Да, провлемот е до родителите. Ама дали сега треба другите деца да си седат мирно на час и да се плашат да не настрада некое од нив само зашто детето не е криво? Еве како да постапат другите деца и родители, многу ме интересира? Ако има детето проблем, само стручни лица ќе му помогнат, а не "поддршка и разбирање" од другите деца и родители. Поддршката и разбирањето можеш да ги пружиш кога нема ти да настрадаш.
Па секако дека мора да работат стручни лица. Затоа е и притисокот и треба да има притисок. Добро, чиво е детето? Како може да не се знае?
Колку пати треба да кажеме дека и други деца растат во лоши средини и услови, но не прават вакви работи? Дури и од тие што кршат инвентар, има такви кои не допираат и не тепаат луѓе. Не смее да се оправдува. Оправдувањето ќе им помогне на неговите ова да го пикнат под тепих, а утре нивното мило психопатче да предизвика некој да заврши со фатален исход. Се подразбира дека вина имаат и неговите родители. Но, тој е посебна личност и насилник кој ја загрозува безбедноста на другите и поради кој деца (особено девојчето кое го соблекол) заработија доживотна траума за која им треба терапија! И за дегенерик и за полош назив е!
Тешко дека ова дете некогаш ќе се вклопи во системот. Нема ни соработка со родителите. Мислам дека ни психолози ни педагози ни дефектолози нема да можат да помогнат. А поправните домови не се за вакви случаи? Жал ми е за децата, ни криви ни должни што минуваат. А дека има таму нормална настава тешко.
Многу сте ко пристрасни некои од вас, превише отколку што треба. Се прашувам дали ако ваше дете учеше со ваков насилник волку големо разбирање би имале и зошто не? Детето не треба во училиште да иде и да ги тероризира сите околу него, детето треба соодветно да се третира и да се лекува. Нормално дете ова не го прави. Уште поненормални се неговите родители, а уште поненормални оние кои "процениле" дека се е во ред со него.. Али, со оглед на тоа кај живееме, ништо не ме чуди. Ради едно пореметено детиште кое се иживува со сите, цело одделение вака да се распадне, па и наставниот кадар да е тероризиран, е тоа само кај нас го може. Сите се за лечење, и родителите и он. Ама чим тој копукот татко бил очигледно влијателен, изгледа уште долго ќе си игра со сите психопатчево.
Така де. Се додека нас не не допира, ќе емпатизираме со насилници. Вашето дете да е дел од тероризираната група, не знам дали толку широкоградост ќе покажувавте. Имав таков пример од основно. Силуваа деца. Таткото влијателен. Ќе чекаме нешто пострашно да се случи? Кога нема соработка од родителите, не треба да има место ни во училишната клупа. Образованието е задолжително, но само за деца кои одат на училиште за да се стекнат. Деца со психопатски елементи и дегенерици од родители нека си се учат по дома или надвор. Подалеку од нормална раја која не заслужува да биде трауматизирана.
Како сте сигурни толку дека детето е пореметено, као, родено со фалинка? А не дека растело цел живот у лоша средина, не знае за подобро? Само зошто се кажува очигледното дека нешто не штима со неговото воспитување, не значи дека се ОПРАВДУВА и дека ако го доживееш на своја кожа дека нема да ти дојде природен нагон да му се одмаздиш. Никој нејќе да го доживува срањето, али потребни се повеќе информации што се случува за да се заклучи дека 10 годишно е психопат.
Некако не ми се верува дека е ова дете од влијателни родители, бидејќи немаше толкава хајка да има. Овде се најкриви родителите секако, но веднаш до нив стручните служби и учителите во училиштата. Основното училиште е задолжително, доаѓаат деца од најразлични родители и не можат сите да бидат како војничиња, послушни, средени, вредни. Кога постои проблем, треба да се реши, а не да се организира бојкот и да се манипулира со стравот на родителите. Подоцна тие исти родители добиваат право да господарат со неспособните учители, па во круг. Срамота....наместо притисок врз родителите на детето и учителите , детето се етикетира, а тоа е само нивни производ. И не, не е ова Коста , тој бил пример за фино и послушно дете.
Па не викаме не, ете родителите не се во ред, да биле, немало до овде да дојде, нели. Туку треба да се одвои од училишната средина, не е за таму, бар не се додека не се третира како што треба. Во училиште никој не работи со него ете гледаме, сите му се плашат. Ни мене не ми се верува како може така едно дете сите да ги малтретира, и возрасни и деца, никој со прст да не мрда.. Неверојатно.
Меѓутоа, како е тоа проблем на оние коишто треба да трпат да учат во таква средина? Во секој случај тука возрасните потфрлаат. И не е битно во случајов дали е родено пореметено или живее во ненормална средина. Битно е само за него. Но, не и за останатите деца. Кога родителите потфрлаат, а социјалните служби спијат, според мене ја поздравувам постапката на бојкотирање на настава. Едно е да си проблематично дете, друго е да соблекуваш девојче и да бришеш под со мочки со туѓи алишта. Тоа е се, само нормално дете не. Се тепале, се навредувале по школи, што е донекаде типично за тој распон на возраст. Другото е скроз искривување на нормално однесување.
Проблемот постоел од 1 одд и од градинка. Од прво одд се пишувале петиции, записници, се викале инспекторати и ништо. Ќе направеле записник, и ништо. 10 деца се отпишале од клас, 2 наставничка барале премештај, една дала отказ....службата на школото наводно се обидувала да реши нешто, ама џабе.....уште лани се чудевме како може да е толку заштитен и никој, ништо да не му може....Ако е точно ова дека таткото е во ДБК тогаш тоа има влијание. Во прво одд кога бил само тоа одд бојкотирале и не иделе у школо 2-3 дена и на крај пак ништо...Родителите најголема вина имаат што дозволуваат ова да се случува, да малтретира други, службите исто толкава вина што не инсистирале на помош уште пред 3 години.
Епа штом се знае дека возрасните се криви, од родители, до служби, до школо, логично е одговорот да се бара у нив, пошо друго чаре нема. Ако родителите нејќат да превземат ништо, тогаш службите треба, тоа сите го знаеме. Ама од некоја причина, не превземаат ништо, дали неспособност е во прашање, дали некој ја штити фамилијата, треба да се дознае. Пошо ако е некој ги штити, што ќе смени еден бојкот у едно школо? Ќе го запишат во друго, може таму нема да бојкотираат. Детето треба да се одземе и да се работи со него, да се лечи и ако може да се смени нешто, да се смени дур не е доцна. Од муабетиве до сеа, родителите мува не ги лази, веројатноста е голема дека и гледа сешто по дома, па ова е отсликување. Мислам, од прво одделение да е проблемот и место да го носат кај што треба да го опраат, они се закануваат на луѓе.
Каде е учителката додека ова се случува? Да имаш вакво дете и да не ти е пред очи нон стоп е опасно. Тешко е разбирам , но тоа е прашање кое треба институционално да се реши, а не ќе си дадеш отказ, ќе го препратиш на друга адреса или ќе си организираш бојкот. Изгубени се две години во надмудрување меѓу возрасните, важно детето е обележано.
Учителката е во училница, детето соблекувало друго дете во тоалет. Треба да му биде личен бебиситер на него и само за него да работи. Престанете со амнестирање на дете што свесно повредува други деца, родителите што баш ги заболе и служби што не реагират за да не изгубат работни места. Учителки и деца во исто одд се најголеми жртви.
Да, мора така додека не реагираат стручните служби, бидејќи сите се сложуваме дека најодговорните ( родителите ) не им е гајле.
Детето е престапник, тоа веќе е очигледно, но вистинските престапници се родителите и институциите кои ништо не презеле за да се прекине тоа однесување. Значи детето има проблем, мислам дека и самото тоа не е, а и не можи да биди, потполно свесно за своите постапки на таа возраст. Речиси сите овие манифестации и испади на агресија се резултат на конфликти и фрустрации кај детето. Впрочем, најлесно е да се впери прст во него, да се означи како социо/психопат и да се елиминира од образовниот процес. Во оваа ситуација незадоволството на народот треба да биде вперено, повторно кон институциите, кои не смееле да дозволат да дојде до момент каде нечие дете ќе биде жртва на еден насилник. Очигледно е дека не постои ефикасен механизам за утвдрување и решавање на вакви ситуации и постои голема веројатност вакви циркузи да гледаме и во иднина, благодарение на некадарноста на надлежните институции.
Проблемот го гледам и во детето и родителите, институциите. Значи во сите. Јас мое дете не би сакала да биде во близина на вакво. А ти?
Ако родителот не потпише согласност службите во училиште несмеат да работат со него. Ако го викнат детето кај педагог и сл во тој случај мора да известат родител а тој повторно мора да даде согласност за да се работи со него. А колку што кажуваат во случајов родителите не ни прифаќаат дека имаат проблем со детето. Имам сличен пример но родителот после неколку инциденти на кои побурно се реагираше даде согласност. И тој прво постапуваше во стилот "знаете ли кој сум јас". Но за дете никого не го интересира кој е другиот, спремен е и правдата да ја земе во свои раце. Во најголем дел и наставничките ги штитат ваквите деца и не ги пријавуваат инцидентите се додека не ескалира. Службите и училиштата дефинитивно не работат и го имаат пробиено дното. А онде само знаат да се бунат за плати. Оваа година изгубив секаква почит спрема наставниот кадар бидејќи реткост е квалитетен и правичен наставник. Ама тоа е кога се продаваат за едно работно место така и ќе живеат во страв да не го изгубат.