Некои на темава според мислењава ми звучат застрашувачки ко да ќе ги земат да ги искршат од ќотек со сукала и каиши. Страв ме фаќа, ама тоа е.
И веќе нема да го повторат истото. Ќе бидат свесни за чувствата на родителите. Ќе бидат одговорни за нивниот мобилен телефон, оти како родител првенствено сум и го купила за да биде достапна во секој момент, а не за тик ток молим лепо. Дури и да го испуштиле автобусот можеле да се јават на пример во 18 часот ... Мама ние излеговме од автобусот во Скопје сме сеуште, знаеме дека не е во ред ама сакавме да прошетаме уште малку. Ќе го фатиме последниот автобус и ќе си дојдиме, не грижете се добри сме. Ама не, госпожите шетаа 8 саати со исклучен мобилен. Во друг град. Леле се ежам од помислата. Не сум, ни јас искрено НЕ СУМ за ќотек ко воспитна мерка, ама за ваквко нешто дефинитвно ќотекот им е заслужен.
У нормална држава ево рецимо Италија мора дома секогаш да има некој што ќе ги чува, дали мајка дали татко дали баба или дедо. Кога ќе завршат часовите, некој од домашните мора да го земе детето без разлика дали било 12 13 14 години или 15. Доколку не може родител или старател мора некој друг да го земе но претходно да им биде најавено на наставниците. Еден јуни кога завршуваше школата таму јас бев на гости колешка на мајка ми ме замоли да го земсм нејзиното 14 годишно дете, секако претходно најавено. Отидов и се потпишав и никому ништо. На екскурзија во соседните градови секогаш ама секогаш во групи дали со водич или професор, во чантите мобилни обавезно. Тука премногу им се дозволува на оваа возраст за време на екскурзии. Да, и јас заскитав, ама среќа се снајдов и ја најдов групата по пола час и тоа бев во близина на саемот. Ја дигнаа цела Мкд на нозе па изјавиле немало потреба од грижи Ако сакале да избегат од дома поради дисфункционални семејства, пак ќе се обидат.
На сите екскурзии и во Мк и надвор што сум била и во основно и во средно беше вака. И тоа по повеќе саати бевме сами. За децата што се шесто, седмо по 12-13 години да рано е да ги остават сами, ама за тие што се веќе осмо и деветто не гледам страшна грешка бидејќи тоа е нормална пракса.
Во француските школи гледаат што порано да ги осамостојат. На пријателка детето учи во фр школо во Скопје и кога и беше детето на летна школа во 2ро одделение им беше дозволено сами да прошетаат 40 минути низ Охрид.
Добро во ред, сеедно. Верувам дека не биле толку безгрижни, па тоа е огромна одговорност да носиш толку деца. Некои 2-3 пати се имаат изгубено соученици и тоа во други земји и мислам дека професорките срцев удар ќе добијеа. Едноставно не може да гледаат нон стоп, им дале да се прошетаат и го искористиле моментот. А ти свесна си за чувствата на детето? Не се запрашуваш зошто го направиле ова? Зошто намерно си отишле? Или мислењето кое го имате за вашите деца е дека мора да прават сѐ од бес и од размазеност, нели?
Јас како што се сеќавам, кога сме оделе на екскурзии низ Македонија, секогаш сме имале по саат два да јадеме и да си купиме по некој сувенир. Во Скопје, во Охрид, Струга, и секаде кај што сме биле да не набројувам сега. Е сега уште пред да се тргне од дома, мене ми викаа што ќе каже наставникот тоа ќе биде, зошто ако се пожали нешто, нареден пат заборави дека ќе одиш негде.И толку, тоа беше.Ти даваат пари за екскурзијата за трошење, и дополнителни за секој случај, ставаш во некој џеб за недај Боже, и не помислуваш тие да ги трошиш. Немаше интернет како сега, па ќе се јавуваме дома на секои 5 мин, да знаат кај си, а богами и една минута кошташе многу па пуштавме само порака ако беше итно. На една екскурзија во Дојран , и се слоши на едно девојче, ја однесоа во болница, па на никој не му текна да се помести од место дури ги чекавме наставниците, остана цела група само со еден наставник.Згора на тоа, во мое време наставниците и тоа како смееја да викаат, да зголемат тон и никој родител не се потресуваше околу тоа, напротив ти си крив и имало сигурно зошто ти се развикале. Е па денес се е поинаку, и затоа ситуацијата ни е таква каква што е. Стрес за родителите и стрес за наставниците е ова што се случи вчера. Среќа е што се најдоа здрави и живи, и наместо да им се извинат на сите за стравот што го претрпеле, рекле дека дигнале премногу паника. Мене не ми е веројатно дека се изгубиле. Во толкаво Скопје никого не прашале како да се вратат, и 10 души да ги замолеле да се јават дома , барем еден ќе завртел на родителите.Тие си уживале а овие си ставиле траума за цел живот. Уште еднаш на тие родители ќе им биде страв да ги пуштат некаде, а и на таа наставничка да ги поведе.
