотик (да не ти било скапо). Мајка ми 4 месеци ја шетаа од одделение во одделение за дијагноза. Сними и испита се што е можно (беше и во приватна болница) и на крајот и помина и не откри што беше. Сестра ми имаше погрешна приска, познаничка погрешен нифти тест (и го згрешија полот на бебето а гарантираат 100%)
    Ова е хаос!!!
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Па не баш. Освен разлика во боја на секретот, сите други симптоми на вирусна настинка или бактерија се слични. Од око не се распознава кој е причинителот за кашлица или затнат нос.

    Мене исто како и вас ова со отокот ми фати око, тука негде ко да прочитав дека не било ограничено само на капаците ама и на други места имала? Зошто не се обратило внимание на тоа? :?: