Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Некои на темава според мислењава ми звучат застрашувачки ко да ќе ги земат да ги искршат од ќотек со сукала и каиши. :worried:

    Страв ме фаќа, ама тоа е.
     
    На dayla, 1209, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    И веќе нема да го повторат истото.
    Ќе бидат свесни за чувствата на родителите. Ќе бидат одговорни за нивниот мобилен телефон, оти како родител првенствено сум и го купила за да биде достапна во секој момент, а не за тик ток молим лепо. Дури и да го испуштиле автобусот можеле да се јават на пример во 18 часот ... Мама ние излеговме од автобусот во Скопје сме сеуште, знаеме дека не е во ред ама сакавме да прошетаме уште малку. Ќе го фатиме последниот автобус и ќе си дојдиме, не грижете се добри сме.
    Ама не, госпожите шетаа 8 саати со исклучен мобилен. Во друг град. Леле се ежам од помислата.

    Не сум, ни јас искрено НЕ СУМ за ќотек ко воспитна мерка, ама за ваквко нешто дефинитвно ќотекот им е заслужен.
     
    Последна измена: 9 мај 2023
    На MartinaMM, Цобра, Mnik и 12 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    У нормална држава ево рецимо Италија мора дома секогаш да има некој што ќе ги чува, дали мајка дали татко дали баба или дедо.
    Кога ќе завршат часовите, некој од домашните мора да го земе детето без разлика дали било 12 13 14 години или 15.
    Доколку не може родител или старател мора некој друг да го земе но претходно да им биде најавено на наставниците.
    Еден јуни кога завршуваше школата таму јас бев на гости колешка на мајка ми ме замоли да го земсм нејзиното 14 годишно дете, секако претходно најавено.
    Отидов и се потпишав и никому ништо.
    На екскурзија во соседните градови секогаш ама секогаш во групи дали со водич или професор, во чантите мобилни обавезно.

    Тука премногу им се дозволува на оваа возраст за време на екскурзии.
    Да, и јас заскитав, ама среќа се снајдов и ја најдов групата по пола час и тоа бев во близина на саемот.

    Ја дигнаа цела Мкд на нозе па изјавиле немало потреба од грижи

    Ако сакале да избегат од дома поради дисфункционални семејства, пак ќе се обидат.
     
    Последна измена: 9 мај 2023
    На MeowMeow, Freckles., cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.140
    Пол:
    Женски
    На сите екскурзии и во Мк и надвор што сум била и во основно и во средно беше вака. И тоа по повеќе саати бевме сами. За децата што се шесто, седмо по 12-13 години да рано е да ги остават сами, ама за тие што се веќе осмо и деветто не гледам страшна грешка бидејќи тоа е нормална пракса.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    :D
    Никаде не кажав дека е страшна грешка туку дека е пропуст. Има разлика!
     
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Во француските школи гледаат што порано да ги осамостојат. На пријателка детето учи во фр школо во Скопје и кога и беше детето на летна школа во 2ро одделение им беше дозволено сами да прошетаат 40 минути низ Охрид.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.140
    Пол:
    Женски
    Добро во ред, сеедно.
    Верувам дека не биле толку безгрижни, па тоа е огромна одговорност да носиш толку деца. Некои 2-3 пати се имаат изгубено соученици и тоа во други земји и мислам дека професорките срцев удар ќе добијеа. Едноставно не може да гледаат нон стоп, им дале да се прошетаат и го искористиле моментот.

    А ти свесна си за чувствата на детето?
    Не се запрашуваш зошто го направиле ова? Зошто намерно си отишле? Или мислењето кое го имате за вашите деца е дека мора да прават сѐ од бес и од размазеност, нели?
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Па и тоа го кажав дека кога носат деца одговорноста е нивна и голема особено ако се малолетни.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.295
    Допаѓања:
    259.299
    Нека трепка, преубаво објаснато. Јас пишав и избришав оти бев повулгарна. Маре објаснила најубаво.
     
    На MeowMeow, mssuniquee, Гладиоли и 7 други им се допаѓа ова.
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Јас како што се сеќавам, кога сме оделе на екскурзии низ Македонија, секогаш сме имале по саат два да јадеме и да си купиме по некој сувенир. Во Скопје, во Охрид, Струга, и секаде кај што сме биле да не набројувам сега.

    Е сега уште пред да се тргне од дома, мене ми викаа што ќе каже наставникот тоа ќе биде, зошто ако се пожали нешто, нареден пат заборави дека ќе одиш негде.И толку, тоа беше.Ти даваат пари за екскурзијата за трошење, и дополнителни за секој случај, ставаш во некој џеб за недај Боже, и не помислуваш тие да ги трошиш. Немаше интернет како сега, па ќе се јавуваме дома на секои 5 мин, да знаат кај си, а богами и една минута кошташе многу па пуштавме само порака ако беше итно.:|
    На една екскурзија во Дојран , и се слоши на едно девојче, ја однесоа во болница, па на никој не му текна да се помести од место дури ги чекавме наставниците, остана цела група само со еден наставник.Згора на тоа, во мое време наставниците и тоа како смееја да викаат, да зголемат тон и никој родител не се потресуваше околу тоа, напротив ти си крив и имало сигурно зошто ти се развикале.:?:
    Е па денес се е поинаку, и затоа ситуацијата ни е таква каква што е.
    Стрес за родителите и стрес за наставниците е ова што се случи вчера. Среќа е што се најдоа здрави и живи, и наместо да им се извинат на сите за стравот што го претрпеле, рекле дека дигнале премногу паника.
    Мене не ми е веројатно дека се изгубиле. Во толкаво Скопје никого не прашале како да се вратат, и 10 души да ги замолеле да се јават дома , барем еден ќе завртел на родителите.Тие си уживале а овие си ставиле траума за цел живот.
    Уште еднаш на тие родители ќе им биде страв да ги пуштат некаде, а и на таа наставничка да ги поведе.
     
    На Гладиоли, FridaodaMk, Meddy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    Свесна сум. Сум ја пуштила (пошто можам и да не ја пуштам нели) да оди на екскурзија да прошета убаво да си помине. Да се дружи пошто е многу важно за таа возраст.
    И не не се запрашувам. Нема потреба.
    Свесно заминале свесно ги исклучиле телефоните и свесно не побарале помош од никој, без да бидат свесни што може да им се случи.
    Има нешто тука што тебе не ти е јасно? Мене се ми е и не нема да прашам, ќе си го попие без да ми чуе (ко што не и чуеше и неа впрочем) телефон нема на неодредено и не ми текнува друго што може да добие ко казна.
     
    На Mnik, see.emily.play, Oneo и 10 други им се допаѓа ова.
  12. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Да ја крени цела Македонија на нозе, да ја нема за жива цели 8 часа и на крај да се крие од полицијата да не ја пронајдат дури родителите и се тресат од страв дали е здрава и жива, и то каков ќотек заслужва дома. Буквално си го бара самата.
    Не е ова некоја мала грешка од невнимание и непромисленост.
    Ќе си ги умреа родителите од толкав стрес, вие жалете ги тука, не требало да се тепаат.
    Од шо се распрдени и се’ живо им е дозволено, на гла ќе ви се качуваат.
     
    На Гладиоли, mssuniquee, doubleinfinity и 12 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly6223

    butterfly6223 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    1.256
    И јас би ги казнила. Каква е таа непромисленост?! Не зборуваме за час, два да ги нема, зборуваме за цели 8 саата. Сакале да прошетаат ок, но во друг град кој впрочем не го познаваат и притоа да исклучат мобилен, или ете снемале батерија и толку да не се снајдат да известат некој ми е малку чудно. Не се толку мали да не им проработи свеста дека некој можат од памет да извадат. Па кажале немало потреба да се секираат? Како бе?
     
    На elimkd, st-el, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.299
    Допаѓања:
    278.190
    Пол:
    Женски
    Секој родител што пушта дете на екскурзија зборува зборува кажува и не спие додека дете не си дојде.И наставниците (барем повеќето)зборуваат ги вардат оти нема поголем стрес и за нив ученик нешто да му се деси.
    Но децава се многу сменети :самостојноста а и револтот го искажуваат на погрешен начин кој може да е и многу опасен а нив им изгледа кул.
    Не треба да се плашат од возрасните ама мора да се научат да почитуваат авторитет.
    И мора да престанеме гласно вака да ги оправдуваме нивните погрешни постапки бидејќи со тоа се охрабруваат за идни слични работи.
    Децава генерациски толку брзо се менуваат: од една страна се поинтелегентни генерации ама емоционално и социјално незрели. Храбри до степен на опасност за себе и другите.
    Се плашам дека во иднина се пострашни случки од овие периодов ќе имаме.
    Се потешко ќе е да си родител.
     
    На MeowMeow, Maca Macka, Гладиоли и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Наставниците колку и да се трудат не можат да ги довардат.
    Мајка ми ,просветен работник во пензија,секогаш беше под стрес кога беше на екскурзија.По цели ноќи кажуваше по ноќница сум шетала по ходници и пак ,пробуваа глупости да прават,со чаршави се обидуваа да слезат од балкон или да се префрлаат од соба во соба.Еднаш и ученик им се ,,изгубил,,во Скопје.Се сеќава како со телефонот во рака се мислела како да и каже на мајка му,ама пред да изусти збор,мајка му со напади кон нејзиниот син и кажала дека сам се вратил со некој другар пред останатите да дојдат,а притоа извинувајќи и се за стресот што и го направил нејзиниот син.
    Затоа се што можеме е како родители да им укажеме пред да тргнат,да не се делат од група,примерно да се однесуваат,и да се молиме господ да ги чува ,ама да не послушаат треба претходно со години воспитно да делуваме ,а не ден пред поаѓање.
    Само тогаш нашиот збор и на наставникот ќе има тежина .
     
    На lale22, Гладиоли, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    9.544
    Screenshot_20230509-195630_Twitter.jpg
     
    На Polyincognito и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Дали гледавте на вести на канал5, млади лица качени на кров, веројатно се качени во Капиштец на кулите, може грешам, но не е битно локација, снимаат видео за ТикТок?
    Што е со младинава?
    Мене крвта ми се заледи што гледам каде се напентарени.
    Жедни за лајкови, за да се чувствуваат прифатено веќе не знаат што прават. Кој поголем кловн ќе направи од себе.
    Страшно.
     
    На MeowMeow, Гладиоли, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Да во Капиштец на кулите :x
    Сето тоа е резултат на негрижата на родителите...
     
    На Meddy и Alexandrite им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    124.616
    Пол:
    Женски
    Госпоѓиците влегле во автобусот на прозивка, за да бидат божем во автобус и овие да тргнат. Излегле без да ги приметат. Ниту избегале од семејства ниту ништо такво туку се збеснати!!
    https://sitel.com.mk/devojchinjata-od-strumica-pronajdeni-i-suspendirani-od-idni-ekskurzii
     
    Последна измена: 9 мај 2023
    На Bratot, cresa-jagoda, Cupcakee31 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Смислено го направиле ова, за да прошетаат низ Скопје, можеби се договориле со некого да се видат. Во овој случај не е виновен наставникот. Не се загубиле туку свесно се тргнале. Сите знаеме број од родител на памет, ако се загубиле ќе замолиш некого да ти даде мобилен да се јавиш, доколку твојот се исклучил. Заслужуваат казна затоа што им направија стрес на родителите, наставниците, директорот. Сепак одговорност е да носиш деца на екскурзија, за се што ќе се случи одговара наставникот, но не е наставникот виновен за тоа што вашите деца се невоспитани. Цела Македонија на нозе ја кренаа, а тие па уште што ги барале имале пари со такси ќе си оделе.
     
    На dea.18, cresa-jagoda, Dilajla123 и 5 други им се допаѓа ова.