Свесна сум. Сум ја пуштила (пошто можам и да не ја пуштам нели) да оди на екскурзија да прошета убаво да си помине. Да се дружи пошто е многу важно за таа возраст. И не не се запрашувам. Нема потреба. Свесно заминале свесно ги исклучиле телефоните и свесно не побарале помош од никој, без да бидат свесни што може да им се случи. Има нешто тука што тебе не ти е јасно? Мене се ми е и не нема да прашам, ќе си го попие без да ми чуе (ко што не и чуеше и неа впрочем) телефон нема на неодредено и не ми текнува друго што може да добие ко казна.
Да ја крени цела Македонија на нозе, да ја нема за жива цели 8 часа и на крај да се крие од полицијата да не ја пронајдат дури родителите и се тресат од страв дали е здрава и жива, и то каков ќотек заслужва дома. Буквално си го бара самата. Не е ова некоја мала грешка од невнимание и непромисленост. Ќе си ги умреа родителите од толкав стрес, вие жалете ги тука, не требало да се тепаат. Од шо се распрдени и се’ живо им е дозволено, на гла ќе ви се качуваат.
И јас би ги казнила. Каква е таа непромисленост?! Не зборуваме за час, два да ги нема, зборуваме за цели 8 саата. Сакале да прошетаат ок, но во друг град кој впрочем не го познаваат и притоа да исклучат мобилен, или ете снемале батерија и толку да не се снајдат да известат некој ми е малку чудно. Не се толку мали да не им проработи свеста дека некој можат од памет да извадат. Па кажале немало потреба да се секираат? Како бе?
Секој родител што пушта дете на екскурзија зборува зборува кажува и не спие додека дете не си дојде.И наставниците (барем повеќето)зборуваат ги вардат оти нема поголем стрес и за нив ученик нешто да му се деси. Но децава се многу сменети :самостојноста а и револтот го искажуваат на погрешен начин кој може да е и многу опасен а нив им изгледа кул. Не треба да се плашат од возрасните ама мора да се научат да почитуваат авторитет. И мора да престанеме гласно вака да ги оправдуваме нивните погрешни постапки бидејќи со тоа се охрабруваат за идни слични работи. Децава генерациски толку брзо се менуваат: од една страна се поинтелегентни генерации ама емоционално и социјално незрели. Храбри до степен на опасност за себе и другите. Се плашам дека во иднина се пострашни случки од овие периодов ќе имаме. Се потешко ќе е да си родител.
Наставниците колку и да се трудат не можат да ги довардат. Мајка ми ,просветен работник во пензија,секогаш беше под стрес кога беше на екскурзија.По цели ноќи кажуваше по ноќница сум шетала по ходници и пак ,пробуваа глупости да прават,со чаршави се обидуваа да слезат од балкон или да се префрлаат од соба во соба.Еднаш и ученик им се ,,изгубил,,во Скопје.Се сеќава како со телефонот во рака се мислела како да и каже на мајка му,ама пред да изусти збор,мајка му со напади кон нејзиниот син и кажала дека сам се вратил со некој другар пред останатите да дојдат,а притоа извинувајќи и се за стресот што и го направил нејзиниот син. Затоа се што можеме е како родители да им укажеме пред да тргнат,да не се делат од група,примерно да се однесуваат,и да се молиме господ да ги чува ,ама да не послушаат треба претходно со години воспитно да делуваме ,а не ден пред поаѓање. Само тогаш нашиот збор и на наставникот ќе има тежина .
Дали гледавте на вести на канал5, млади лица качени на кров, веројатно се качени во Капиштец на кулите, може грешам, но не е битно локација, снимаат видео за ТикТок? Што е со младинава? Мене крвта ми се заледи што гледам каде се напентарени. Жедни за лајкови, за да се чувствуваат прифатено веќе не знаат што прават. Кој поголем кловн ќе направи од себе. Страшно.
Госпоѓиците влегле во автобусот на прозивка, за да бидат божем во автобус и овие да тргнат. Излегле без да ги приметат. Ниту избегале од семејства ниту ништо такво туку се збеснати!! https://sitel.com.mk/devojchinjata-od-strumica-pronajdeni-i-suspendirani-od-idni-ekskurzii
Смислено го направиле ова, за да прошетаат низ Скопје, можеби се договориле со некого да се видат. Во овој случај не е виновен наставникот. Не се загубиле туку свесно се тргнале. Сите знаеме број од родител на памет, ако се загубиле ќе замолиш некого да ти даде мобилен да се јавиш, доколку твојот се исклучил. Заслужуваат казна затоа што им направија стрес на родителите, наставниците, директорот. Сепак одговорност е да носиш деца на екскурзија, за се што ќе се случи одговара наставникот, но не е наставникот виновен за тоа што вашите деца се невоспитани. Цела Македонија на нозе ја кренаа, а тие па уште што ги барале имале пари со такси ќе си оделе.